Штитна жлезда и проблеми со неа

  • Креатор на темата Креатор на темата NeMiRnA
  • Време на започнување Време на започнување
Ве молам за помош, татко ми беше на патофизологија и дијагнозата е струма. најдоле на резултат му напишале дека накднано ќе го повикат за цитодијагностичка пункција. дали тоа значи дека се сомневаат на канцер и дали има некој искуство од тоа
 
Не бе таман работа, тоа струмата се оперира лесно, баба ми се оперираше гајле нема до ден денес.
 
Да но мене ме плаши тоа што најдоле се напишале за биопсија. да не сомневаат на рак а инаку вредностите на жлездата се нормални знаци
т4 е нормално а ТСХ е 0,15
 
Да но мене ме плаши тоа што најдоле се напишале за биопсија. да не сомневаат на рак а инаку вредностите на жлездата се нормални знаци
т4 е нормално а ТСХ е 0,15
Не можеш кога ќе слушнеш биопсија да ти текнува на рак. Не испаничувајте без потреба. После биопсија се утврдува се. Доцна е за одговор бидејќи имате свршено работа до сега. Сигурно не е ништо сериозно.
 
најголем процент од болестите на тироидеата не се малигни но за секој случај се прави пункција-биопсија да се утврди структурата и карактерот , па се прави исто и скен на истата за да се утврди терапијата. не е ништо страшно
 
imam eden problem od strucni lica mi treba vase mislenje:Vaka primam eutiriox100 4 god,imam hipertenzija,angina pektoris,dali moze da se namalat dozite na eutiroxot zosto se pojavuvaat problem so zeludnikot i ocekuvam pobrzo vase mislenje i sovet !
 
Секако не смееш сам да го дозираш Еутироксот, мора ендокринолог да го направи тоа. Дозирањето зависи од вредноста на хормоните, но може да се обидат комбинации да ти направат (пример 5 дена да примаш 75, а 2 дена од 100 ) за да видат така дали жлездата ќе остане во еутиротична фаза, а ќе ти се средат несаканите дејства.
Кај поголема доза најчесто е присутна тахикадијата ама ништо не смееш да правиш на своја рака!
 
Имам дијагноза хипотиреодизам и сум моментално на Еутирокс 75 (ТСХ хормонот на крвната слика беше доста висок - 50). Истовремено имам многу јаки аритмии, за кои се смета дека се поврзани со оваа состојба. Би сакала да ве прашам дали некој од вас го имал истиот проблем и како успеал да се справи со тоа, затоа што еве веќе четири недели сум на Еутирокс (првите две x 25 mg, вторите x50 mg) и сеуште немам некои подобрувања во однос на аритмиите :( Почнува да ме фаќа паника :(
 
Луѓе ај ако може некој совет, помош шо се вика.
Се работи за мајка ми која веќе неколку месеци одкако дозна дека има хипертиреоза (hyperthyriodism) , значи зголемено производство на тироидната жлезда... Често ја фаќаше нервоза за ситници, неможеше да клекне ја болеа мускули, напната, ослабе многу...Беше неколку пати на доктор, и државен и приватен у Филип , некако незадоволна па беше дури и 4 третмани на кинезитерапија... еве ја вредностите сеуште високи... сега пак отиде на државна и и дале да пие Propylthiouracil 50mg по 3 на ден да ги пие , плус има препишано Concor 5mg по четврт на ден да пие.. Ме интересира гледам многу од вас пиеле Еутирокс, дали овие се само за Хипотиреоза? Затоа не и се препишани на мајка ми? Да знам дали се лечи како што се лечат сите, да сме на чисто. Инаку у Филип втори пак и имаа препишано Пропилтуоарицил 50мг 3x1, Пропранолол 40мг 2x1 и Селен 50mg 1x1 . Тоа е луѓе само сакам да ми потврдите дали терапијата звучи на место. Фала однапред поздрав .
 
На место е. Не се грижи, само треба време за да се стабилизираат хормоните. Пропналонололот се дава за тахикардија и заштита на срцето, претпоставувам и concor се со иста намена. Селенот е минерал кој не штети да го пие зошто нарушената функција на тироидната подобро се стабилизира со негова помош и најчесто се пие три месеци, па наредните три пауза.

Никој не може да ти гарантира за колку време би се излечила. За разлика од хипотироидеата која е болест/состојба скоро цел живот контролирана со лекови, кај хиперот терапијата и нормализирањето најчесто е година до година и пол. После тоа ако се стабилизира треба да оди на контроли по два пати годишно и ќе биде добра. И секако постојат исклучоци каде што е потребно пократко или подолго време, зависи од вредностите на хормоните ....
 
Искуства со нервозни луѓе кои си имаат проблеми со тироидната сте имале?
Јас понекогаш не можам да и ги трпам испадите за глупости, и јас ги изгубив нервите...колку што можам ја толерирам...
 
Искуства со нервозни луѓе кои си имаат проблеми со тироидната сте имале?
Јас понекогаш не можам да и ги трпам испадите за глупости, и јас ги изгубив нервите...колку што можам ја толерирам...

+1
 
Искуства со нервозни луѓе кои си имаат проблеми со тироидната сте имале?
Јас понекогаш не можам да и ги трпам испадите за глупости, и јас ги изгубив нервите...колку што можам ја толерирам...
натерај ја личноста да оди кај матичен да и препише дијазепам, лексилиум што и да се дава. Сите се мачите така, не е во ред. И баба ми имаше проблем со тироидната, оперирана два пати ама смирена личност, никакви испади немаше.
 
Одвај ја убедувам и тие апчињата што и се за тироидна да ги пија и да оди на лекар на контрола....таква си е можи по карактер инает не мора да значи дека и е од тироидната..

И нон стоп заборава да ги пија, и некогаш поваќа, припаѓа и се лоши и се онесвестува...
И беше оперирана плус од некое кило на желудникот, некоја мрежа што и ги држела цревата и пукнала па и ја праеја...абе :facepalm:...Не ми се зборува...
 
Збориме за хипер и нервоза, така? Зошто за хипо не е воопшто типична нервозата.
Обично кога хормонот се нормализира и нервозата се регулира. Потребни се недели или месеци ама под услов да ја пијат редовно терапијата за тироидната. И ако има потреба и хелекс препишуваат.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom