Кравата лета! Ама зошто? Нема зошто и како...Кравата лета!
Он топик
Можеби сум пропуштил нешто. Но дали постои објаснување за тоа што ќе се случи со неверниците по нивната смрт?
Дали под неверници или ќафири спаѓаат сите оние кои не го следат Аллаховиот Пат, односно не се муслимани (христијани, атеисти итн...)?
Или под кафири спаѓаат оние кои прават работи кои се согласни со Шејтанот и неговите патишта?
Така одговорив за прашањата кои ги постави интериста,и реков дека тоа го сфаќам така за конкретните прашања.
Онтопик
Под неверници или ќафири спаѓаат сите оние кои го негираат шехадетот(Ла иллахе илАллах,мухаммеден ресулАллах = Нема друго божество вредно за обожавање освен Аллах,и Мухаммед е негов пратеник)
Кој не се пронаоѓа под ова,спаѓа во гореспоменатата група
Дали луѓето кои никогаш немале контакт со Исламот, исто така се ќафири?
Бог пред Мухаммед праќал пратеници,а со Мухаммед е завршено праќањето на пратеници и усовршена е верата.
Оние кои исправно ги следеле пратениците пред Мухаммед,не се ќафири и Аллах знае што е со нив,ние како луѓе во тоа не се мешаме.
Но тоа е до пратеништвото на Мухаммед,со праќањето на Мухаммед ова завршува,и секој кој не поверувал исправно во него како и во претходните пратеници,нема оправдување пред Аллах на Судниот ден.
Дали постои некое објаснување за Судот на Аллах врз луѓето кои не се муслимани но се добри и не се грешници наспроти луѓето кои се грешници и прават лоши дела а се муслимани при тоа?
Дали муслиман кој верува во Аллах а прави гревови ќе биде повеќе награден кога ќе дојде Судот, неголи човек кој еве рецимо е христијанин, ама не прави гревови и е милосрден, според Куранот?
Кај Аллах нема поголем грев од ширк(да ми припишуваш придружник(било да е тоа жена,дете,другар,или некој од неговите створенија),и ширкот е грев кој Аллах нема да го прости нормално доколку човек умре со тој грев.
Створителот е независен од Своите створенија.
Можеш на Судниот ден да дојдеш со тон гревови,од Аллах зависи дали ќе ти се смилува за тоа или не,но ако дојдеш со неверување во Него,казната е вечен Оган.
И со самото тоа што муслиман кој верува во Аллах а прави други гревови,ќе има можност Аллах да му се смилува на Судниот ден.
Што не значи дека и муслиман нема да го вкуси вкусот на џехенемот(пеколот) за да биде казнет за тие гревови,но ако исправно верувал во Аллах кад-тад ќе биде изваден од пеколот и ќе биде награден за верувањето и за другите добри дела што ги правел.
Додека рецимо христијанин кој не прави гревови и е милосрден како што велиш но цел живот верувал дека Бог има син,или дека Бог е 3 во 1,или атеист кој цел живот вика не постои Бог,и ако на Судниот ден дојде со такво верување,единствено олеснување е што нема да биде казнет за тие добри дела што ги направил,а ќе биде казнет за неверувањето и лошите дела,а казната за тоа е вечен Оган.
пример: Чичкото на пратеникот Мухаммед,Ебу Талиб.. цел живот бил покрај Мухаммед,му помагал,го бранел кога го напаѓале,го подржувал во неговата мисија,но поради почитувањето и верувањето кон неговите предци кои биле многубожци не сакал да ја смени својата вера,туку умрел на верата на неговите предци.
Иако никој од немуслиманите не може да направи подобри дела од него,тој живеел во времето на пратеникот Мухаммед,го бранел и го подржувал,но сепак ќе биде во пеколот,иако со најблага казна од сите,но сепак пекол заради неверувањето.
Аллах вели во Куранот:
1. Се колнам во времето,
2. човекот навистина губи,
3. освен тие коишто веруваат и коишто прават добри дела, и коишто едни со други си ја препорачуваат вистината, и коишто едни со други си ја препорачуваат трпеливоста.(сура Ел-Аср)
Фала ти за конкретното прашање,и се надевал дека си задоволен од одговорот.