Најубавиот македонски збор

  • Креатор на темата Креатор на темата RocknRolaa
  • Време на започнување Време на започнување
Коловрт - не сум одбрал попусто да одам под ова име на форумов. Знам дека е малце егоистички од моја страна, но не можев да се воздржам. :)
 
Кога веќе почнавте со зборови ми треба едно објаснување на следниов збор, Нафака

Пред извесен период го слушав Гиш на радио и емисијата ја заврши со: нов ден и нова нафака. Никако не можам да најдам кое е значењето. Ако некој знае нека објасни.
 
Кога веќе почнавте со зборови ми треба едно објаснување на следниов збор, Нафака

Пред извесен период го слушав Гиш на радио и емисијата ја заврши со: нов ден и нова нафака. Никако не можам да најдам кое е значењето. Ако некој знае нека објасни.

Многу слично на среќа, можност за отворање на добри прилики или нешто во таа смисла. Во источните дијалекти често се среќава изреката: Нов ден, нова нафака. Еве од речникот.
 
Кафеана,на сите мислам дека ни е омилено место,па според тоа за мене и омилен македонски збор!
Преубава тема!:)
 
Нејсе - Не знам зошто ама ко ќе го чујам, ми се чини дека е архаичен збор, а истовремено ми изгледа многу футуристички.
Тотално футуристички. Замисли македонски сај-фај филм во кој во клучната сцена кога на протагонистот му издивнува миленичето под тркалата на лунарната сонда, вториот протагонист истрчува од спејс шатлот и го теши со зборовите: „Нејсе, доста лееш дробни солзи и к'лнеш нафака, мадафака! Опули се троа, збери пљачките и курдисај ја малихерата. Ќе си најдеш пес спроти тебе, деј гиди аџамија!“
 
Дејче - Зборов го сакам подеднакво колку и Битолскиот пандан чупе .
ФАЗЛА - Најмногу Прилепчани го користат.Според мене најоригиналниот Македонски збор .Инаку значи остаток
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom