Фан Клуб: Барселона

  • Креатор на темата Креатор на темата Serpico
  • Време на започнување Време на започнување
Ако не знаевте зошто Меси и Чави отидоа во Париз неодамна, ете ви ја причината!

Преводот од фејсбук:

На почетокот на оваа недела сите дознавме дека Меси отпатува во Париз. Но која беше вистинската причина ?

Во понеделникот, Лео Меси, заедно со Антонеља, својот син Тијаго и Чави со својата девојка, отпатуваа во Париз. На изненадување на сите, беа во посета на еден скромен локален клуб, на радост на нивните изненадени млади играчи и вработени, а потоа отидоа на мала прошетка низ главниот град на Франција. Тоа беше едно нормално патување, за кое никој немаше објаснување.

Но сега се дозна зошто тие отпатувале во Париз. И не, не се грижете, не е поради ПСЖ. Тоа е нешто многу поедноставно и кое покажува дека зад еден таков голем играч како што е Лео, има исто така некој со големо срце. Патувањето на Меси во Париз не беше ништо повеќе туку подарок кој сакаше да му го даде на пилотот кој обично го управува приватниот лет кој Барса го користи за некои итни патувања.

Пилотот бил Французин, кој живеел во Neuilly-sur-Seine и неговите деца играле во Olympique District Neuilly 92 фудбалскиот клуб, клубот кој го посетија Меси и Чави. Затоа Меси сакаше да му го даде тој „подарок“. А тоа Меси го направи со голема дискреција, без никој да знае. Дури ниту одговорните во клубот не знаеле за посетата се додека тие не се појавиле. Причината е, поради сигурносни причини, не сакале да дознаат многу луѓе, како веста за нивната посета не би се раширила, и тренинг центарот не би бил преплавен со новинари и луѓе. Тоа беше една изненадувачка посета, за која знаеше само Меси, која заврши со солзи на дечињата од клубот кога Меси и Чави си заминаа.

Во истиот тој клуб, исто така играат и децата на Лилиан Турам. Исто така и Роналдињо поминуваше во тој клуб кога беше во ПСЖ.

Лео Меси уште еднаш покажа како со мали детали се добиваат големи пријатели. Уште еднаш ја покажа својата големина.

Повеќе од играчи, повеќе од клуб.
 
Преземено од FCB Македонија
Едно е јасно: Барса ова лето ќе купи дефанзивец.

Први на листата на Зубизарета се Матс Хумелс (Дортмунд, 24) и Давид Луиз (Челзи, 25). Сепак, предност има Хумелс поради неговата т.н. елегенација во играта и искуството од Бундес Лигата и германскиот национален тим. Единствениот проблем е што овие двајца дефанзивци пред некој период ги продолжија договорите со своите клубови до 2017 година.

Сепак, Зуби има и алтернативи. Според Mundo Deportivo, другите кандидати кои ова лето би можеле да пристигнат во каталонската престолнина се: Ињиго Мартинез (Сосиедад, 22), Маркињос (Рома, 18), Вермаелен (Арсенал, 27), Шкртел (Ливерпул, 28), Агер (Ливерпул, 28), Ловрен (Лион, 23), Сако (ПСЖ, 23) и Вертонген (Тотенхем, 25).

Кој вие би сакале да го видете во дресот на Барселона?

Зуби и Росељ, молим вас, само немојте Давид Луиз.
 
Ајде сега, нека им платат 20+ милиони на Тотенхем за Фертонген, а летово можеа за 10.
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: ~A~
Колку шпекулации се изначитав сабајлево за имиња. :) Оваа од Пунто Пелота е врвот. Во случај да не успееле Барса да го земат Нејмар се спрема резерва а тоа е Агуеро.
http://www.intereconomia.com/noticias-/punto-pelota/messi-y-agueero-delantera-barca-20130216

Инаку Венгер даде изјава дека Виља веќе не му е приоритет.
 
Nolito (Granada): "If I score, I won't celebrate it, out of respect for Barça and the way they've treated me when I was there."

Да му ебам сељакот а пред да замине од Барса во Бенфика

He also revealed he would happily accept an offer from Real president Florentino Perez

"If Florentino came and offered me something I would go because I am a professional.
"If Madrid bet on me, why not?"

Слободно може да слави , who cares само што треба и да знае да даде гол .
 
А јас не знам зошто се запнува за Нејмар,кога Деулофеу растур си праи.. и за 1-2 години може да се убаци у прв тим :)
 
А јас не знам зошто се запнува за Нејмар,кога Деулофеу растур си праи.. и за 1-2 години може да се убаци у прв тим :)
Се додека не научи дека не треба да себичи неќам во прв тим да го гледам. Има време додека созрее.
 
Се додека не научи дека не треба да себичи неќам во прв тим да го гледам. Има време додека созрее.
И Меси беше себичен кога почна да игра во прв тим , мора да го пуштаат малку по малку, ќе му се развика Меси , Пујол и ќе сфати дека неможе да игра сам , натпреварите и советите од постарите си го прават своето така ке добие искуство и ќе прерасне во голем играч . Што на пример Меси да останеше уште 2- 3 години во Б тимот , мислам дека немаше да биде од корист за никого .
 
И Меси беше себичен кога почна да игра во прв тим , мора да го пуштаат малку по малку, ќе му се развика Меси , Пујол и ќе сфати дека неможе да игра сам , натпреварите и советите од постарите си го прават своето така ке добие искуство и ќе прерасне во голем играч . Што на пример Меси да останеше уште 2- 3 години во Б тимот , мислам дека немаше да биде од корист за никого .
Има разлика од него до Меси. Овој е арогантен. Ако Меси му се развика или ќе грее клупа или ќе бара трансфер. Има потенцијал не викам не, ама се додека не помине низ авторитет и не сфати дека индивидуалците во Барса се преточени во тим се потешко ќе добива шанса. Го пратам и во Б, сака играта на него да ја носи, што е незамисливо.
 
Италијанскиот шампион Јувентус подготвува летна офанзива за купување на Алексис Санчез од Барселона. Чилеанскиотрепрезентативец добива се помалку шанси за докажување со дресот на "каталонците", што го прави неговото заминување во Торино, сосема веројатно.


Дополнителен плус за тимот од Торино е тоа што Алексис има искуство во Серија "А", откако во периодот 2008-2010, тој ги бранеше боите на Удинезе. И тогаш Санчез беше под лупата на Јуве, но идејата да се игра во големата Барселона пресуди околу неговото трансфер пред две години.


Видал и Исла се задолжени да го убедат нивниот сонардоник да им се приклучи во ѕвезведиот тим на „Старата Дама“. Преговорите меѓу двете страни е почнат наскоро, а се очекува дозвола и од Барселона. -известува Спортско Радио 90.3
 
Oдма нека го зимаат и некако го даваат Барѕаљи.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom