Tоni
ILLYRIAN
- Член од
- 26 февруари 2009
- Мислења
- 13.648
- Поени од реакции
- 10.260
Ако не знаевте зошто Меси и Чави отидоа во Париз неодамна, ете ви ја причината!
Преводот од фејсбук:
Преводот од фејсбук:
На почетокот на оваа недела сите дознавме дека Меси отпатува во Париз. Но која беше вистинската причина ?
Во понеделникот, Лео Меси, заедно со Антонеља, својот син Тијаго и Чави со својата девојка, отпатуваа во Париз. На изненадување на сите, беа во посета на еден скромен локален клуб, на радост на нивните изненадени млади играчи и вработени, а потоа отидоа на мала прошетка низ главниот град на Франција. Тоа беше едно нормално патување, за кое никој немаше објаснување.
Но сега се дозна зошто тие отпатувале во Париз. И не, не се грижете, не е поради ПСЖ. Тоа е нешто многу поедноставно и кое покажува дека зад еден таков голем играч како што е Лео, има исто така некој со големо срце. Патувањето на Меси во Париз не беше ништо повеќе туку подарок кој сакаше да му го даде на пилотот кој обично го управува приватниот лет кој Барса го користи за некои итни патувања.
Пилотот бил Французин, кој живеел во Neuilly-sur-Seine и неговите деца играле во Olympique District Neuilly 92 фудбалскиот клуб, клубот кој го посетија Меси и Чави. Затоа Меси сакаше да му го даде тој „подарок“. А тоа Меси го направи со голема дискреција, без никој да знае. Дури ниту одговорните во клубот не знаеле за посетата се додека тие не се појавиле. Причината е, поради сигурносни причини, не сакале да дознаат многу луѓе, како веста за нивната посета не би се раширила, и тренинг центарот не би бил преплавен со новинари и луѓе. Тоа беше една изненадувачка посета, за која знаеше само Меси, која заврши со солзи на дечињата од клубот кога Меси и Чави си заминаа.
Во истиот тој клуб, исто така играат и децата на Лилиан Турам. Исто така и Роналдињо поминуваше во тој клуб кога беше во ПСЖ.
Лео Меси уште еднаш покажа како со мали детали се добиваат големи пријатели. Уште еднаш ја покажа својата големина.
Повеќе од играчи, повеќе од клуб.