Археолошкиот локалитет Бонче

Член од
18 јуни 2012
Мислења
477
Поени од реакции
612
Локација
Скопје
Не сретнав ваква тема на форумов, а мислам дека ова мало македонско село заслужува посебна тема.

Јужно од селото Бонче, откриени се гробови во кои се пронајдени монети од времето на Александар Македонскии други македонски владетели, како и римски бронзени монети.
Откриена е заѕидана засведена гробница со монументални димензии. Гробниот дромоси коморасе опкружени со периметрално оформена заштитна ограда - вид подиум, конструирана со масивни правоаголни камени блокови. Манирот на оформувањето на камените блокови од коридорот е идентичен со блоковите од кралскиот дворец.
Гробницата се наоѓа на неколку стотици метри од дупката во која, 2006 година биле откриени деловите од македонските штитови.
Проширувајќи го просторот на истражувањата околу кралскиот дворец, археолозите откриле керамички фрагменти што датираат токму од времето на најголемата моќ на пелагониското кралство. Пронајдени се делови од висококвалитетни кантароси од црн фирнис, раноантичка луцерна (керамичка ламба) датирана во средината на 4 век пред новата ера и делови од други предмети.
Според археологот Виктор Лилчиќ, средиштето на античките Пелагонци се наоѓа на планинскиот врв Висока, на Селечка Планина. Во повеќегодишните истражувања тој лоцирал комплекс археолошки локалитети: кралскиот дворец и горниот град се наоѓаат на врвот Висока, додека долниот град со култниот простор и некрополата се наоѓаат во западното подножје на Висока.
Археолошки истражувања кај Старо Бонче со нови откритија
Археолозите од Институтот за историја на уметноста и археологија од Скопје и од прилепскиот „Завод и музеј” веќе еден месец истражуваат на археолошкиот локалитет „Павла Чука” кај прилепско Старо Бонче. Најновите истражувања носат нови факти, пред се за кралската гробница, досега истражувана неколку пати од 1936 година, но и ограбувана.

Според доцент доктор Антонио Јакимовски од Инстутот за историја на уметноста и археологија од Скопје, тоа е уникатна гробница во светски рамки.

- Уникатноста на гробницата е поради кружниот ѕид и таква не се среќава не само на Балканот туку и во светот. Во неа бил погребан, а потоа и кремиран, со сите почести и материјални добра моќен македонски крал од 3 и 4 век пред нашата ера. Околу гробницата се најдени неколку гробови зашто тоа станало свето место. За жал, материјалните добра се однесени во ограбувањата низ вековите, вели Јакимовски.

Професор д-р Викотр Лилчиќ вели дека тоа е локалитет од врвно значење. Тука бил антички македонски град и според наодите упатува дека е таинствениот главен град на античките македонци-пелагонци.

- Единственото место каде можел да се наоѓа тој град, според сите сознанија, е најверојатно овде кај Старо Бонче. Бил на нивоа. Горе на преку 1.400 метри е месноста Висока. Тоа било стратегиско место со контрола на Пелагонија, а долниот дел кај гробницата живеалиштата на населението. Сигурно бил со преку 20.000 жители, вели професор Лилчиќ.

Археолозите прв пат претставуваат наоди: копје – пепознатливоста на македонската фаланга, сребрен и бронзен накит и чинија, ва која се верувало се душите на покојниците. Одавде се трите штитови, најдени пред 6 години, што се конзервираат во Охрид и монетите со Александар, Филип, Касандар Деметриј.

Според професор доктор Виктор Лилчиќ, Македонија е големо археолошко наоѓалиште со најмалку 50.000 локалитети, но само 10 проценти се истражувани. Тоа го утврдиле и британските археолози.

За подедално, погледнете овде.

Еве и песна за Бонче http://www.youtube.com/watch?feature=player_detailpage&v=qrr-H3ENnys

~ Иначе јас по баба сум по потекло од Бонче, има ли и други што потекнуваат од тој крај? :)
 
35480702.jpg
35480696.jpg
35480683.jpg
35480663.jpg



бев баш овде на овај локалитет одма до бонче е.. се оди пешки..
ископините се под планината ...значи долу не на врвот на Селечка....
проблемот е што ова така си стои празно... така оставено на јазот на времето..Грујо во меѓувреме прави статуи во Скопје на Александар и Филип, а на овој локалитет кој уствари претставува античка кралска гробница (ВИСТИНСКИ античка) можно е да се вистинските гробници на Аце и Филип, ако не нивни сигурно некој важен крал почива овде.... позз Michael Myers и јас потекнувам од Мариовскиот предел.
 
бев баш овде на овај локалитет одма до бонче е.. се оди пешки..
ископините се под планината ...значи долу не на врвот на Селечка.

Јас живеам во мариово поточно Витолиште.

Имам слушнато и за Селечка, исто така и кај нас во околината има стари гробници уште од византиско време.
 
Се извинувам, знам дека е не е во тема [btw темата е закон, закон село :)] но може некој да ми каже што се "келијни училишта"?
 
Се извинувам, знам дека е не е во тема [btw темата е закон, закон село :)] но може некој да ми каже што се келијни училишта? Учев по Историја и некако несватив..

Обичнo во црквите и манастирите имало такви келијни училишта. Се учело во нив, во нив предале монаси и свештеници. Ете тоа се. :)

Такви ќелијни училишта имало и во селото Бонче, така да е поврзано со темата хехе...
 
Следново е отпечатено пред една година, но добро е да ги освежиме информациите за откритијата на овој локалитет.

Голем антички град се наѕира кај Старо Бонче

Споед професорот Виктор Лилчиќ, на овој локалитет во Прилепско се наоѓал антички македонски град чии наоди упатуваат дека бил главен град на античките Mакедонци-пелагонци

terakota-od-Bonce.jpg


Теракотна глава пронајдена кај Старо Бонче

Нови факти, пред сѐ за кралската гробница, досега истражувана, но и неколкупати ограбувана, се резултатите на новите археолошки истражувања на археолошкиот локалитет Павла Чука кај прилепско Старо Бонче. Истражувањата веќе еден месец ги вршат археолозите од Институтот за историја на уметноста и археологија од Скопје и од прилепскиот Завод и музеј.

Според Антонио Јакимовски од Институтот за историја на уметноста и археологија од Скопје, тоа е уникатна гробница во светски рамки.

- Уникатноста на гробницата е поради кружниот ѕид. Таква не се среќава не само на Балканот туку и во светот. Во неа бил погребен, а потоа и кремиран, со сите почести и материјални добра, моќен македонски крал од 3 и 4 век пред нашата ера. Околу гробницата се најдени неколку гробови зашто тоа станало свето место. За жал, материјалните добра се однесени во ограбувањата низ вековите - вели Јакимовски.

Професорот Виктор Лилчиќ смета дека тоа е локалитет од врвно значење. Тука бил антички македонски град, чии наоди упатуваат дека е таинствениот главен град на античките Македонци-пелагонци.

- Единственото место каде што можел да се наоѓа тој град, според сите сознанија, е најверојатно овде, кај Старо Бонче. Бил на неколку нивоа. Горе, на над 1.400 метри, е месноста Висока. Тоа било стратегиско место за контрола на Пелагонија, а во долниот дел кај гробницата биле живеалиштата на населението. Овој град бил со над 20.000 жители - подвлекува Лилчиќ.

Археолозите од овие истражувања првпат претставуваат наоди: копје - препознатливоста на македонската фаланга, сребрен и бронзен накит и чинија. Оттука потекуваат и трите штита, најдени пред шест години, што се конзервираат во Охрид, и монетите со Александар, Филип, Касандар Деметриј.

Според Виктор Лилчиќ, Македонија е големо археолошко наоѓалиште, со најмалку 50.000 локалитети, од кои само 10 проценти се истражувани.

http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetal.asp?vest=10812959422&id=16&setIzdanie=22699
.
 
И Лилчиќ, многу забегува.

Какви се тие Македонци-Пелагонци?

Тој како археолог, треба да знае дека уште многу пред тоа време, се дефинирани културните врски во Етничка Македонија.

Треба да следи и стручни извештаи од светот, на пример.

" This is not the place to answer the pro-Philip III Arrhidaios points made by Borza and Palagia in 2007. "

...за наводниот гроб од Филип II Македонски.

http://www.medsci.org/v07p00s1.htm#Section8
.
 
во Бонче е закопан некој наш виден предок, но монетите со Александар, Филип, Касандар Деметриј. не кажуваат ништо за покојникот.
да замислиме, некој најде во иднина пари со ликот и името од Никола Тесла...

интересно е, зошто никој на балканот не врши radiometric dating на пронајдените монети...со кое, колку толку би се потврдил периодот од кој тие потекнуваат...

нашле град..а останки од граѓаните?сите ли биле кремирани? а днк од нив?
 
интересно е, зошто никој на балканот не врши radiometric dating на пронајдените монети...со кое, колку толку би се потврдил периодот од кој тие потекнуваат...

нашле град..а останки од граѓаните?сите ли биле кремирани? а днк од нив?

радиометрија на монети?!?!/ па на монета си има лик на царот, имаш аверс, реверс, натпис, ознака на ковница.... по нив се датираат монети каква црна радиометрика

Во Хераклеа која опстојувала можеби 1500 години, вопоследните 7-8 години ако се најдени 20 скелети.. од кои можеби 10 се од прва светска војна. Гробиштата не беа во градот туку некаде надвор е сега каде надвор и на која далечина и какода се најдат, замисли терен од 5х5 километри и треба негде да најдеш некој гроб, можеби и 2 метра под земја. Имаш 15 работници и по некое свое мислење ги праќаш да копнуват тук таму и бараат. па нема, па отвараш еден ров... друг ров... трет ров... нема на овој дел,.. одимне 200 метра на исток таму отвараме еден ров два три.... така може и 10 години да бараш каде се гробиштата (ако немаш некои записи од минатото кои би ти дале индикација за нивна местоположба)
 
Let 3...добре дојде назад во 19 век...за монетите..
http://www.tms.org/pubs/journals/JOM/0305/Cook-0305.html

досега во мкд се откриени многу скелетни наоди...никој не извршил днк анализа..
прочитај тука http://www.ncbi.nlm.nih.gov/m/pubmed/21224890/
како тоа се работи во светот...

овде можат да се најдат евтини справи за нашите археолози, да не се прегреат во копањето..
http://www.alibaba.com/showroom/geological-meter.html

уште еднаш, добредојде назад во 19 век...
 
xаха, една од моите работи е и датирање на монети, према монетата може да се каже некогаш и точната година на ковањето, или распон од + - 10 години.

Со радиометрија се мери староста на МАТЕРИЈАЛОТ. Значи ќе се утврди староста на металот од кој е направена монетата. Радиометријата ќе ти даде податок дека металот е стар 10.000 или 100.000 години, јас ќе прочитам дека е искована во Никеа дека е од 140 година нова ера и дека е од врмето на Антоние Пиј.

По твое, кога би датирале со радиометрија пример зидовите во Бонче - би излегло дека се стари милион години!! Зато што радиометријата ќе ти открие колку е стар каменот а не кога е исклесан во коцка и вграден во зидот.

Остајте ја археологијата на археолозите.
Добредојде во светот на науката.

P.S.
И ДНК анализа не е така наивно едноставна во археологијата и нејзините резултати можат да бидат многу погрешни. Но тоа е дооолга и опширна тема
 
И датирањето на самата монетата не кажува ништо за времето на покопот на покојникот. Луѓето ги чувале монетите со генерации. И ден денес во луѓето има монети кои се стари по неколку стотици години. И ако некој од “дивите копачи“ биде закопан заедно со монета од времето на Александар Македонски - значи ли тоа дека тој живеел пред 2300 години?
 
Не го цени стариот свет спрема денешниот, металот бил скапоцен во миунатото, скршени, стари, метални работи се претопувале, затоа и многу малце метални скулптури и фигури можат да се најдат од раната антика, кога би му поминала модата или кога би се скршиле - пропаднале, поминале од оптек... се претопувале. керамиката кога се крши не се прави и имаме купови керамчки фрагмети, мермерот се користел секундарно - се користел како материјал за градба, се ставал како под, текстилот пропаѓал... али металот одел на преработка. Не постоело колекционерство на стари пари во антиката и нумисматика, секој кој дома со генерации би чувал пари од одамна мртви цареви кои не вредат ништо - би бил сметан за луд.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom