Како дојде до три иљачи одеднаш??? Не вршеше работа еден или два? Колку ти се качува притисокот ако не ги пиеш?
Пред 6 години кога ми дијагностицираа висок притисок почнав со најслабата варијанта на бринердин (не го знам составот).
Покасно на рутински преглед на работа некаде 2010 значи после 3 години се испостави дека одново имам проблем со притисокот. После едно неделни контроли притисокот се движеше некаде 150 / 100, на некои мерења и повеќе.
Тогаш ми беше дадена терапија од една пилула наутро 50мг лосартан калиум и 25 мг хидрохлортиазаид која функционираше сосем одлично до пред неколку месеци кога не се чуствував добро одново и на мерењата се покажуваше висок крвен притисок, плус пулсот ми беше повисок.
Мерев големини како 160/105 во просек, некогаш одеа и до 180/110.
Тогаш лекарот ми ја зголеми дозата на 100 мг. лосартан и ми препиша 5 мг бисопролол хемифумарат за да ја регулира работата на пулсот.
Искрено немам пробано да ги прекинам пилулите и видам како ќе функционирам без нив.
На почетокот на новата терапија имав некои пониски мерења и се зборна да пијам по половина пилула наутро, но по неколку дена се стабилизираше притисокот и останав на терапијата.