Анархија

  • Креатор на темата Креатор на темата anarchy
  • Време на започнување Време на започнување
Имам, поентата е доста едноставна и во главно се совпаѓа со онаа на Шабан. Ти си тежок лицемер кој се впуштил во борба со ветерници за да го затскрие своето лицемерие...

Ламентира за капитализмот а истовремено поддржува експлоатација и ги користи сите можни придобивки на капитализмот (претпоставувам дека имаш и фејсбук) ама не се чувствувала убаво во врска со тоа, so that makes it okay...

:pos:

Замисли јас ќе почнам да убивам луѓе, и после секое убиство ќе чувствувам каење, ама никако нема да престанам. Оди легни си...

со нивни камен по глава,искористи го моментот....
 
Gledate kako aktivnosta vo tekot na vikendot im raste a so toa I inatot bidejki fakti nemaat.
 
Просветли ме, о семоќен! Спаси ме од заблудата во која живеам. :cuc:

П.С. Гледаш на кафе?
П.С. Да. :)
549760_328805987227472_736120879_n.jpg
 
Gledate kako aktivnosta vo tekot na vikendot im raste a so toa I inatot bidejki fakti nemaat.

Ја гледам како тебе клон акаунтите ти растат, па никој не се жали. Гледај си твоја работа, а неколку активни биле анархистите.
 
Интересна работа се сите тие анархизми, конзервативизми, национализми и останати __изми и чизми. Во книгите напишани во климатизираните академски простории и салони се е така убаво, невино прекрасно. Во реалност идеологиите ни го дадоа симболот на дваесеттиот век. Логорите, војните. Значи човештвото си дојде до ниво во име на идеологии да ствара логори, војни и се останато. Затоа пополека со идеологии.
Инаку за да се отвори дискусија баш ме интересира како анархистите планираат, ако еве им се оствари идејата, да спречат тоа што погоре го кажав? И како на многу луѓе кои не знаат да читаат и пишуваат (да има и такви но тие се најчесто надвор од центарот на Скопје) ќе им ги објаснат идеите за тие правилно да ги разберат?
 
Поназад е објаснето милион пати, ама ај тебе ми те сакам, па ќе се повторам по не знам кој пат. :)

И мене знае да ми се има згадено од „измите“ и потребата за некакви поделби, а знаеме дека било каква поделба води до омраза. Без разлика дали сум ја познавала теоријата или не, јас од секогаш сум била човек кој се гади од било каков облик на авторитет. Мене ме фрустрира моментот што некој кој се разликува од мене само по изглед и карактер, а претставува истото она што и јас, се смета за супериорен. Никогаш не сум можела тоа да го сварам!

Да ти одговорам на прашањата.
Убиствата се неизбежни во било какво општествено уредување. Но, сметам дека во анархистичко општество би биле сведени на минимум. Зошто? Затоа што најчесто војни и убиства се случуваат поради материјални добра. Во општество каде ќе имаш време да бидеш креативен и да ствараш, каде трудот ќе ти биде исплатен, мислам дека нема да има толкава потреба за убиства. Секоја негативна карактерна особина, што човекот ја развил со текот на времето, ќе мора да исчезне или да се потисне во име на слободата, освен ако си глуп и сакаш шеф над глава...
Што се однесува до објаснувањето на „неуките“ и „неписмените“, поимов ми е малку нејасен, затоа што имам сретнато луѓе кои не знаат да читаат и да пишуваат, а биле помудри од грото „интелектуалци“. Да не навлегувам во друга тема, накратко ќе кажам дека за мене не е интелектуалец оној кој е нацицан со туѓи информации. Е сега, за да се случи тоа анархистичко општество, потребна е развиена свест кај луѓето. Свесни сме за тоа и не брзаме никаде, ако не јас, се надевам дека ќе создадам услови за идните поколенија да го доживеат тоа, макар и да биде за 100 години.
 
Каде гледаш тука оксиморон? Доколку контролата доаѓа од самоконтрола, значи јас си поставувам граници и не го правам она што не сакам да ми биде направено мене?
Контрола и самоконтрола не е исто. Самоконтролата е суштински индивидуално насочена, што немора да биде случај и со контролата.
Анархијата како што е дефинирана во воведниов пост е суштински колективно насочена. Таа е колективен систем, замисла која треба да биде група на луѓе кој коегзистираат без хиерархија и авторитети.
Самоконтролата во колектив не игра многу улога ако колективот нема исти карактеристики, интереси и цели со поединецот.

Анархијата може да функционира како изолирана комуна на истомисленици, но да биде применлива како глобален општествен систем, е луда, наивна и смешна идеја.
Постои многу едноставен и очигледен пример кој може да го докаже тоа, се што треба е да се состави група која ќе има по еден преставник од сите културни, религиозни, социјални и интелектуални слоеви на општеството. Таа група да се остави сама на себе и да се набљудува.
 
Контролата ќе се воспостави по пат на самоконтрола. Нормално дека се има заеднички интерес. Се вика слобода.
Во денешно време, со овакви расипани луѓе, навистина е луда замисла, ако зборуваме за да биде на глобално ниво. Но, ова веќе го имам спомнато, проблемот би бил решен кога ние истомислениците би можеле да си живееме во такви комуни, без власта да го пика носот во нив.
 
Негледам зошто власта би била проблем. Општеството бара од поединецот обврски затоа што му овозможува права и привилегии.
Ако таа група на истомисленици сака да се откаже да привилегиите на општеството, верувам дека и општеството ќе ја остави таа група сама на себе, се разбира доколку е демократско општество.
 
До сега не се случило (и кога било мирно, без никакви проблеми). Има мал успех во Грција, само не знам до кога...
 
Демократските општества не се никаква пречка за организирање на комуни од тој тип. Амишите се меѓу најпознатите колективи кој живеат без никакви придобивки од надвор и државата воопшто не им го попречува тоа.
 
Се случи во Данска еднаш, сега има втор обид за да го живнат градот, ќе видиме до каде ќе оди.
 
Да видиме. :)
Интересен концепт имаат и таканаречените "препери", луѓе кој се посветуваат да создадат услови со кој ќе станат комплетно независни од општеството, а најчест мотив им се сценаријата за глобален колапс.

Значи да резимирам. Јас немам ништо против било каков начин на живот, се додека тоа не го нарушува начинот на живот на останатите. На оваа тема не се согласувам со оние што сметаат дека анархијата треба да биде општествено уредување на иднината на глобално ниво. Исто така го сметам за лицемерно користењето на придобивките на хиерархиски структуираните општества за рушење на истите.
На планетава веќе постои организам кој ги користи ресурсите на останатите организми и на тој начин ја руши нивната структура. Тој организам е познат како вирус.

Ако некој смета дека хиерархијата е зло, нека не ги користи нејзините придобивки како што тоа го прават Амишите на пример. Но повик кон рушење на досегашниот систем, без понудена и издржана со аргументи алтернатива е во најмала рака непромислено.
 
Глобален колапс во која смисла?

Јас мислам дека би било супер ако анархијата успее на глобално ниво, но исто така би била среќна и ако можам безгрижно да си живеам надвор од системот, во комуна или не, без власта да ми диши во врат.
Не можеш да критикуваш некој што несебично сака да шири љубов, мир, разбирање, солидарност итн.
Кои се придобивките? Мораш да земеш во предвид дека изборот и не е така голем.
Што се однесува до повикот кон рушење на системот, без понудена алтернатива, апсолутно си во право, НО алтернативата е дадена на милион книги. Алтернативата не е нешто едноставно што може да се објасни во кратки црти, затоа и е така несфатена од народот. Е нема кој да чита... На крај краева, немам јас шеснаесет години па слепо да верувам на нешто.
 
Глобален колапс во која смисла?
Зависи. Некој се ориентираат исклучиво за конкретен колапс, на пример енергетска криза која ќе го блокира транспортот, комуникациите и слично, а некој киолапс во општа смисла, кога би се распаднале сите структури на цивилизацијата и би завладеал хаос.
Има на нет, еве од прва едно линкче за нив што најдов: http://www.shtfplan.com/emergency-p...r-websites-and-blogs-on-the-internet_02012013
Јас мислам дека би било супер ако анархијата успее на глобално ниво, но исто така би била среќна и ако можам безгрижно да си живеам надвор од системот, во комуна или не, без власта да ми диши во врат.
Не можеш да критикуваш некој што несебично сака да шири љубов, мир, разбирање, солидарност итн.
Кои се придобивките? Мораш да земеш во предвид дека изборот и не е така голем.
Што се однесува до повикот кон рушење на системот, без понудена алтернатива, апсолутно си во право, НО алтернативата е дадена на милион книги. Алтернативата не е нешто едноставно што може да се објасни во кратки црти, затоа и е така несфатена од народот. Е нема кој да чита... На крај краева, немам јас шеснаесет години па слепо да верувам на нешто.
Премногу розово сценарио е тоа. :) Види го опкружувањето околу себе, види ги разликите и конфликтите насекаде низ светот. Светлосни години далеку е човештвото од моментот кога нема да му требаат авторитети, власт и закони.
Анархијата е еден вид на самостојност но во колективна смисла, а самостојноста бара со себе одговорност. Човештвото во моментов во поглед на зрелост и одговорност е на ниво на пет годишно дете. Е сега колку е паметно на дете да му дадеш да прави што сака мислам дека не е ни потребен коментар.

Што се однесува до организирање на истомисленици со цел да живеат без обврските и придобивките на општеството, тоа е сосема возможно, такви примери имало и има и сега.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom