Македонија поплавена

  • Креатор на темата Креатор на темата STEALTH
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Кај рамничарска земјоделска површина, задолжително е постоење на канали за прифаќање на поројните дождови.
Вакви канали имало од секогаш и за нивно одржување се грижеле порано беговите и агите, а сега тоа е задача на општинските лешинари.
Ама општинските лешинари си најдоа по исплатлива работа и сега си наплатуваат зонско , ставаат лисици, креваат возила со пајак и тн.
 
Денес сите што ги видов во Штип сликаа, снимаа околу Брегалница и во центарот таа реката незнам како се вика хахах поплави богами... многу вода !
 
Нели Вардар пловен ке го праиме.. таман да ја собереме водава за каналот :)

Дај посторајте некое видео од Вардар во Гевгелија да видиме колкав е.
 
:pos::pos::pos:
479828_522793174426530_2144466644_n.jpg
:pos::pos:
Кој град е ова?
Едит: Сеа видов на наредната страна. :)
 
Ахах ахах хаха хаха хаха хаа хаааа
Штипјани, кој е типот со скутерот на вода??
 
Луѓе што се случува со поплавите читам и не ми се верува.
Не сум во Македонија да знам колку дожд има паднато но од што гледам по временски прогнози и не е толку страшно. По моја претпоставка очигледно е дека причина за поплавите е многу повеќе човечкиот фактор (инфраструктурата и заштитата од поплави) отколку времето.
Знам конкретно за селото од кај што доаѓам дека и при најмал дожд дворовите се полнат со вода а по улиците пливаат. Овој проблем е најмногу настанат затоа што не се чистат каналите а и поголем дел од каналите кои некогаш биле многу добро смислени и функционирале беспрекорно , денес се затворени и употребени како проширување на дворно место или нива, дури има случаи каде што дел од земјоделски пат е узурпиран и се користи како обработлива површина.
Случајно живеам во земја каде што многу често паѓа дожд и досега не сум видел поголема количина насобрана вода.
Со оглед дека ова не ни се случува првпат треба да се размисли во иднина како ќе се управува со водените ресурси. Недозволиво е летото да немаме вода за пиење а на пролет и на есен да сме поплавени.

Respekt za postov, osobeno za boldiranoto
--- надополнето: 26 февруари 2013 во 17:39 ---
Има ли нешто на светов со кое знаат нашиве неспособни да се справат?

Predizborni kampanji
 
Многу ми е жал за луѓево со поплавени куќи, колку штета им има таму направено водата камоли па на земјоделските површини каде што имаат вложено многу пари и труд.
 
Многу ми е жал за луѓево со поплавени куќи, колку штета им има таму направено водата камоли па на земјоделските површини каде што имаат вложено многу пари и труд.
Од земјоделие оваа година ништо не бива, ќе се презасити земјата со вода, ништо не може да се зафати. Не само тоа, луѓе шо си чувале живина, им ги однела вода, евакуирале добиток со тракторски приколки, ужас.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom