Успешнa приказна за македонските слободни индустриски зони

Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
РЕПОРТАЖА: „Бунарџик“ ја ткае успешната приказна за македонските слободни индустриски зони


Како олицетворение на студениот февруарски ден, маглата го навјасала ридот пред селото Бунарџик. Минувајќи го автопатот што не откинува од срцето на главниот град, од левата страна на хоризонтот изникнуваат технолошко – индустриските развојни зони „Скопје 1“ и „Скопје 2“. Пристигнувајќи пред официјалниот влез, драстично се менуваат првичните излитени впечатоци за зоните, во која својот леб го наоѓаат околу илјада македонски граѓани. Ведрите лица на вработените од обезбедувањето не упатуваат кон нашата крајна дестинација, а таму се соочуваме со раздвиженост – исполнети паркинзи со автомобили, тешки камиони и поспани возачи кои чекаат во редот за товарење на стоката пред да заминат на далечните дестинации, секој по својот пат.


Технолошко – индустриските развојни зони „Скопје 1“ и „Скопје 2“ пулсираат во ритамот на модерните текови во економијата. Ако се земе во предвид заинтересираноста на новите странски инвеститори за вложување во производствени погони, тогаш не би била далечна прогнозата за остварување на искористеност од 60 до 70 отсто од целокупната површина до крајот на 2013 година. Од 145 хектари на кои се простира индустриската зона „Скопје 1“, досега се дадени на долгорочен закуп околу 50 хектари од државното земјиште. Новинарската екипа на „Билд“ се увери дека во моментов на терен неуморно се работи на идните индустриски капацитети. Бројни стручни лица со импресивна градежна оператива забрзано работат за да ги постигнат пропишаните рокови за завршување на проектите. Парцелите на „Џонсон Мети“ и „Ван Хол“ пленат со импресивниот степен на реализација на градежните активности.



Надворешната визура на новиот производствен погон на британската компанија „Џонсон Мети“ веќе се забележува, а инсталирањето на новата софистицирана опрема треба наскоро да започне. Најавите од „Џонсон Мети“ се дека втората фаза од нивната инвестиција во земјава ќе заврши до крајот на мај годинава, доколку временските услови го дозволат тоа. Веднаш по завршувањето на градежните работи, планирано е да стартува новата производствена линија на овој британски гигант од автомобилската индустрија. Паралелно со издигнувањето на новиот индустриски погон, работниците во фабриката непречено продолжуваат со изработувањето на катализатори за странските пазари. Аутпутот на „Џонсон Мети“ е извонреден во однос на поспаната македонска економија. Овој инвеститор, заедно со погоните на американски „Џонсон контролс“, до крајот на 2013 година би можел да учествува со над 20% во севкупниот македонски извоз на странските пазари.


Раздвижено е и во технолошко – индустриската развојна зона „Скопје 2“. Впечатлива е брзината на изведба на идната фабрика за автобуси на белгискиот инвеститор „Ван Хол“. На терен може да се забележат стотици вработени и десетици градежни машини како се натпреваруваат со зимските временски услови во стремежот за комплетирање на огромната фабричка хала до пропишаниот рок – август 2013 година. Изведувачите во моментов напорно работат да го доведат индустрискиот објект во фаза на карабина. Преку белгиската инвестиција во вредност од 20 милиони евра, замислениот објект ќе се протега на површина од 36.900 метри квадратни. Производството на автобуси ќе започне веднаш по завршувањето на изградбата, а првите испораки за американскиот пазар се очекува да започнат кон крајот на годината.



Покрај опсежните градежни активности на овие фабрики, од Дирекцијата за технолошко индустриски развојни зони се надеваат дека во претстојниот период ќе се остварат инвестиции и на други заинтересирани странски компании. Турската медицинска компанија „Матек“ го искажа својот интерес за подигнување на фабрика за производство на високо технолошки медицински препарати и веќе ја избра локацијата на која таа во иднина би градела. Уште една турска компанија е заинтересирана да закупи околу 10 хектари земјиште во индустриската зона „Скопје 2“.


Угледниот „Фајненшл тајмс“ неодамна ги рангираше скопските индустриски зони во 50-те најдобри слободни економски зони во светот. Ваквиот успех несомнено е последица и на континуираното вложување во изведбата и надградбата на нивната инфраструктура. Најновата инвестиција што допрва треба да се пушти во употреба е царинскиот терминал за задоволување на потребите на корисниците од ТИРЗ Скопје 1 и 2. Терминалот се простира веднаш до административната и сервисната зграда во зоната и во негови рамки се наоѓа и огромниот паркинг кој може да прими околу 100 товарни возила. Во сервисната зграда во иднина треба да се сместат службите за одржување на постоечката инфраструктура. Во административната зграда веќе успешно функционираат две шпедитерски компании, а наскоро современиот простор во рамките на ова здание ќе биде збогатен со угостителски објект, банка и пошта.


Индустриските зони „Скопје 1“ и „Скопје 2“ инспирираат во однос на подготвеноста за привлекување на инвеститорите. Во ТИРЗ „Скопје 1“ е завршена целокупната инфраструктура и сите градежни парцели ја имаат можноста да се приклучат на гасоводната, водоводната, канализационата, телекомуникациската и електроснабдувачката мрежа. Постојано им се излегува во пресрет на барањата на инвеститорите за надградба на дел од инфраструктурата. Постојат неколку идеи за понатамошно подобрување на условите за вложување во просторот. Во урбанистичкиот план е предвидено да се изгради товарна железничка станица и индустриска пруга која би се поврзала директно со железничкиот Коридор 10. Вработените во зоната истакнуваат дека овој проект би се спровел во реалноста, доколку инвеститорите пројават интерес за искористување на железничкиот сообраќај. Актуелна е и идејата за директно патно поврзување со скопскиот аеродром во должина од еден километар, бидејќи најголемиот дел од фабриките ги користат неговите карго услуги.


Замислите и плановите на раководството постепено се префрлуваат кон втората индустриска зона. До крајот на 2013 година таму треба да се завршат крупни инфраструктурни зафати. Предвидено е да се постави триметарска ограда околу целата зона, да се довршат одводите за фекалната и атмосферската канализација, да се комплетира изведбата на главната сообраќајница и да се постави улично осветлување. Доколку се јави интерес од инвеститорите, тогаш би се пристапило и кон изведба на сервисните улици. Со реализацијата на најавените инвестиции, ТИРЗ „Скопје 2“ ќе ја заврши оваа година со искористеност од преку 25% од неговата вкупна површина која изнесува 95 хектари, без да се вкалкулира просторот што ќе биде окупиран од задолжителната инфраструктура. За ефикасно поврзување на двете зони е зацртана изградба на надвозник над постоечкиот локален пат Кадино – Бунарџик, додека во иднина ќе се разгледа можноста за изградба и на нова клучка за создавање на директна врска на ТИРЗ „Скопје 2“ со автопатот. Исто така во тек се административните подготовки за воспоставување на ТИРЗ „Скопје 3“ која би се простирала на дополнителни околу 45 хектари.



Приказната за индустриските зони кај Бунарџик може да се плете до бескрај. Во разговорот со вработените може лесно да се увиди желбата за остварување на квалитетните идеи во реалноста. И покрај користењето на автомобил, двете индустриски зони темелно не можат да се разгледаат за краток временски период. На возбудливите прашања пропратени со темелни одговори им се гледа крајот. Ситниот дождец почнува да паѓа од темните облаци на периферијата на главниот град. Раздвиженоста не замира, но нашата посета на зоната полека привршува. Се поздравуваме со соговорниците, со зборовите дека за неколку месеци повторно ќе се вратиме во потрага по нови информации. „Бунарџик“ продолжува да ја ткае успешната приказна за македонските индустриски зони.


http://www.build.mk/?p=23084
 

TheTrooper

Психијатриски случај
Член од
27 април 2009
Мислења
6.826
Поени од реакции
6.351
Колку фабрики се изградени и произведуваат денес во Бунарџик ? Џонсон Мети,а некоја друга......? Знам повеќето што се вртеа имиња беа само најави,ама ме интересира која конкретно веќе работи и произведува....
 
Член од
28 мај 2009
Мислења
3.361
Поени од реакции
3.963
Ништо не признавам додека не ми даат добра цена за земјата :mad:
20 еур. од м 2 пари ли се :D
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.759
Поени од реакции
9.882
Колку фабрики се изградени и произведуваат денес во Бунарџик ? Џонсон Мети,а некоја друга......? Знам повеќето што се вртеа имиња беа само најави,ама ме интересира која конкретно веќе работи и произведува....
Mети ,контролс,протек,ванхоол,кемет,мети уште една,турска у најава..уште една турска у најава.
--- надополнето: 25 февруари 2013 во 19:58 ---
Шта речи, коју поруку послати?
Речиќеш...Алал да ти е бе Грујо! :icon_lol:
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
Strane investicije su u Makedoniji od 2007. do 2012. godine dostigle 1,55 milijardi evra, izjavio je ministar finansija Zoran Stavreski. Prema njegovim rečima, ovaj iznos je duplo veći u odnosu na celokupan priliv stranih investicija u periodu od 1990. do 2005. godine. Makedonija želi povećati strane investicije pa će ponuditi državljanstvo strancima koji investiraju više od 400.000 eura i zaposle najmanje 10 radnika, rečeno je iz Vlade Makedonije.

http://www.mondo.rs/s270874/Info/Ekonomija/Strani_investitori_beze_sa_Balkana.html
 

Kajgana Shop

На врв Bottom