NBA Сезона 2012/2013

  • Креатор на темата Креатор на темата #LakersMK
  • Време на започнување Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.
Забивање Теренс Рос без двоумење :cuc:,а кај тројкашите Кајри Ирвинг.

:P

Малку го подобри данк контестов Рос со своите забивања.Одеше на забивање како што треба а не на кинење мрежи,дување свеќички и слични глупости.
Леброн штом стана на неговото забивање се знае веќе кој беше победникот.И Гарнет правеше фаца OOOhhh man. :DШто ли правеа Гарнет и Шек на времето на данк контестов со еден збор речено збеснуваа,скокаа,пискаа итн а сега тоа е тоа,нема шмек ова натпреварување.

Да се потсетиме на Air Canada.Имаше swag,half man-half amazing како што вика коментаторов.


За мене четвртото забивање беше :вонзем::вонзем::вонзем:.Само тоа низ нога не го направи од прва,но рече дека тоа му било прв пат во животот што го направил,значи без вежбање.
А не како White скокот од кај слободното 100 пати скокна и еднаш топката не ја закуца,најосновна работа.

Денес следи Ол Стар напреварот,но истото мислење го имам како и за забивањава.Нема шмек,нема натреварувачки дух,не се мотивирани,играат како што игра Хауард циркузантот колку да се насмеат и истрчаат.

Најдобриот Ол Стар евер кој не верувам да биде ни приближно стигнат од идниве натпревари.


На третиов дел 31:23 тоа го што вели е 100% точно.
Ова беше натпревар за престиж и се играше со сите можни сили.Сега е само колку да те види публиката и толку.
Го потопија западот Ајверсон и на крај Марбери from downtown.:drk:

После секој Ол Стар стандард си се потсетувам на ова.Но фацата ми е :(:(.
 
Рос победи во име на Air Canada дресот го извади. :D

Како и да е,не се интересни веќе забивањава,нема нови идеи,може треба пауза да се направи некоја година..........или да почнат големите ѕвезди да се натпреваруваат.
 
Многу хејтате бре луге, гледајте и уживајте во тоа што го има, има време ќе се појави и некој што ќе измисли нешто ново. Ретки се тие како Картер ,но затоа остануваат запаметени засекогаш.

Е сега за алстарот што е трагедии тоа е факт, како на тренинг да се , без никаков жар играат, но тоа е, затоа само слем данкот и тројките си ги гледам јас, другово све не ми е интересно.
 
Рос победи во име на Air Canada дресот го извади. :D

Како и да е,не се интересни веќе забивањава,нема нови идеи,може треба пауза да се направи некоја година..........или да почнат големите ѕвезди да се натпреваруваат.
Има нови идеа, посебно претходната сезона со два коша, со гасење свекички, со рипање преку кула и сл. ама сето тоа е забава и додворување на публика за да гласаат за нив.
Мислам дека тоа што фали е она што американците го викаат '' pure athleticism'' oдносно забивања од таков тип...Сега се повеке се пријавуваат играчи као Фарид на пример вчера што неможат од земја да се одлепат...
 
Што фалеше на второто забивање на Фарид? Картер да го направеше тоа (а мислам дека го има нешто слично), сигурно ќе беше топ 5 на сите времиња. Ама добро, Фарид не е „фаца“, па не ваља.
 
Што фалеше на второто забивање на Фарид? Картер да го направеше тоа (а мислам дека го има нешто слично), сигурно ќе беше топ 5 на сите времиња. Ама добро, Фарид не е „фаца“, па не ваља.
Супер беше второто забивање, али првото беше просечно реално. Уште пред натпреварот пишав дека Фарид е одличен забивач на утакмица, а не е за данк контест. Спореди го само Фарид со Грин и со Рос. Поспор во движењата, помал одраз, понекреативен...
 
Не знам, немав некој посебен фаворит, освен Холидеј.
Ама ако дискутираме за забивањата, сосема заслужена титула на Теренс Рос. Во глобала сите негови забивања беа супер, е сега што некои не му успеаа од прва, тоа е друга работа.
 
Вечерва завршуваат најдосадните 3 дена од сезоната.Победа на Истокот вечер, и лбј со мвп.Еден од најлошите ол стар викенди.
 
во колку еточно вечерва мечот,и ако мојт во прилог некој линк,зш вчера се шо најдоф,ниеден не работеше :/
 
Што фалеше на второто забивање на Фарид? Картер да го направеше тоа (а мислам дека го има нешто слично), сигурно ќе беше топ 5 на сите времиња. Ама добро, Фарид не е „фаца“, па не ваља.
Тоа што Фарид се понашаше како да е на кош во маало и се влечеше по терен и изгледаше како кур да го боли дали ќе забие или не. Еден од најужасните Ол Стар викенди што досега ги имам гледано. Згора на тоа глупостите на американците со тоа поените Исток-Запад. Која е логиката, за натпреварот во забивање зборам, да оди во финале еден од исток и еден од Запад? А што ако да речеме и Грин и Вајт имаа најдобри забивања во однос на сите? Тогаш ќе требаше еден од нив двајца да отпадне за сметка на некој од Западот, жива среќа што не им успеаа забивањата па Рос заслужено си влезе даље. Истото важи и за некој од Западната конференција. Срање у боја, ти ебам и организација и се. У реду е тоа што даваат пари у хуманитарни цели ама не можеш на некого да му ги скратиш можностите да иде во финале доколку го заслужил тоа, башка у жирито имаше доста непотребни личности кои даваа безвезе поени.
 
Па крило е, сигурно нема да лети по терен како Кајри, Рондо, Пол и други брзи играчи.

За останатото се сложувам. Не знам што им требаше таква глупост оваа година.
 
Има шанси да излезе утакмицава 294.5+поени,уште она ми остана на ливче,другар ми ме излажа лани имало 330 коша,па ја пишав, коа гледам сеа 301 имало лани,има нада? :unsure:
 
Не да лета по терен него да има желба, да има мотив за да се натпреварува. Он се понашаше како да му е сеедно. И Хауард е центар па победи на ова натпреварување.
 
Фарид кога го претставуваа одвај раката ја крена не пак на претставување да летал.
Ќе го извадат олстаров вечерва момците. (y)
 
Статус
Затворена за нови мислења.
Back
На врв Bottom