Една супа човек не може на раат да изеде, и една ракија барабар со неа да се напије, да изгорат јадове, да пукнат душманите....
Сметките са едно реалната состојба е друго....
Ако земјоделието е основна дејност, 500 евра добивка на месец си е доста сериозна цифра...
Да зееме пример овоштарник со сливи....
Требат од 60-80 тона (зависи од годината) сливи... Просек цена 10 денара...
Требат около 3 хектара под слива... 100 денара садник (добро, државата плаќа дел со субвенциите, ама требе од џеб да ги извадеш, и после државата да ти ги врне назад).
За сеејне требе човеци, требе дупки да се копат (може со сврдел и трактор, ама требе некој да го изработе), и требе вода...
Имаш около 1500 евра препарати.
20-25 килца вештачко ѓубре на декар. 15-20 вреќи на сезона... 1000 денара вреќичка...
4-6 пати орајне (3 литра нафта од декар)... нафта плус, коа ги посетуваш, шеташ гледаш. (6х3х30х70 денара)
Наводнувајне оти кај нас е суша... Ако имаш пупма побиено, пари за бензин.. Ако имаш договор со акумулација, пари за договор. Кај мене дома некои са под акумулација, за некои бензин давам...
10% данок за државата.
Атомизер за прскајне (на грб сигурно нема да ги прскаш) 1500 до 2000 евра е добар од 500 литра.
Трактор, со плугове, култиватори/фреза, приколица... (Не паѓат од небото)
Берба... Аргати, товарачи, помошници... 500 денара дневница 2 пати јадејне. баре 5-7 здрави берачи и товарачи
Кроејне... (Ако не знаеш, ќе си платеш кројач...) 100 денара од дрво е кај мене.
Се на се... Почетната инвестиција е баеги пари...
А за поддршка, после првата инвестиција, 50-60% од производството оде за трошоци само... Стави и дневниците за тебе и фамилијата, и никојпат на крај не излеваш....
Тутун.. 4-5 тона те раскрстуват...
А за да набереш 4 тона сух, значи да си набрал 20 тона зелен лист.... 4 тона са ти около 1000-1200 топа/туфки... тава за 50-60 000 низи...
Бербата е од Јуни до Септември.... 4-5 месеца.... После имаш низи закачувајне, па коа се исуше да го собереш, складираш на суо да не фате муула, да не се расипе, па да го издиплеш/наредеш у бали/картон...
иначе тутун около 300 кила од декар макс.. колко декара требе за 4 тона прави сметката...
И за него работата почнува у февруари завршува у февруари.. 4 тона требе 4-5 души фамилија здраво да работат, и само со тава да се занимават.
Исто орајне 3 пати, копајне, сеејне, хемикалии, и на грб прскајне....
За компир, бостан, пипер, не ми се говоре, лоши спомени имам од едно време...