Кажи ги де начините аман? Или ги криеш?
Не ги кријам туку твојот пост го видов откако го објавив мојот. Еве еден од начините како јас направив бизнисче со стабилна заработка.
1. Најпрво регистрирај се на fiverr.com.
2. Секој има талент некаков. Одлучи кој твој талент ќе го користиш. Програмирање, цртање, зборување, пеење, свирење - сеедно.
- Не е битно колку е глупав талентот, може да се монетизира. Има еден дечко од Скопје, си трча паркур. Си нуди услуга во која што снима видео во кое тој прави салто држејќи знак со натпис по желба на клиентот. Гадни пари си направи, гигот му е featured. Секој ден барем поо 7-8 гигови испорачува. Секој од нив нека е 5 долари (а ги има и поскапи), удрете му математика колку пари си прави.
Ако не ве бива за ништо, искористете ја околината. Ако сте од Скопје, понудете услуга на фотографирање или нарација на краток текст пред некој од спомениците. Ако имате џукела или друга животиња по дома, купете хартија за торта, напрскајте ја со smoke bbq сос (200 денари од веро), напишете ја пораката на клиентот на харијата со креон и дајте му ја хартијата на животното нека ја изеде. Works like charm.
Начини има милијарда, треба само една вечер да седнете и да смислите неколку (максимум 20) уникатни услуги кои би ги нуделе.
3. Создади нов gig таму во кој што ќе ја нудиш твојата услуга. 5 долари не се многу но кога ќе се собере количина, испаѓа еден куп. Во прво време дур да се стекнеш со позитивен фидбек, нуди повеќе од конкуренцијата. Потоа може да намалиш во границите на реалното.
4. Првите нарачки, зависно од видот на услугата, ќе почнат да стигаат во првите неколку дена, евентуално по недела-две. Како што минува времето, елиминирај ги неуспешните гигови и заменувај ги со нови свежи идеи. Тие што се успешни пак, барај начин како да ги автоматизираш и нивната изработка да ја направиш практична и ефикасна. Ако нудиш фотографии пред споменик, набави сталак и една плексиглас плочка врз која ќе го лепиш принтаниот натпис. Ако нудиш нарација, направи template фајл кој со еден клик ќе ти го прочисти и едитира гласот. Истото важи за фотошоп услуги - најди или изработи скрипти кои ќе го намалат времето на изработка на гигот. Запомни, колку пократко време на изработка, толку повеќе гигови дневно ќе можеш да доставуваш.
5. По некое време работите ќе си "легнат" и секоја услуга ќе почне да носи стабилни приходи на месечно ниво. Некоја повеќе, некоја помалку но нема да има големи девијации. Гледај профилот да си го специјализираш. Никој не ти забранува да отвориш повеќе профили. Јас ги имам 3. Еден профил за графички услуги, друг за програмирање, и така натаму.. Попрофесионално изгледа така.
6. Во меѓувреме регистрирај се на odesk, elance и сличните сајтови. Иако Fiverr носи стабилни приходи, истите не се големи. Реално докај 400-500 евра може да се очекува од Fiverr од сите профили заедно, за кои ќе трошиш 3-4 саати дневно, зависно од услугите. Сајтовите како odesk се за покрупни услуги, каде што имаш шанса да направиш голема пара. Таму услугите обично се над 100 долари а неретко достигнуваат и над 1000. Конкуренцијата е жестока па затоа поретко ќе добиваш задача од таму, но затоа кога ќе лапнеш една таква, по 2-3 месеци може да одмараш. За тие без техничко знаење, нека бараат internet research задачи каде што од нив ќе се бара да истражат одредена тема зададена од клиентот. Пример, некој ќе сака да знае колкава е посетеноста на онлајн продавниците за козметика во Австралија. Треба да посетите неколку сајтови за статистики и да извлечете финален заклучок, и истиот да го запишете во текст фајл. Data entry задачите бараат од вас да внесувате повторливи операции, како на пример да внесете бројки од еден документ во друг. Досадно, напорно но битно се плаќа.
7. Ако знаеш англиски, најлесна заработка е со пишување статии. 500-600 збора = 5 долари. Еден куп работа има со ова, кој и да почнал едвај можел да постигне. Со денешниот spell checking, не мора да се владее англискиот совршено, самиот word ги поправа грешките. Јас едно време пишував статии. Пример, ќе ти дадат тема да пишуваш за оџаците во некоја провинција на Амстердам. Ќе најдеш на нет 3-4 статии, ќе ги прочиташ и ќе ги препишеш во една, по твои зборови напишана.
Ова е само сосема мал дел на методите, се што треба е воља, креативност и еден компјутер. И ова се само легалните начини, за тие другите да не ни збориме ич..