На страницата на Службениот весник на Македонија можат да се најдат сите броеви до денес. Значи оваа страница може да ја користиме, за прибирање податоци за оваа тема
http://www.slvesnik.com.mk/besplatni-izdanija.nspx?pYear=1963
Погледнете каква Наредба најдов од 27. 07. 63 во бројот 28/63
НАРЕДБ А
ЗА ЗАДОЛЖИТЕЛНО УЧЕСТВО НА ГРАЃАНИТЕ
ВО ОТСТРАНУВАЊЕТО НА ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД
ЗЕМЈОТРЕСОТ ВО ГРАД СКОПЈЕ И ОКОЛИНАТА'
Со цел да се отстранат последиците од земјо-
тресот што го зафати градот Скопје и околината, а
особено да се обезбеди спасување на затруените
граѓани, да се расчистат урнатините како и да се
отстранат опасностите од епидемии и други појави,
се наредуваат следните мерки:
I
Се задолжуваат сите машки лица од 18—55
годишна возраст ,на подрачјето на град Скопје и
околиите Тетовска, Титоввелешка и Кумановска, да
учествуваат во расчистувањето на урнатините и спа-
сувањето на загрозените лица на подрачјето на град
Скопје.
Лицата од претходниот став се должни да уче-
ствуваат во спроведувањето и на сите други акции
сврзани со остварувањето на целите утврдени со
оваа наредба.
II
Сопствениците и корисниците на сите превозни
и технички средства што можат да се употребат за
расчистување на урнатините и извршување на други
слични работи се должни овие средства да ги ста-
ват на располагање на Градскиот штаб за отстрану-
вање на општа опасност во Скопје.
III
Штабовите на околиите од точка прва од оваа
наредба да се стават во припремна состојба и да ги
приготват обврзниците според оваа наредба за ука-
жување на помош што ќе ја побара Градскиот пггаб
на Скопје.
Општинските штабови за отстранување на оп-
ч шта опасност од подрачјето на град Скопје, веднаш
да преземат потребни мерки за извршување на за-
дачите што ќе ги одреди Градскиот штаб во врска
со искористувањето на помошта на претходниот
став.
IV
Се забранува самоволно влегување во оште-
тените згради во град Скопје.
V
Физичките и правните лица што не ќе поста-
пат спрема оваа наредба ќе одговараат според чл. 8
од Законот за задолжително учество на граѓаните
во отстранувањето на општа опасност.
VI
За извршувањето на оваа наредба ќе се грижат
општинските и градскиот штаб за отстранување на
општа опасност и органите на Народната милиција.
VII
Оваа наредба влегува во сила со денот на неј-
зиното донесување.
Бр. 1/63
27 јули 1963 година
Скопје
РЕПУБЛИЧКИ СЕКРЕТАР
ЗА ВНАТРЕШНИ РАБОТИ,
Боро Чаушев, с р.