Што ви недостига од детството?

*LittLe heart*

*најубави очи-ЗЕЛЕНИ*
Член од
14 јануари 2008
Мислења
751
Поени од реакции
289
Безгрижноста.....кога најголем проблем е што кога ќе се стемни треба да чекаш да дојде утре за пак да си играш надвор некоја игра во свет што само ти си го градиш и никој неможе таму да ти се меша. Обожавав да си играм со камчиња во боја ги кршев толчев и правев различни бои.......ми фали детството и тие времиња.....
 
GuerillaGorilla

Фантазер
Член од
14 декември 2012
Мислења
11
Поени од реакции
19
Безгрижноста. Штета што не сум знаел максимално да ја уживам.

Back in those days everything was simpler and more confused.
 
Член од
8 март 2012
Мислења
3.058
Поени од реакции
1.250
Нинтендо, и будали другари со кој можам да играм крижи мижи до раните утрински часеви ..
 
Член од
29 септември 2011
Мислења
2.137
Поени од реакции
2.325
Најмногу ми фали другарот што загина лани,ми фалат игрите,флиперите,нинтендото,седењето со другарите долго во ноќта лето,зимските игри,фантазиите,фудбалот(сега нема време ни за фудбал)....Се беше друго и поинаку.Сега само брзаме навам натам и така ни поминува живото без да го осетиме.
 
Epics™

Академски граѓанин
Член од
29 септември 2011
Мислења
1.590
Поени од реакции
3.891
Најмногу што ми фали од детството, е тоа што изгребаните лакти и колена ми беа најголемата болка :/
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.635
Поени од реакции
31.850
Јадењето зелени сливи од една слива . Начинот на нивно прибавување, преку бендерење по ѕитчиња со триста индијански, нивниот дофат и на крај седењето пред влезот на зградата и нивното солидарно офукување до последна слива со другарите.
После реакцијата не ја спомнувам , улиците биле празни и по 3 дена, чунки децата за вецето се врзале :icon_lol:
 
N

Nessa Alcarin

Гостин

Ништо не ни беше море... И на „чименто“ седевме, и зелени сливи и кајсии јадевме, и колената ни беа додробени, и со вода не полеваа комшиите за да не галамиме, и леб и кристал маргарин на улица јадевме сите до еден, без разлика кој колку е богат, и со велосипеди се тркавме, и улицата со контејнери ја блокиравме да не минуваат возила, зошто ќерна или „средина“ се играше... Еххххх, детство... :place:
 
Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.635
Поени од реакции
31.850
Ништо не ни беше море... И на „чименто“ седевме, и зелени сливи и кајсии јадевме, и колената ни беа додробени, и со вода не полеваа комшиите за да не галамиме, и леб и кристал маргарин на улица јадевме сите до еден, без разлика кој колку е богат, и со велосипеди се тркавме, и улицата со контејнери ја блокиравме да не минуваат возила, зошто ќерна или „средина“ се играше... Еххххх, детство... :place:
Aми играњето нинтендо, ами изместувањето на то адаптерот и џабе трудот за дотогаш поминатите стази, ами клиперите пинбал, мустафа. Пуцањето со топка по железните гаражи на најголемите жештини кога ни викаа дека Сонцето било штетно, ами турањето вода во ладните зимски ноќи за да фати мразот и поубо да се слизгаме. Радост ненормална. Ех...
 
acetetovo

Македонец!
Член од
1 мај 2007
Мислења
4.002
Поени од реакции
2.375
Ми фали кога ќе добиев 500 денари бев најсреќен во свет, сега и 5000 не ме радуваат!
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Ми фали кога ќе добиев 500 денари бев најсреќен во свет, сега и 5000 не ме радуваат!
Какви пари, тогаш немаа никаква вредност за нас. Се што ќе ми дадеа роднините за Божиќ, Велигден или за петките на крај на година, на мама се даваше. :)
 
Kajgana Shop

На врв Bottom