Arioth
Purpletrator
- Член од
- 20 февруари 2007
- Мислења
- 527
- Поени од реакции
- 82
До седиштето е. За повеќечасовни возења меките седишта изгуваат од комбинација. Исто така и оние седишта-фотељи. Ти треба некое тврдо седиште кое најмалку чини 4000-5000ден бидејќи тоа се седишта наменети за таков тип на возења, нормално секогаш со бициклистички. Brooks, немој да ги гледаш доколку сакаш да возиш низ Македонија. Тоа се седишта направени од кожа со облик за возење низ град и слични активности, да не се изразам шминкерски. Плус треба да видис дали твоите карлични коски одговараат на седиштето кое го возиш. Односно ширината на карличните коски ја одредува широчината на седиштето кое треба да го возиш. И немој да те залажува фактот за твојата телесна тежина слаб сум-тесни коски или дебел сум-широки коски. Се додека не се измериш ништо не верувај. 130, 143 и 155 се широчините на седиштата кои се изработуваат, изразени во милиметри. Има нешто и надвор од овие три димензии но поретко