Интер - Милан, “Дерби Дела Мадонина“ 24.02 2013

Кој ќе победи на дербито?


  • Вкупно гласачи
    176
  • Гласањето е завршено на .
Статус
Затворена за нови мислења.

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
29.087
Поени од реакции
62.208
The+Story+Behind+the+Milan+Derby+%2528inter+milan+vs+ac+milan%2529+unique+worlds.jpg
Големото "Derby della Madonnina" не очекува во недела навечер. Интер условно ќе биде домаќин во мечот со Милан, во сезона во која аспирациите на двата клуба се трето место и пласман во Лигата на Шампионите.​
Ваквата ситуација не беше очекувана на почетокот на сезоната кога Интер играше во одлична форма а Милан беше во големи проблеми со составот и со формата на своите фудбалери. Првиот натпревар сезонава им припадна на Неразурите кои славеа со 0:1 со погодокот на Самуел. Во продолжение, црно-синиот состав од Милано ја загуби формата. Тимот само повремено блеснува, а почесто знае да им приреди вистински кошмар на навивачите, како на двете гостувања со Сиена и Фиорентина. Во преодниот рок клубот се ослободи од обврските на Снајдер и Кутињо, а беа доведени Скелото, Кузмановиќ и младата Хрватска надеж Ковачиќ.​
Милан во меѓувреме се подигна од пепелта. По очајниот старт на сезоната, Росонерите им се вратија на победите, пред се благодарејќи на младиот Ел Шарави кој си ја искористии шансата. Хајлајт на сезоната беше неочекуваната победа над Барселона од 2-0, резултат кој сериозно се заканува да ги исфрли каталонците од ЛШ а на Милан му дава самодоверба и мотивација. Во преодниот рок, Берлускони го доведе темпераментниот Балотели назад во Милано, со што Росонерите добија на квалитет.​
Настапите на Интер во Лига Европа не им донесоа многу радост на навивачите - откако Неразурите го загубија најдобриот напаѓач Милито на подолго време, се повреди и Ранокиа кој најверојатно ќе го пропушти дербито. Кај Милан ќе отсуствуваат Бонера и Де Јонг.​
Формата е на страната на Милан кој има победи на четири натпревари од последните пет во лигата, наспроти Интер кој победи само еднаш. Минатата сезона кога Интер беше домаќин, натпреварот заврши со победа од 4:2.​
Играч на кој треба да се обрати внимание: Марио Балотели, кој сигурно ќе игра со посебна мотивација, но и под притисок на домашната публика.​
Можни состави:
Интер: Хандановиќ, Занети, Киву, Хуан, Нагатомо, Камбиасо, Ковачиќ, Кузмановиќ, Гуарин, Касано, Паласио.​
Милан: Абиати, Абате, Запата, Мексес, Костант, Амброзини, Монтоливо, Мунтари, Боатенг, Балотели, Ел Шарави.​
Термин: недела, 20.45
Отворачот на темава направи се што можеше да биде непристрасен. Forza Inter!!! :vozbud:
 
Ќе биде интересно како и секое дерби. Победникот се разбира - МИЛАН. Ќе победат со 2:1 стрелци Балотели и конечно, Ел Шарауи :icon_mrgr:.
За Интер стрелец?
-Гуарин :icon_mrgr:
Очекувам некој да му ја скрши ногата на то гомното Касано.
И за кеај FORZA MILAN :love:
 
Нека победи подобриот (Интер).

Се надевам на убав меч без повреди и инциденти.
 
Последните 5 натпревари помеѓу овие екипи:
:D :P
2hnuxzp.jpg



две од нив се од тим трофео.

Milano siamo noi:D

овој пат мислам дека е време за нерешено..Интер во претходните дерби редовно излегувал како победник,а пак сега Милан е подобра екипа и сите очекуваат да победи па така еден X за двете екипи по еден бод и сите што ја имаат пишено двојка да ги мани по капа
 
Ова е утакмица во која што моменталната форма не игра апсолутно никаква улога,а тоа се покажало како точно многу пати.Како фан на Милан нормално е дека се надевам на победа на црвено-црните,а мислам дека е и време да победиме.Последните 3 дерби утакмици им припаднаа на фудбалерите на Интер но ова дерби ќе го реши Супер Марио Балотели со помош од Шарави и Нијанг. :)

п.с Io Sono Interista нели Хуан е суспендиран за дербиво заради жолти картони ? Гледам си го ставил во можната формација па викам да прашам... :)
 
п.с Io Sono Interista нели Хуан е суспендиран за дербиво заради жолти картони ? Гледам си го ставил во можната формација па викам да прашам... :)
На форумов некој спомна дека е суспендиран ама на најавата во фудбал италиа го има. Така да не сум сигурен во моментов.
 
На форумов некој спомна дека е суспендиран ама на најавата во фудбал италиа го има. Така да не сум сигурен во моментов.

Кога доби жолт картон со Фиорентина доле под името му пишуваше дека го пропушта наредниот меч.Сеедно...и со него и без него ја губите оваа.:D
 
Кога доби жолт картон со Фиорентина доле под името му пишуваше дека го пропушта наредниот меч.Сеедно...и со него и без него ја губите оваа.:D
Што ќе ни е, го имаме Џонатан ако затреба :)
 
После утакмицава со Барса, или Интер ќе биде прегазен као со ваљак, или ќе ни удрат еден шамар за враќање у реалноста...

Све мислим дека второто ќе биде, дека циганот ќе го испровоцираат и дека ќе добие црвен картон и после водството од 1-0 на полувреме ќе заврши 1-1... :icon_lol:

ПС. Гласав за Интер по грешка... :гомце:
 
Ке бидеме грев да не гледаш....:(
Инаку гласав за Интер само од навика
 
Ќе се одигра Дербито на дедовците..да ги соберите годините на двата тима два и кусир векој ќе соберите
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom