Кој е подобар готвач, мажот или жената?

Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
Мојот домаќин е моја инспирација. Пред да ги сретнам знаев да равам само кафе без шеќер. Кога видов со колкав мерак готви, и мене мерак ме фати.
Најсуперски ми е да готвиме заедно: он сецка, јас филозофирам и пуштам музика, па мезиме, па ај на здравје, па јас се вклучувам у готвењето, он прави салата - за тоа капа му симињам, никогаш не ја научив дозата за маслиново масло, балзамико и аџи шио во вистински размери... И јадеме, се бацуваме со мрсни усти, понекогаш имаме и фото сешн, ако ме остави, да има со што да го уценувам:sneaky:

И ... животот е убав...(y)
 

Mondonico

ВАР експерт
Член од
15 јануари 2013
Мислења
10.236
Поени од реакции
18.413
Ова е исто како за прашањето кој е подобар возач - мажот или жената?

Кај возењето автомобили скоро сите мажи возат и ги има и добри и лоши. Додека, возат само оние жени кои ги бива за тоа. Поради таа причина се смета дека жените се подобри возачи, всушност тоа се мисли така, затоа што возат мал број жени и тоа само најдобрите.

За готвењето е исто. Скоро сите жени готват, а кај мажите само оние кои добро можат да го прават тоа. Кај жените бидејќи безмалку сите готват ги има и лоши и добри :). Затоа пак овде се смета дека мажите се подобри готвачи, нешто што не е точно, исто како што не е точно дека жените се подобри возачи на автомобили :).
 

leandra

Модератор
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.641
Поени од реакции
38.562
150 денари на пазар и тоа дрвено и тенко. Штета е вака поради сукалото да добиваш минус поени. :D
Леј ама го фати жив еј :pos::pos:
Ах бе мажи, мажи, женско око се приметува не заборавајте го тоа :)
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
па се знае, тој или таа што имат желба за готвење
--- надополнето: 2 март 2013 во 04:44 ---
па се знае, тој или таа што имаат желба за готвење
 
Член од
1 октомври 2012
Мислења
41
Поени од реакции
32
Исто е бе пријатели. Тој што има мерак да готви ќе готви убаво. Тој што нема, нема да готви. Али, еклерите и питата кои ми ги готви баба ми, се незаменливи:)
 
Член од
2 јули 2010
Мислења
4.625
Поени од реакции
5.678
mazite se najdobri gotvaci toa e fakt, ali na mazot ne mu e mesto vo kujna po doma. Vo site normalni opstestva normalno e zenata da gotvi da cisti da pere da pegla a mazot da raboti drugi raboti. Da otvara tegli, drva da cepi i taka.
 
Член од
21 март 2013
Мислења
379
Поени од реакции
1.080
Вистина е дека мажите се добри готвачи. Највкусното јадење што сум го јадела било од машко.
На татко ми специјалитетите ми се незаменливи. Подобро готви и од мајка ми.
Ама нормално, жената си е за во кујна. Не ќе готви мажот секој ден.
Ама, не е лошо некогаш да изненади со некој негов ''машки'' рецепт. Со нешто што тој подготвил...онака, од разонода.
 
Член од
20 октомври 2012
Мислења
3.612
Поени од реакции
6.240
Мене храна правена од мажи готвачи ме смирува а од жени ме вознемирува, незнам зошто?
 
Член од
4 јуни 2013
Мислења
13
Поени од реакции
3
100% mazite ja znaat tajnata na dobrite zacini a i gotvat so pogolema lubov i strast od zenite
 

blue ladybug

Фанг ловер
Член од
5 февруари 2013
Мислења
5.210
Поени од реакции
11.803
Најдобар готвач кој го познавам е баба ми. И после сите нејзини јадења кои сум ги пробала до сега, не верувам дека ќе сретнам некој кој подобро ќе ми придготви било какво јадење. Освен јас самата де :pipi:
Ама и моите нема да бидат поубави од тие на баба ми.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom