Е па вака сега да ти разјаснам, Минатата недела ја играв(ме) Горење пошто беше реално да се очекува, Силкеборг се секако 4-ти, а Горење ако сакаше да се бори за второ место, да дојде до ситуација да им ја даде Киелце последната дома, мораше да тепаат. Силкеборг изигра сосема непотребна победа, башка и во првенството се борат за титула па беше реално да се очекува да “попуштат“.
За прикаската со Савехоф...Целје за пласман понатаму можеше да се дозволи и пораз од 5 разлика. Јас сакав да ја играм 1 со хен (+2.5), а и видов дека паѓаше коеф за 1 ептен и уште тука ми стана сумљиво. На шалтер ми рекоа дека утакмицава не оди со никаков хен. ни цела ни на пол., само чисто 1/Х/2. И по претходно кажаната логика а и поучен од “случајот Силкеборг“ си реков, од двете опции, јбг, ќе изберам 1, поверојатно ми изгледаше. 2.00 беше за 1 и 1.80 за 2-ка. И нормално си излезе лагана 2-ка

А причината шо системот го изиграв така е шо веќе немам никаква надеж во кладилницава, ги пишам тешки, лесни, секакви, ако влези, арно, ако не здравје. Џабе е мислење, премислување, анализи, ако немаш среќа. Затоа и пишувам тешки системи, ливчиња со ГГ1, ГГ2, ако влезе барем еднаш ама вреднаш. Оти не знам колку пати се имам изгорено на таквите “лесни“ утакмици кои ги играв со 200-400 влог за добивка од 800-1000, ќе ти ебам јас тоа кладилниците и нашите плитки умови.

Затоа само играње на ситно, макс до 100 ден. Не беше ни приближно вака пред 5-6 години, ама тогаш минимална уплата беше 50 ден. а и немавме интернет како сега, се да пратиме. А и некако проклетство е да имаш кладилница на 50 метри од тебе

. Затоа играње само од забава, колку да ми биде пуштено резултати.ком и да слушам тоа свирката за голови. Пара од ова нема