Општи вело муабети, прашања, совети

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Charon

да не знаеш некоја апликација како sportypal ама на wifi/3g да работи ...
--- надополнето: 17 февруари 2013 во 23:08 ---
Здраво да не продава некој тука за точак вакво нешто ако има некој нека пише пп :) Прегледај го приврзокот 58464
јас продавам ист ваков волан, 1250денари 700мм
g19858.jpg
 
јас продавам ист ваков волан, 1250денари 700мм
g19858.jpg
Многу ми е цената брат можеби вреди толку и повеќе али јбг многу ми е ... :confused:
 
Некој може ли да ме информира каде има квалитетни точаци во Скопјево. Сакам да купам точак , нараквици, кацига и уште некој додаток шо мери километри и брзина на пример... Не барам марка пошто не се бавам професионално. И да не ми е за по планини :D
 
Пиши прво за каква намена ти е точакот, и уште побитно која сума си спремен да одвоиш за да може некој да ти препорача велосипед.
Инаку има на многу места добри велосипеди, разлистај на темава поназад ќе најдеш линкови од скоро сите продавници во Скопје.
 
Туку каде може да се најде вакво???И дали е стабилно.Имам Нокиа со 12МP камера,па ако е некое сигурно и те како може да ми биде од корист.Само да не е некое од оние кинескине кои се клатат....
Ја од интернет ќе го порачувам, еве ти повеќе информации колку да видиш какво: http://dx.com/p/163902

PS, само за секој телефон си има различно држило, така да пробај на search за твојот телефон.
 
Гледам се интересирате за снимање додека возите, еве да ви покажам јас како се снајдов, со оглед на тоа дека немам пари за GoPro, не дека несакам да купам :).
Само ви треба дигитален апарат и ситници што ги имате по дома.
Криво ми е што немам подобар дигиталец за поубави видеа, ама пак и вака интересно ми е. :)
8485321253_63ed20ed00_z.jpg

Значи пластичното мислам дека ми е светло црвено што трепка или од некое мачкино око или нешто слично. Ставив и гумичка за да ги ублажи вибрациите. Супер си функионира, кога ќе го стегнам нема шанси да падне или така нешто. Единствено е можно пластичното да се скрши, затоа врвчето од дигиталниот што м ие го ставам околу воланот за да ми го задржи апаратот. :)
Еве и клипче што се снимав пред некоја недела кога беше пролет.
 
Пиши прво за каква намена ти е точакот, и уште побитно која сума си спремен да одвоиш за да може некој да ти препорача велосипед.
Инаку има на многу места добри велосипеди, разлистај на темава поназад ќе најдеш линкови од скоро сите продавници во Скопје.
Па планирам да го возам низ град, до езеро понекогаш и сакам да пробам летово да возам на некоја релација 30-40km. Спремен сум да издвојам околу 80-100е.
 
Па планирам да го возам низ град, до езеро понекогаш и сакам да пробам летово да возам на некоја релација 30-40km. Спремен сум да издвојам околу 80-100е.
На ново за околу 80/100 евра подобро ништо некупувај, почни секој ден да глеаш на реклама 5 може ќе испадне нешто за тие пари, ама и тоа е под знак прашалник. Одприлика асално нешто од 150 евра па нагоре на старо.
 
Асално под 400е нема. Под тоа се е правено-недоправено, неквалитетно или куп други работи. За 80-100е...реално да правиме муабет нема ништо. Дури ни кинеските велосипеди веќе не се 80е. Најубаво ќе биде да почнеш да собираш пари и кога ќе дојдеш до цифра 250е +- да видиш што има по огласите. И на старо да купиш велосипед од старт треба да имаш на ум дека ќе треба да потрошиш уште околу 50е за да го донесеш во добра возна состојба без нешто да има мана(горе доле сите кои купиле велосипед на старо не ја земаат оваа цифра во цената на бајкот а сегоаш ја има). Комплетен сервис, ланец, задни запчаници, гарнитура, надворешни гуми, внатрешни гуми, сајли, кошулици...во нешто ќе треба да се инвестира.
 
Еве што спремам за на пролет, ако сум уште во државава...

П.С Заборавив да го вметнам и Дојран во мапава.
 
Еве што спремам за на пролет, ако сум уште во државава...

П.С Заборавив да го вметнам и Дојран во мапава.

Долга рута имаш, незнам колку ќе можеш да издржиш. И пари ќе ти требаат, некаква поддршка. Тешко остварливо е ова, но чим имаш голема желба, не гледам зошто да не можеш. Имаш топли чајчиња од мене кога ке стигнеш во Скопје :P
 
Планирам да почнам да возам на кеј сега кога ќе се затопли времево, некаде од Март.
Што точак имаш :D
--- надополнето: 21 февруари 2013 во 23:03 ---
КвикСилвер

Што направи со точакот да не го склопи :D?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom