Скопскиот земјотрес '63 (Општа тема)

Член од
12 април 2010
Мислења
10.060
Поени од реакции
15.032

Толстој

екс Бомбастичен
Член од
28 септември 2012
Мислења
11.920
Поени од реакции
11.945
Воведот ти вреди најмногу :cuc:.
Иначе да се вклучам и јас во муабетот. Пола свет помагаше после земјотресот во Скопје, сите помагаа за обновување.
 

Sussaro

Southern comfort, southern sun
Член од
27 декември 2005
Мислења
6.103
Поени од реакции
25.392
Џе су се први пут, војске СССР-а и Америке срели, ко пријатељи.
Није то био први пут, веч на Елбу четрдесет и петте, када су заднји пут шетали крај реке.

http://news.bbc.co.uk/onthisday/hi/dates/stories/april/27/newsid_3563000/3563723.stm

И легендарно фото са то повјестинито руковање

 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
На страницата на Службениот весник на Македонија можат да се најдат сите броеви до денес. Значи оваа страница може да ја користиме, за прибирање податоци за оваа тема
http://www.slvesnik.com.mk/besplatni-izdanija.nspx?pYear=1963

Погледнете каква Наредба најдов од 27. 07. 63 во бројот 28/63



НАРЕДБ А
ЗА ЗАДОЛЖИТЕЛНО УЧЕСТВО НА ГРАЃАНИТЕ
ВО ОТСТРАНУВАЊЕТО НА ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД
ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ГРАД СКОПЈЕ И ОКОЛИНАТА'
Со цел да се отстранат последиците од земјо-
тресот што го зафати градот Скопје и околината, а
особено да се обезбеди спасување на затруените
граѓани, да се расчистат урнатините како и да се
отстранат опасностите од епидемии и други појави,
се наредуваат следните мерки:
I
Се задолжуваат сите машки лица од 18—55
годишна возраст ,на подрачјето на град Скопје и
околиите Тетовска, Титоввелешка и Кумановска, да
учествуваат во расчистувањето на урнатините и спа-
сувањето на загрозените лица на подрачјето на град
Скопје.
Лицата од претходниот став се должни да уче-
ствуваат во спроведувањето и на сите други акции
сврзани со остварувањето на целите утврдени со
оваа наредба.
II
Сопствениците и корисниците на сите превозни
и технички средства што можат да се употребат за
расчистување на урнатините и извршување на други
слични работи се должни овие средства да ги ста-
ват на располагање на Градскиот штаб за отстрану-
вање на општа опасност во Скопје.
III
Штабовите на околиите од точка прва од оваа
наредба да се стават во припремна состојба и да ги
приготват обврзниците според оваа наредба за ука-
жување на помош што ќе ја побара Градскиот пггаб
на Скопје.
Општинските штабови за отстранување на оп-
ч шта опасност од подрачјето на град Скопје, веднаш
да преземат потребни мерки за извршување на за-
дачите што ќе ги одреди Градскиот штаб во врска
со искористувањето на помошта на претходниот
став.
IV
Се забранува самоволно влегување во оште-
тените згради во град Скопје.
V
Физичките и правните лица што не ќе поста-
пат спрема оваа наредба ќе одговараат според чл. 8
од Законот за задолжително учество на граѓаните
во отстранувањето на општа опасност.
VI
За извршувањето на оваа наредба ќе се грижат
општинските и градскиот штаб за отстранување на
општа опасност и органите на Народната милиција.
VII
Оваа наредба влегува во сила со денот на неј-
зиното донесување.
Бр. 1/63
27 јули 1963 година
Скопје
РЕПУБЛИЧКИ СЕКРЕТАР
ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ,
Боро Чаушев, с р.
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
Није то био први пут, веч на Елбу четрдесет и петте, када су заднји пут шетали крај реке.

http://news.bbc.co.uk/onthisday/hi/dates/stories/april/27/newsid_3563000/3563723.stm

И легендарно фото са то повјестинито руковање
M'да, моја погрешка. Хтио сам речи „први пут у хладни рат“. :D Овако је веч, као би рек'о, други пут. :)

***
О, стихијо, лута змијо, ти ни сруши Скопје (мило). Друже Тито, поздрав прими од твоите бригадири.:icon_mrgr:
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
Скопје, 26 јули 1963 год. во 5,17

Скопјаните ќе го запаметат 26 јули1963година,како најтрагичен ден во новата историја на градот. Беше петок,сончев убав ден без ниедно облаче на небото.Граѓаните кој беа станати пред 5 часот се приготвуваа да одат на работа,или на пазар како и секој обичен ден.Но одненадеж од земјината утроба се чу морничав татнеж кој траеше десетина секунди и кој беше катастрофален за градот. Огромните новоградби и масивните повеќекатници како кули од картон се распаѓаа,затрупувајќи илјадници деца,жени и трудбеници кои се затекнаа во постела во утинскиот сон. Наеднаш потоа втор,па трет удар. Градот беше обвиен во густа магла, од правта и урнатините.Неколку минути подоцна кога правта се слегна,се виде вистинската катастрофа. Настана ужас. Од сите страни се слушаа викотници,писоци на затрупаните и лелеци за својте блиски.Од силниот подземен татнеж (ова не може ни со зборови да се опише) и од тресењето и кршењето на зградите граѓаните рипаа од својте постели и во долна облека,бегаа надвор од зградите барајќи спас по паркови,широки улици,крстопати и сл
Бидеиќи беше топло време,многи граѓани спиева голи-слабо облечени,тие така и истрчаа надвор.Немаа време ништо да земат за да се покријат или облечат.Многу родители само ги грабнаа својте деца и така необлечени избегаа надвор.
..........Слика бр 1.
Семејство со својте деца бега преку плоштадот,неколку минути по катастрофата,кон Вардар и Еврејското маало, (добро се гледа и театарот,кој и не беше целиот разурнат)
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.987
Поени од реакции
74.070
Сега малку сум збунета...знам дека бараките се донација за градот Скопје,дали владата ги купила е тоа незнам,ама знам дека бараките ги откупувале сопствениците на крадит, додека дворовите сега ги откупуваат со законот, откуп на дворно место по 1 е. м2.
Се распрашав поубаво, во Пржино Финците донирале готови бараки, само се монтирале :D Јас мислев дека со нивни пари биле градени бараките. Инаку населбата настанала по земјотресот, претходно биле лозја.
Бараките биле делени на следниов начин:
Една улица бараки за попови, една улица бараки за командири, една улица за џандари итн. А веројатно остатокот ги продавале.
Бараките им припаѓале на тие што ги добивале, заедно со дворот, немаше потреба од легализација :)


Мајка ми тој период живеела во Нерези, одма до кејот на Вардар.
Има спомени и од поплавата, кога ставале торби со песок по цел кеј, а и од земјотресот.
Дедо ми сабајлето со моторче Томос го поминал цело Скопје. Се вратил дома со голема болка. Низ солзи им раскажувал што се случило. За среќа ниеден од фамилијата не бил повреден. Следните денови спиеле надвор под отворено небо.
За жал власта по неколку години решила таму да гради згради, по што бараката била урната а како замена им дале станови во Ѓорче.
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.346
Јас сум роден 14 години после земјотресот, за тоа знам од приказни. Башка, не сум од Скопје :)
Но, имам и јас да раскажам приказна... тажна... која на некој свој посебен начин, ми оставила некаква трага, иако се случила многу пред мене.
Се работи за семејството по мајка ми. Брат на дедо ми, ваљда по тоа роднинската терминологија и мене дедо би ми дојдел, иако јас го викав „чичко“, живееше и работеше во Скопје.
Во времето на земјотресот живееле во зграда некаде, по кажувањата, на почетокот на Карпош.
Имале една ќерка. 1953 родена, генерација со мајка ми.
Вечерта, 25 према 26 јули, таа сакала да спие со нив, да гледа телевизија... или така нешто.
Но, не и дозволиле... си спиела во нејзината соба.
И, во земјотресот, таа загинала, нејзините родители останале живи, скоро без гребнатини. Никогаш после немаа деца.
Да не должам многу... јас ја знаев приказната уште од дете. Но дури кога пораснав, ја сфатив тежината на приказната и им се восхитував на храброста и вољата за живот на тие луѓе после таа трагедија.
Како студенти, и мајка ми, но и јас, редовно ги посетувавме. Беа прекрасни луѓе, скоро починаа.
Ете... овој пост нека биде едно сеќавање и почит кон нив.

Anco, едно прашање:
Дали сликите постирани во првиот пост се од една книга посветена на земјотресот, не се сеќавам на точното име, со зелено-бело-црна корица каде се запишани имињата на сите жртви од земјотресот?
 

Рунчев

Esi mi dobaaar
Член од
29 мај 2007
Мислења
1.263
Поени од реакции
191
Јас(мојата баба) ја има книга за земјотресот, може да извадам некој текст слика од неа.. Инаку во земјотресот загинала Мајката на мојата баба и уште неколку нејзини браучедки/роднини. Приказната е нешто слична од таа на Струмикс, „на сила“ отишле да преноќат кај некој роднини од Скопје мајката сестрата и зетот на баба ми, на спиење паднала гредата директно врз мајката и ја убило. Зетот бркнал во струјата да проба да се убие но веќе струјата била исклучена.
Утредента дедоми успеал да ја пронајде мајката на баба ми во болница во Велес, додека сестрата и зетот се јавиле после 3-4 дена од земјотресот.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
Евакуација на неактивното население
-„Организирана евакуација започна на 26 јули 1963 година, т.с.
истиот ден, а заврши на 9 август 1963 година.За тоа време се вкупно евакуирани оклку 105.000 граѓани.Меѓутоа самоиницијативно уште десетици илјади го напуштија градот.
Евакуирани граѓани во СРМ.............63.220.
===============во СФРЈ............41.743.
од кој во==========Србија............33.970.
===============Хрватска..............3.977.
==============Словенија...............2.725.
========Босна и Црна Гора..............1.171.
Самоиницијативно .............................45.000.
Или вкупно градот го напуштиле ....150.000 граѓани.
Скопје пред земјотресот имаше......220.000 жители.
По земјотресот во Скопје останаа....70.000 жители.
Од вкупно евакуираните .................105.000 лица.
во јавни згради беа сместени............27.000 лица.
во приватни куќи беа згрижени..........78.000 лица.
-----------------------------
Во Тетово и тетовско.......................10.000 лица
Во Велес.............................................8.793 ====
Во Куманово...............................над12.000 ====
Во Битола............................................8.000 ====
Во Штипско.......................................18.000====
------------------------------
Во Лесковац........................................5.585 лица
Во Крагуевац.......................................9.666 ====
Во Кралево..........................................3.500==== и т.н.
-------------------------------
За Босна и Херцеговина има податок за 11.000 лица.
Децата од 7 до 15 години беа сите евакуирани.
Со помалите деца под 7 год.одеа и мајките
Евакуирани беа и постари и болни лица.
------------------------------
Има и ситуации (помал број) каде некој семејства во Македонија одбиваа да примат во својте домови „скопјани“
------------------------------
И јас бев евакуиран,истиот ден во Велес,а потоа во Марибор.
Синоќа напишав неколку страни за двете фази на обновата на Скопје,но несакаше да ги прими.Ај друг пат.
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
Браво Anco продолжи вака.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
Црни судбини,најголемата трагедија во трагедијата
Ова се случило на ул.Орце Николов.Зградата се срушила. Под рушевините останале неколку семејства.Стигнале спасувачите и почнало откопувањето на затрупаните.Но одело тешко,поради тешките масивни бетонски плочи.Живите под рушевините одржувале врска помеѓу себе.Еден татко Р.У. со својот син исто така,го храбрел да издржи,да не падне зошто наскоро ќе дојдат спасителите до нив. И тоа сварно се деси.После упорно копање по два дена е изваден Р.У. не бил повреден.Останал на рушевините понатаму заедно со спасувачите,да го бара својот затрпан син.
Веќе и третиот ден завршува како е синот под рушевините.
Таткото го довикува, го теши-бодри да издржи.
-Ќе може ли малиот да издржи.
Синот моли да побрзаат,не може повеќе да издржи.
.Жеден е.
-Таткото му кажува да пие од мокрачата.
Но малиот се жали да нема повеќе ни мокрача.
Спасувачите се три дена тука,донесуваат и дизалица,Со сајли ја врзуваат бетонската плоча и таа милиметарски почнува да се крева. Таткото е пресреќен. Помеѓу буката на дизалицата го слуша и гласот од синчето.
-Сине,сине,спасен си, биди храбар.
Тато побрзо,тато побрзо, сеслуша од под плочата.
И плочата се дигна. Најпосле детето го виде својот татко и светлото на денот.Плочата и понатака се креваше и лулаше.Детето ја фати пружената рака на таткото.
И одеднаш......сајлата пукна...плочата падна кај што и беше.
Под неа остана згаснатиот живот на малиот,кој беше на доват на нов живот.
Таткото не ја испушташе раката,осеќаше како се лади.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
ВИЦ.
Граѓаните на Старо предземјотресно Скопје не биле познати како мајстори за вицеви.Затоа е необично како тие тажни денови, постанал,се кажувал еден виц.Бил едноставен но симпатичен за деновите во кои кружел низ народот.Познато е дека во земјотресот највеќе настрада општината Идадија и некој згради во Карпош,посебно лошо беше кај плоштад Слобода,сликата беше ужасна,како бомбардиран тој реон.
------------
Разговараат двајца Скопјани тие денови.
-Зашто реонот „Кисела вода“ не настрадал од земјотресот,
прашува првиот граѓанин,а другиот му одговара.
- Затоа што рампата кај монополот била спуштена.
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.987
Поени од реакции
74.070
Мајка ми ми кажуваше за Руските војници што доаѓале во Нерези (кај сегашното игралиште) и им прожектирале филмови на децата.
Имало редови со столици и на големо платно им прожектирале филмови (ама неможе да се сети дали биле Руски или не :D).
Им делеле и чоколатца на децата.
Вујко ми бил во одделот кој делел помош.
На мајка ми фамилијата добиле Американска помош. Ептен биле радосни со оглд на тоа што се знаело порано како одело, од 6-7 деца, облеката што ја носи најстариот после оди кај помалите. Мајка ми како најмала прв пат тогаш добила ново фустанче, од Американските донации.
Имале и јајца во прав незнам како би изгледало тоа :icon_mrgr:
Имале убав вкус но чуден мирис.
Од моите роднини никој немал некоја голема штета со оглед на тоа што живееле во куќи, само ѕидовите биле испукани.
Дедо ми не ги пуштал да искочат од Нерези за да не го видат хоророт по улиците. Пропаднати цели згради, урнатини насекаде...
Истотака за децата од Скопје бил обезбеден одмор во Охрид за цело лето.
Мајка ми и тетка ми како најмали во фамилијата прв пат биле пратени на одмор.
Али дедо ми им ја урнал радоста пошто дошол во Охрид после една недела и ги земал назад, пошто неможел да издржи без нив :icon_mrgr:
Биле сместени во шатори во Охрид.
И по земјотресот како што кажав и пгооре спиеле надвор пошто се плашеле од нов земкотрес, биле наредени како аптекарски шишиња еден до друг на патеката во дворот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom