Дежурна Ординација! #2

  • Креатор на темата Креатор на темата Ѓорѓески
  • Време на започнување Време на започнување
Decki aj mala pomos....Znaci imam devijacija na nos konkretno na levata nosna suplina I imam poteskotii so oteznato disenje od samata devijacija...Kaj koj specijalist da se obratam za operacija...Ako ima nekoj so vakov problem a ima praeno operacija neka pise ke mu bidam blagodaren..

Ќе си појдеш на ОРЛ(Оториноларингологија).Таму предходно ќе те прегледа(ќе ти направи тотален уво нос и грло статус),па ќе па потоа ќе одлучи дали си за реконструкција на назалниот септум(септопластика).
 
Претпоставувам дека пиеш диуретици за притисок. Проблемот е што кога ќе станеш од кревет се стеснуваат крвните садови во нозете и абдоменот и добиваш поголем притисок. Ако ова го приметуваш многу често, треба да ти дадат друга класа иљачи, што влијаат на моториката на крвните садови. Појди на доктор со време, и објасни му го ова детално, зошто постојат видови на хипертензии кои се многу опасни, а одговараат на твојот опис.
Наутро земам 100мг лосартан калиум и 25 мг хидрохлортиазаид.
Додека попладне земам 5 мг бисопролол хемифумарат. Да, ќе разговарам во секој случај.
 
Уште еднаш да прашам.Добар и искусен ревматолог без разлика дали е на приватна или државна клиника да ми препорачате?
 
Ме интересира дали бебе од 1 год може да има уринарна ифекција и од што се добива:(
 
Ме интересира дали бебе од 1 год може да има уринарна ифекција и од што се добива:(
За жал може да има. Може да ја добило како последица од развој на бактерии во пелените. Консултирајте се со педијатар дали смее да пие чај и сок од брусница, иако мислам дека не би требало да има проблем, сепак прашајте.
 
Наутро земам 100мг лосартан калиум и 25 мг хидрохлортиазаид.
Додека попладне земам 5 мг бисопролол хемифумарат. Да, ќе разговарам во секој случај.
Како дојде до три иљачи одеднаш??? Не вршеше работа еден или два? Колку ти се качува притисокот ако не ги пиеш?
 
Како дојде до три иљачи одеднаш??? Не вршеше работа еден или два? Колку ти се качува притисокот ако не ги пиеш?
Пред 6 години кога ми дијагностицираа висок притисок почнав со најслабата варијанта на бринердин (не го знам составот).
Покасно на рутински преглед на работа некаде 2010 значи после 3 години се испостави дека одново имам проблем со притисокот. После едно неделни контроли притисокот се движеше некаде 150 / 100, на некои мерења и повеќе.
Тогаш ми беше дадена терапија од една пилула наутро 50мг лосартан калиум и 25 мг хидрохлортиазаид која функционираше сосем одлично до пред неколку месеци кога не се чуствував добро одново и на мерењата се покажуваше висок крвен притисок, плус пулсот ми беше повисок.
Мерев големини како 160/105 во просек, некогаш одеа и до 180/110.
Тогаш лекарот ми ја зголеми дозата на 100 мг. лосартан и ми препиша 5 мг бисопролол хемифумарат за да ја регулира работата на пулсот.

Искрено немам пробано да ги прекинам пилулите и видам како ќе функционирам без нив.
На почетокот на новата терапија имав некои пониски мерења и се зборна да пијам по половина пилула наутро, но по неколку дена се стабилизираше притисокот и останав на терапијата.
 
татко ми се жали на болки во градите, му меревме притисок 155 со 95 и пулсот му е 97. Што може да биде? по доктори нејќе да оди.
 
татко ми се жали на болки во градите, му меревме притисок 155 со 95 и пулсот му е 97. Што може да биде? по доктори нејќе да оди.
Болки во градите може да биде од многу причини кои вариираат од состојби за кои не се налага третман, до состојби кои го доведуваат животот во опасност, сепак потребно е да се консултирате со лекар за да може да прецени за каква болка всушност станува збор.
 
Ај кажете некој лек оти ке се шекнам.од вчера ненормално ме боли грло едвај си ја голтам плунката и порано ме болело грло али ова до сега не ми било.Се пробав, дневно јадам по кило лимони, портокали, цитрони, мед јадам, прополис по 3-4 пати на ден ставам и ништо!Баш сабајле глеам грлото ми е жар црвено башка не кашлам него само грло ме ТЕРОРИЗИРА!Чаре?
 
Од мое скромно искуство,би ти препорачала облоги со ракија и бибер на грлото и еден стар лек,кој мене како дете многу ми помагал нишадор.:)
 
Ај кажете некој лек оти ке се шекнам.од вчера ненормално ме боли грло едвај си ја голтам плунката и порано ме болело грло али ова до сега не ми било.Се пробав, дневно јадам по кило лимони, портокали, цитрони, мед јадам, прополис по 3-4 пати на ден ставам и ништо!Баш сабајле глеам грлото ми е жар црвено башка не кашлам него само грло ме ТЕРОРИЗИРА!Чаре?
Де што се потресуваш толку :icon_mrgr: Таман си е прополисот, земи спреј ако можеш и прскај у грло, ќе помине.
Ако не помине за 3-4 дена иди на лекар, може ќе треба антибиотик да ти препише.
 
Здраво имам еден проблем.Еве два пати после бричење на делот над мојот полов орган ми излегуваат некој си израстоци не знам ни како да ги наречам.Што прашав еден другар тој ми кажа никако со жилет бидејќи тоа било причината али последниот пат не користев жилет туку само машинка и гледам на некој други места над органот пак има излезено по некој израсток.Што е работава дали има решение зошто не само што е проблем за понатаму туку и болат кога ги пипаш.Некој се помали некој се поголеми.Ве молам ако е некој запознаен со ова да ми даде некаков одговор.И каков доктор да посетам за овој проблем?
 
Можеби се воспалени фоликули од влакната, ама штом ти се појавуваат и онака постои можност да се кондиломи (полови брадавички). Ама викаш дека болат, кондиломите не болат.
Можеш да идеш на уролог или на дерматовенеролог. Ако се фоликули, ќе ти даде маст антибиотска да се мачкаш, ако се контиломи се отстранувуваат безболно.
 
Интересно е што ги немав пред да користам жилет за бричење доле.Имав зборено со другар кој го имаше истиот проблем.Бил во аптека му дале нешто што ти знам да ги гори.Може ова ке помогне дали се кондиломи или фоликули.И ако веќе даваат во аптека средство за горење дали би се појавиле пак.Бидејќи нормално треба да се одржува хигиена доле а веќе некој се како малце поголемки најверојатно се брадавици.И се плашам ако продолжам со остранувањето на влакна доле да не се направат многу.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom