Анархија

  • Креатор на темата Креатор на темата anarchy
  • Време на започнување Време на започнување
Зависи. Некој се ориентираат исклучиво за конкретен колапс, на пример енергетска криза која ќе го блокира транспортот, комуникациите и слично, а некој киолапс во општа смисла, кога би се распаднале сите структури на цивилизацијата и би завладеал хаос.
Има на нет, еве од прва едно линкче за нив што најдов: http://www.shtfplan.com/emergency-p...r-websites-and-blogs-on-the-internet_02012013

Премногу розово сценарио е тоа. :) Види го опкружувањето околу себе, види ги разликите и конфликтите насекаде низ светот. Светлосни години далеку е човештвото од моментот кога нема да му требаат авторитети, власт и закони.
Анархијата е еден вид на самостојност но во колективна смисла, а самостојноста бара со себе одговорност. Човештвото во моментов во поглед на зрелост и одговорност е на ниво на пет годишно дете. Е сега колку е паметно на дете да му дадеш да прави што сака мислам дека не е ни потребен коментар.

Што се однесува до организирање на истомисленици со цел да живеат без обврските и придобивките на општеството, тоа е сосема возможно, такви примери имало и има и сега.

Значи веќе се согласивме дека со денешниве луѓе не е возможно овакво општество, затоа што ќе настане хаос. Да не се повторуваме.
Рековме и дека бунтот кај народот е знак на покачување на свеста, ама очигледно и за тоа не сме сеуште спремни.
А уште понеспремни сме да разговараме за линков што си го пуштил, затоа што сеуште основата на анархизмот не е сфатена, не па овакви подлабоки нешта.
 
Значи може да се согласиме и дека проблемот не е во хиерархијата, туку во луѓето кои ја злоупотребуваат истата. ;)
 
Е тука не можеме. Јас ја презирам хиерархијата и ја сметам за потполно непотребна. :)
Хиерархијата не е човечка творба, таа е составен дел на природата и универзумот воопшто.
Самото тоа што презираш нешто, го ставаш на пониско вредносно ниво од нештата кои ги сакаш, креираш - хиерархија.;)
 
Знаев дека ќе играш на таа карта! :) Почнав да се објаснувам и за моето гледиште кон природата, ама избришав и чекав да ме прашаш. :icon_mrgr:

Јас не гледам никаква хиерархиска поставеност во природата. За мене не важи она „посилниот владее“. Јас во природата гледам хармонија, единство и нормално, неизбежниот синџир на исхрана, кој луѓето најчесто го изедначуваат со „пирамидата“. Мене таа „прамида“ ми е потполно неприродна!
 
Ти може негледаш, но во една глутница останатите волци итекако гледаат кој е алфа мажјакот. Исто така ти може негледаш, но во едно пчелно семејство, пчелите многу добро знаат кој е матица.:)

Нештата кој не сакаме да ги гледаме не исчезнуваат поради тоа што не ги сакаме. Тоа е детско размислување.

П.С. Хиерархијата не ја исклучува хармонијата, напротив таа ја создава.
 
Така.
Пчелите и волците. Хиерархиската поставеност ја има кај секој вид?
Зарем човекот не се сметаше за свесно суштество? Ако веќе се споредуваш со однесувањето кај одредени животниски видови, тогаш зошто чувствуваш гадење од уништување на технологијата и цевилизацијата?
 
А кој нормален не би чуствувал дека уништувањето на технологијата и цивилизацијата е погрешно?
Зошто ја користиш во моментов ако е непотребна? Извини, ама не ти ја разбирам логикава.
 
Има доста нормални луѓе, со јаки аргументи, што мислат така. Дури ни јас не знаев што да им одговорам. :)
Јас сметам дека е во ред, само што треба да се средат некои „мали“ исправки и не треба да се дозволи да отиде во погрешна насока. А се злоупотреби и отиде!

Ти го спомнав ова затоа што ти се сметаш за свесна и цивилизирана индивидуа, а се споредуваш со пчели и глутница волци.
 
Ако ти ја гледаш природата како хармонија, тогаш зошто ги потценуваш пчелите и волците?
И поентата не ми беше да се споредувам себеси со пчели и волци, туку поентата беше дека хиерархијата не е човечка творба, дека е дел од природата, дека е насекаде присутна. Еве го тој момент:
Хиерархијата не е човечка творба, таа е составен дел на природата и универзумот воопшто.
Самото тоа што презираш нешто, го ставаш на пониско вредносно ниво од нештата кои ги сакаш, креираш - хиерархија.;)
 
Ако ти ја гледаш природата како хармонија, тогаш зошто ги потценуваш пчелите и волците?
И поентата не ми беше да се споредувам себеси со пчели и волци, туку поентата беше дека хиерархијата не е човечка творба, дека е дел од природата, дека е насекаде присутна. Еве го тој момент:

Не се разбираме. Не потценувам ништо од природата, ок, освен човекот кој го „учи“ од животните она што му одговара. :icon_lol:
Мислам дека оваа појава не е присутна во природата на човекот и џабе е и да се натегаме до сабајле, не ме убедуваш. :)
 
А од каде идејата дека те убедувам? Се обидувам да те разберам, и не те разбирам, затоа што негираш очигледни факти.......
Еве да бидам појасен.
1. Како што те разбрав ти ја презираш хиерархијата воопшто, без разлика во која форма е.
2. Не гледаш хиерархија во природата.
3. Примерите кој ги посочив и кој се хиерархиски во својата суштина несакаш да ги сметаш за хиерархија.

Од тука, единствено можам да заклучам дека ти имаш вкоренет стереотип и фобија кон самиот термин, а не кон тоа што тој претставува.
--- надополнето: 21 февруари 2013 во 00:35 ---
Мислам дека оваа појава не е присутна во природата на човекот и џабе е и да се натегаме до сабајле, не ме убедуваш. :)
Во врска со ова....Дали различното ниво на интелект на кое се наоѓаат луѓето не е природна хиерархија?
Дали се на исто ниво човек со интелегенција 150 и 50?
Еве нека нема држава, закони, власт...ништо од тоа нека нема, дали интелегентните луѓе со својата способност нема природно да се издвојат и истакнат над помалку интелегентните?
 
А од каде идејата дека те убедувам? Се обидувам да те разберам, и не те разбирам, затоа што негираш очигледни факти.......
Еве да бидам појасен.
1. Како што те разбрав ти ја презираш хиерархијата воопшто, без разлика во која форма е.
2. Не гледаш хиерархија во природата.
3. Примерите кој ги посочив и кој се хиерархиски во својата суштина несакаш да ги сметаш за хиерархија.

Од тука, единствено можам да заклучам дека ти имаш вкоренет стереотип и фобија кон самиот термин, а не кон тоа што тој претставува.

Да. Имам фобија и стереотип од хиерархијата присутна кај луѓето, но не ја негирам онаа кај волците на пример. Мислам дека хиерархијата кај луѓето е наметната во текот на годините. Тргнувајќи од мене, мене ми е непотребна. Кога јас можам да успеам да се ослободам од пранги и да функционирам без нив без проблем, може секој, само не сака...

Во врска со ова....Дали различното ниво на интелект на кое се наоѓаат луѓето не е природна хиерархија?
Дали се на исто ниво човек со интелегенција 150 и 50?
Еве нека нема држава, закони, власт...ништо од тоа нека нема, дали интелегентните луѓе со својата способност нема природно да се издвојат и истакнат над помалку интелегентните?

Не. Јас не го сметам за хиерархија. Зошто би се издвоиле тие луѓе? Его можеби? :)
 
Да. Имам фобија и стереотип од хиерархијата присутна кај луѓето, но не ја негирам онаа кај волците на пример. Мислам дека хиерархијата кај луѓето е наметната во текот на годините. Тргнувајќи од мене, мене ми е непотребна. Кога јас можам да успеам да се ослободам од пранги и да функционирам без нив без проблем, може секој, само не сака...
Ме зезаш! Не ти била тебе потребна, и затоа не му е потребна и на човештвото!? :rolleyes:
Ако не ти е потребна, кој те присилува да бидеш дел од неа? Дали ако вечерва влезат крадци кај тебе нема да се јавиш во полиција да пријавиш? Дали ако навечер додека се враќаш дома од некоја журка, некој се обидува да те силува, ќе ја одбиеш помошта од полицаецот кој ќе се најде во близина?
Не. Јас не го сметам за хиерархија. Зошто би се издвоиле тие луѓе? Его можеби? :)
Поентата е дека тие веќе се издвоени, затоа што имаат поголема способност да решаваат комплексни ситуации, со тоа автоматски се во предност кога е во прашање преживување, градење живеалишта и слично.
 
Ме зезаш! Не ти била тебе потребна, и затоа не му е потребна и на човештвото!? :rolleyes:
Ако не ти е потребна, кој те присилува да бидеш дел од неа? Дали ако вечерва влезат крадци кај тебе нема да се јавиш во полиција да пријавиш? Дали ако навечер додека се враќаш дома од некоја журка, некој се обидува да те силува, ќе ја одбиеш помошта од полицаецот кој ќе се најде во близина?

Поентата е дека тие веќе се издвоени, затоа што имаат поголема способност да решаваат комплексни ситуации, со тоа автоматски се во предност кога е во прашање преживување, градење живеалишта и слично.

Барем до сега, што и да се случило, не сум побарала помош од полиција. Последен пат кога имав контакт со нив, на протест, си ја докажаа својата неспособност. Нормално, не се сите такви, познавам многу ок полицајци кои сериозно ја завземале улогата на служење и заштитување на народот.

Кој ме присилува? Власта. Во милион случаеви.

Постои алтернатива за решавање на таквите комплексни ситуации, наместо вертикална организација - хоризонтална.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom