Скопскиот земјотрес '63 (Општа тема)

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
да продолжам со некои „ преживеаните раскажуваат“
но имаше и такви случаи каде и немаше кои да раскажува,а во некои случаи пак стварно само преживеаните можеа да го кажат тоа, што се случило додека биле затрупани, за жал многу загинаа така затрупани
иако се уште живи и покрај пожртвуваноста на војниците и рударите.
несреќата беше толку голема што по првиот потрес,имаше втор и трет
па така повеќето од разнишаните-пукнатите згради паднаа тогаш.
А граѓаните беа се уште внатре,или на прозорците или по ходниците
што искочи и најкобно-тука загинаа (примерот со хотел „Македонија“)
приметивте дека и имиња не наведувам, имаше многу фамилии каде
немаше никој останато жив, и многу трагедии еве некои од нив:

„ Во една зграда таа ноќ само еден прозорец бил осветлен, до тоа кобно утро еден инжињер се уште работел на своите трудови кога се почнало да се урива. Сите негови,целата фамилија спиеле. Тој ја зел ќерката од креветот и заедно со душекот и постелата ја завиткал и ја фрлил од четврти спрат. Девојчето паднало на еден полковник, кој не можел да ја задржи и таа се лизнала на асфалтот.Паднала но падот бил ублажен.
Девојчето беше повредено но остана живо. Инжињерот,неговата жена и неговоит син загинаа. Зградата се урна по вториот потрес.“

„ Една тринесет годишна ученичка потресот ја тргнал од сон.Скокнала да види што станува.Но прозорецот бил затрупан,горните катови веќе биле урнати.Уплашена побегнала во аголот и легнала на подот,меѓу шивоњерот и каучот. кој потоа при вториот потрес го задржале таванот од горниот спрат.Се нашла во тесен простор.Плочата-таванот над неа бил само едвај на 20 см.Почнала да вика но урнатините го заробиле нејзиниот глас.Не била повредена и тоа ја спасило да издржи.Но неможела ни да се помрдне.Поминувале часови.Некое време била будна,потоа заспала. Кога се разбудила осетила дека е жедна.Грлото и горело,јазикот и бил сув,а устата полна со прав.Во таква положба немала орентација за време.Поминал петокот,саботата,неделата и дури во понеделникот чула како се копа над неа.Бетонската плоча почнала да се спушта,се се кршело околу неа.Ја опфатило страв и почнала со последните сили да вика. Спасителите се изненадиле-израдувале ја чуле. Тој ден ваделе само мртви,мртви и пак мртви.Потоа прво направиле отвор од каде и дале вода.Спасувањето продолжило,кога ја извлекле од рушевините ја прашале дали знае колку време била затрупана. Одговорила: „ Мислам неколку часа“
Но не било така,таму била три дена,три ноќи и пет часа.“
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
очевидците - раскажуваат
„Семејство од Егејска Македонија, ноќта помеѓу 25 и 26 јули имале веселба.
Тој ден дошле и двата сина од странство. По 16 години за првпат целото семејство било заедно. Но, и за последен пат.Извадија живо само едно девојче, кое ги прашуваше спасителите:
„ мајка ми, чичко ? “ - Молк
„ а татко ми ? “ - Молк
„ сестрите чичко ? “ - Молк
„ а браќата чичко ? “ - пак Молк“

„По многу години чекања,едно семејство добило стан.На 25 јули се
вселиле.Во новоградба. Луѓето боле среќни. Ноќта помеѓу 25 и 26 јули имат веселба.Роднините и пријателите им доаѓаат да им го честитат новиот стан. Во 4 часот, на 26 јули ги испраќаат последните гости.
Во 5,17 часот од ова повеќе члено семејство немаше жив ниту еден.“

„Аголот на улица „Наум Наумовски“ и „ Осма ударна бригада“ отспротива на познатата „арапска куќа“. 26 јули 2 часа по катастровата, на урнатините на една зграда.Војници се распоредиле по групи. Откопуваат.
Една група се пробива во демолираната спална. Маж и жена - мртви.
До нив едногодишно девојче. Будно. Не плаче.
Кога ги виде војниците, ги подава својте рачички кон нив.
Еден војник го подига,а тоа со сета сила го гушна,инстинктивно чуствувајќи дека тука му е спасот.
Кога го изнесеол надвор,војникот го подал на санитетската екипа.
Но девојчето не го пушташе.
Го отргнаа и тоа почна веднаш да плаче.“

„Зградата на улица „Орце Николов“ што се наоѓаше над аптеката „Илинден“, речиси е срамнета со земја, цели 30 часа по несреќата даваше само една констатација: се што имало внатре е мртво.
Оттука беа извадени 56 мртви. Никој не се надеваше дека некоја душа уште може уште да живее во овој крш. Меѓутоа, за големо изненадување и по 30 часа излегоа живи три деца. Браќа. Најстариот 20 години. За кого весниците и порано пишувале.Во 1962 година за поплавата тој помагал при спасување на повеќе од 20 граѓани.Веднаш по затрупувањето,татко му од другата соба му јавил за смрта на неговата мајка. Двата негови помали браќа биле во неговата соба.Почнал да копа,да се пробива,педа по педа, неговите браќа лазеле после него.Отпрвин копал со раце,потоа нашол некое железо.По 30 часа непрестанато копање,здогледал светлина.почнал да вика и од надвор луѓето го слушнале.
Застанал на нозе како ништо да не се случило.
По него излегле и неговите два брата.
Родителите им ги откопале мртви.“
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
Бутел.Масовна гробница.Тројца од оние што закопуваат паѓаат жолти.
Некои од доброволците за гробари бегаат.Други се пријавуваат.И за закопот треба помош.Од внатрешноста се испраќаат две младински бригади.Младинците ќе видат што е тоа масивна смрт.Дојдоа од Автопатот, но и тие не се доволно.Донесуваат болдужери.Се копат
ровови долги по 30 метри и тука се ставаат ковчезите,еден зад друг.
Над гробот обична штица на која со молив е напишано„непознато дете“
„непознат маж од околу 30 години“ и сл.Потрагична слика не може да се
замисли.Многу настрадани се закопуваат без никаква придружба,бидејќи
нив немало кој да ги испрати-целото семејство загинало.Камиони полни
со трупови доаѓаат.Во еден гроб,едно по друго шест гроба.Сите имаат
исти презимиња.Семејна гробница.
Во земјотресот,вкупно ранети.............3.383 лица
Тешки ранети............................................883 лица
Умрени од тешки ранети...........................33 лица
Вкупно загинати.....................................1.070 лица
Загинати што помонале низ службата за идентификација,
но има и загинати што семејствата сами си ги закопувале
 
Член од
7 август 2011
Мислења
4.949
Поени од реакции
15.124
одлично. во еден здив ги прочитав сите текстови. Се надевам ќе продолжиш со објавување. Не би било лошо од кајгана да ја промовирате темата или пак уште подобро да ги објавувате текстовите на кајгана страната.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
Несреќата го снајде во хотелот „Скопје“.По првиот потрес,
скокнал од првиот кат и останал неповреден.Покрај ѕидот на хотелот видел мртва жена,а покрај неа мало девојче кое викало„Мамо,мамо“.
Отрчал да го земе.Уште не стигнал до него,кога повторно земјата се затресла и урнатините ги покриле обајцата.
(овој втор удар,беше по разурнувачи-посилен, моја забелешка)
Разделени така еден од друг останале шест часа под урнатините.Кога војниците го спасија девојчето и сакаа да го поведат,тоа почна да се трга и да вика:
-„Тука има уште еден чичко,спасете го “. Девојчето не си одеше додека не го извадија „чичкото“.Потоа ја извадија мајка и мртва.„ Чичкото“ го праша девојчето: како се вика нејзиниот татко.
Таа на српски јазик бистро одговори.
-„ Јас немав татко, а сега и мама загина“
Чичкото ја поведе и на војниците им рече:
„Благодарам што не спасивте. Девојчето ќе го земам,ќе биде моја ќерка,
ќе го посинам,јас и така немам деца“
И „ чичкото“ замина со девојчето.
----------------------------------------------
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
годинава 50 годни од Скопската Катастрофа,
ќе ги замолам адм.и мод. оваа тема да ја префрлат во
општи муабети,каде секојдневно ќе пишувам за оваа Катасрофа,а и сега ќе отворам и таму ваква тема со наслов
50 Години од Катастрофата на 26 јули 1963 година
и заради попрегледност да се спој и ова досега напишано.
Таму ќе стане збор не само за Катастрофата туку и за обновата и изградбата на Скопје, и грешките направени.
За штетите во стопанството и образованието.
За помошта која пристигна од целиот свет.
За евакуацијата на неактивното население од градот.
За „дезинфекција“ на градот тие први денови по земјотресот.
За Меѓународна финансиска помош и заеми.
За Ернест Вајсман и Скопскиот земјотрес
За размислувања за изградба на градот на нова локација.
За дилеми и грешки во обновата на Скопје.
За санација на оштетените објекти.
За Обединетите Нации во обнова на Скопје.
За животот под шатори. Скопје град под шатори.
и др.. и секако многу слики од Катастрофата и потоа.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
8.603
Поени од реакции
15.409
Оваа година,50 години од Скопската катастрофа​
ДА 50 ГОДИНИ ОД 26 јули 1963 година
а тогаш јас веќе знаев да читам и да пишувам, и да...да...​
да, одам до кино „Бамби“ или градска плажа,​
да, летам цуцулиги и да играм Челик во Еврејското маало,​
да, тепам гуштери по ѕидините на Кале​
да, ловам ракови во жбуновите под Официрски,​
да, везден трчам по летки што ги фрлаа двокрилците,​
да, крадам галаби од таваните на фак. во Ново маало,​
да, со чатал и им ги кинам хулахопките на жените, кој​
да, поминуваа покрај паркчето кај бившата ЦК,​
да, се ѕверам од под Камениот мост,по женските газови,​
да, возам точак под рам за што сум јадел жешки шамари,​
да, одам по сладолед и лимонада во чаршија кај Пеливан,​
да, а тогаш таа беше наша - Македонска еснафска чаршија​
да, веам знаменца на Паради со црвена марама на вратот,​
да, фрлам цвеќенца по патот кај што ќе помине Маршалот,​
да, на Мала станица од мостот им мочам на возевите,​
да, а од густата пареа тоа други не можеа да го видат​
да, во Пајко маало и Крњево ги гледам тепачките,​
да, на Маалските фраери,а ние копиљи ги чувавме палтата,​
да, тоа беа најчесто со Маџирмалци поради некоја женска,​
да, качен напред на татковиот точак се возам до Сарај,​
да, на Водно се искачам и до Шесте чешми, а...​
да, и ако заврне се криевме во големиот шуплив Костен,​
да, веќе 50 години не сум го видел овој Костен,​
да, веќе 50 години не веам знаменца за Паради​
да, веќе 50 годни не мочам од мостот кај Мала станица​
да,веќе 50 години не ги гледам Маалските тепачки,​
............... да......​
сега некој други знаменца се веат,со разни бои и величини,​
сега моча кој кај ќе стигне,и врз што ќе стигне и без страв,​
сега некој други тепачки се на сцена - не Скопски....​
уште полошо ..не Маалски..туку национални....​
еј мое предземјотресно Скопје каде си,каде се изгуби..​
еј Македонијо каде си тргнала вака, по кој пат ли одиш...​
да...веќе 50 години не те гледам... не те осеќам​
------------------------------------------------------------------------​
сега ќе ги замолам Модераторите и „Администраторите,да оваа тема ја остават овдека заради поголема прегледност а се подразбира и читаност,а може и досега напишаното од мене за овој трагичен настан да се премести тука. Јас од сега ќе почнам да пишувам повторно во врска со тешката катастрофа,на која и се живо сеќавам,некој работи што не сум ги до сега навел.Иако сега е актуелно Скопје 2014,но тогаш после ужасот беше важно како да се дочека зимата-поточно,се работеше на Скопје 1964.може и да поставувате прашања се за земјотресот,ама и за обновата на Скопје,како и за штетите и животот во градот после катасрофата. Picture 377.jpg
-“јас го посеав семето на слободата ,а вие
бидете живи да го ожнеете неговиот плод“
--- надополнето: Feb 24, 2013 2:25 PM ---
Picture 373.jpg Слика0311.jpg Слика0312.jpg Слика0314.jpg Слика0315.jpg Слика0317.jpg
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.987
Поени од реакции
74.070
Пржино е изградено со помошта на Финска, т.н. Фински бараки :icon_mrgr:
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Речиси цел Свет ја помагаше обновата на Скопје.
Колку што се сеќавам, Народот на Република Бугарија ја донираше Универзалната сала.
А за Кисела Вода незнам, на кој дел на Кисела Вода мислиш?
Sheldon Cooper
--- надополнето: 24 февруари 2013 во 15:43 ---
Пржино е изградено со помошта на Финска, т.н. Фински бараки :icon_mrgr:
Не значи дека бараките помош, ако се од Финска или некоја друга земја... Најголем број од бараките се купени од страна на нашата Влада
 

Dave

subcomandante
Член од
15 февруари 2008
Мислења
1.663
Поени од реакции
2.949
Скопје е грд и промашен град....50 години после.....етнички поделен, неплански изграден, натоварен со селски навики, град во кој поединецот е поважен општото добро, дојденците и нивните селски навики се меродавни, предузимачот е побитен од целата населба, кафанџијата одлучува по кој тротар може да се оди и од кога може да се оди во кревет.....денешната силуета на Скопје е формирана од разноразни мансардни дупли поткровја, доградби, надградби, заградени балкони, обесени гаќи и оронати фасади....улиците се полни со ѓубре, плуканици и кучешки измет, по нив возат нервозни мераклии на џипови и двоспратни кинески канти налик на половните лондонски канти пред земјотресот....Скопје смрди на чад, затоа што уште добри 60% од скопјани се греат на дрва....и понатаму добар дел од градот е фавела....

Скопје доживеа поголема катастрофа од 1963-та, се вика „Скопје 2014“.....иако само навидум од вторава нема жртви, во годините понатаму истите со бедата ќе се зголемуваат....
После 50 години со градов имаме напраено многу малку, според мене ништо...дури да не ти се верува 50 дека поминале....ги тргнаа буквите од познатата реченица на Тито од музејот, дали од политичко-идеолошки причини или од срам што е воопшто направено со овој град....
Баш сакам да видам што ќе се напраи за да се одбележи овој јубилеј.....денешните градски „татковци“ (повеќе очуви би му дошле) овој трагичен настан за Скопје ќе го омаловажат со мизерно одбележување во име на „да се заборават настани од комуњарско време“ од незнаење дека недолжен, несреќен обичен народ загинал во истиот....бог да ги прости истите....
 
Член од
27 ноември 2007
Мислења
30.987
Поени од реакции
74.070
Не значи дека бараките помош, ако се од Финска или некоја друга земја... Најголем број од бараките се купени од страна на нашата Влада
Овие се донација од Финска, не се купени од тогашната влада...
Може не сите, но повеќето бараки биле Финска донација. Цела населба била само бараки, е сега во поново време реткост е да видиш барака, плус има и голем процент на странци кои си градат огромни куќи...
 
Член од
20 септември 2008
Мислења
12.773
Поени од реакции
9.896
Речиси цел Свет ја помагаше обновата на Скопје.
Колку што се сеќавам, Народот на Република Бугарија ја донираше Универзалната сала.
А за Кисела Вода незнам, на кој дел на Кисела Вода мислиш?
Sheldon Cooper
--- надополнето: 24 февруари 2013 во 15:43 ---

Не значи дека бараките помош, ако се од Финска или некоја друга земја... Најголем број од бараките се купени од страна на нашата Влада
Грешка си,не е донирана од Бугарија,него е платена. На билд форумот излегоа и официјални документи со цената колку коштала.
 
Член од
29 октомври 2011
Мислења
1.712
Поени од реакции
1.152
Сега малку сум збунета...знам дека бараките се донација за градот Скопје,дали владата ги купила е тоа незнам,ама знам дека бараките ги откупувале сопствениците на крадит, додека дворовите сега ги откупуваат со законот, откуп на дворно место по 1 е. м2.
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
8.146
Поени од реакции
8.544
Грешка си,не е донирана од Бугарија,него е платена. На билд форумот излегоа и официјални документи со цената колку коштала.
Тоа е можно.... Немам прецизни податоти ...
Пред неколку години, случајно најдов една книга издадена по повод три години од Скопскиот земјотрес. ( значи 1966 )
Ми оставио впечаток дека за тие три години се изградени 14 илјади бараки и санирани се ( поправени ) 26 илјади станови. Имаше податоци и за други објекти и добро би било некој да ја најде оваа книга
Ова е речиси неверојатен технички напор.
Инаку за финансирање на изградбата и реконструкцијата на Скопје беше распишан јавен заем, а сите граѓани на Југославија купуваа обврзници од тој заем.
Имаше и посебен данок ( придонес ) за обнова и изградба на Скопје и тој се собираше, мислам; десетина години по Земјотресот.
Имаше објекти кој се подарок од народите на други земји но но најголем процент од изградените објекти се платени
Затоа мислам дека сите треба да се распрашаме и растрчаме и да собереме податоци за да ни успее оваа тема.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom