Tип на денот (Читај правила во прв пост)

white_eagle

: : stuck in void : :
Член од
21 јануари 2008
Мислења
953
Поени од реакции
716
Fiorentina - Inter 2-3 гола 2.00 бет365 7/10

Интер патуваат во Фиренца без повредениот Милито (кој веројатно ќе ја пропушти целата преостаната сезона) како и без двајца клучни дефанзивци Волтер Самуел и Кристијан Киву, така да со сериозни дупки во одбраната се сомневам во лесна победа на Интер, а мислам дека се способни да постигнат гол. Од друга страна ја имаме топло-ладната Фиорентина која знае да постигне и по 3-4 голови по натпревар, а знае и комплетно да затаи како на последниот натпревар со Јувентус. Сепак домашниот терен претставува столб на секој тим, а Фиорентина освен несреќниот пораз од Пескара (класична италијанска местенка ако ме прашувате мене) нема некои драматични киксови на домашен терен. На конечен тип би играл 1 или 1x ама посигурно е на голови и тоа не многу, 2-3 гола е мојот тип.

Бенфика - Академика 4+ 2.25 бет365 5/10

Овде сметам на традицијата и на малку среќа, овие два тима играат меѓусебно 4+ на 4 од последните 6 натпревари, во Бенфика постојано даваат по 2 гола и на послаби екипи (3.6 гола просек по утакмица кога играат дома), коефициентот за нивна победа е мизерен а сепак не би комбинирал со конечен во случај да заврши 2-2. Академика исто имаат релативно висок просек на голови по натпревар од 2.9 така да и тие може да придонесат со по некој гол.
 
Член од
9 април 2009
Мислења
3.183
Поени од реакции
3.830
луѓе, знај некој која е најдобрата страна за проверка на поврдени играчи, отсуства и такви работи?
каде најдобро да се информирам за утре игокеа-задар?
 
Член од
5 февруари 2013
Мислења
227
Поени од реакции
101
луѓе, знај некој која е најдобрата страна за проверка на поврдени играчи, отсуства и такви работи?
каде најдобро да се информирам за утре игокеа-задар?
za fudbal. leaguespy.com , dvoznak.com , betinfo.cc ,betinf.com
opsto: cheguevarapicks.com
 
А

Атомската мравка

Гостин
За утре око фаќаат два ракомети со доста добри коефициенти...:гик:
Силкеборг-Горење 2
Монпеље-Медведи 2
Кил-Веспрем 1
Катастрофа ракометов и Горење огин да ги изгори и Медведиве какви предности испуштија, првиве од 4-5 разлика на крајот и изгубија со 1 гол разлика. За Медведиве уште поголема катастрофа водеа 27-20 за на крајот да заврши 30-30 :facepalm: Дибиров кај Русиве 2-3 седмерци по ред ги промашува и на крајот прават глупи аматерски грешки а уште нив ги чекав на ливчево.
 

Tomasino

За својот народ и за тебе, морав јас да робувам.
Член од
19 март 2009
Мислења
9.241
Поени од реакции
19.440
Водеа цело време,и Горење и Медведи,мамето нивно...самите се криви кога не знаат да задржат водство....:mad:
 

коментатор

Пингвин
Член од
25 февруари 2010
Мислења
3.546
Поени од реакции
9.457
21:30 Венецуела фудбал

Монагас - Еспор клуб 1 2.00

Класична 3 за 3. Е сега ако сум толку малер да им ја прекинам традицијата...
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.893
Поени од реакции
84.261
Шо е финтата Холандија 2 утре пак коло шо има?
Утре има коло Холандија 2?
Е значи пак ќе треба да се уплаќа 3+. Ама ако добро ќе дојдат пари за играње ЛШ :D

Беа одложени првите 2 кола од вториот дел на сезоната па сега се играат :)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom