Вака, ова е интересна тема, оваа вест одекна денеска и е главна тема насекаде. Со оглед дека Бугарија е наш сосед, ваквите теми треба да бидат разгледани и продискутирани, се разбира конструктивно.
Ретко се случува премиер и цела Влада да дадат оставка.
Имаме тука и граѓани на Бугарија, исто може да ни пренесат дел од атмосферата во Бугарија и начинот на кој се перцепира оваа одлука на Борисов.
Што мислите?
Одлука навистина заради доброто на народот или некој вид маркетиншки трик? Многу луѓе се изненадени од оваа одлука. Дали е истата навистина изненадување?
Што значи ова за Бугарија?