Откриен материјал, целосно отпорен на било какви течности

  • Креатор на темата Креатор на темата bobipp
  • Време на започнување Време на започнување
Колку би лизгал пливач или пловно тело премачкано со ова...
 
Ќе се премачкам со ова, ќе зеам еден стап и како Мојсеј ќе бидам. Реки и мориња ќе разделувам.
 
Прашањето е Колку време трае,Каков е процесот на нанесување, Дали е исплатлив?
Па траење... не верувам дека е ограничено, ова замислете го како секој друг материјал кој се нанесува како заштита, како боја, лак, пластифицирање и сл...во вид на спреј е, едноставно прскаш како шо прскаш со средството за чистење стакло дома. А исплатливост...па не верувам дека е ефтино, ама тоа е секогаш така. со секоја нова технологија, со тек на време ќе стане подостапно.
 
Па од самото видео се гледаат неколку можни употреби, а мене шо ми истекнаја на пример: било која јакна, летна, зимска, си ја прскаш со ова, гајле немаш од дожд, колата одоздола да има слој од ова нема да има допир до никакви течности, нема корозија, ништо...после не знам колку е изводливо...до некое ниво да се обложи и брод, нема да потонува :D Исто против замрзнување, на пример колку пати ми се има десено катанецот од гаражата да не можам да го отворам оти навлегло влага и ем зарѓал ем замрзнал. А ако сакаш да заебиш некого, дај му супа да срка со ваква лажица...ќе умри од глад :D
Инаку претпоставувам е направено somewhere in America...да usa е еве ја страната:
http://www.spillcontainment.com/everdry. Направено е на база на нанотехнологија, заробува супертенок слој воздух на површината и тој слој одбива течноста да се нафати на материјалот. Ако сте забележале, слично се однесуваат листовите на зелката ако прскате вода на нив. Таа одма се претвора во топчиња и буквално се одбива од листовите.
Да додадам, и за заштита на електрониката би било доста корисно.
 
А да се запраша некој дали се загадува воздухот или дали има отпаден материјал при производство на оваа течност? Дали е токсично при вдишување, испарува, дали штети на кожата и сл? Не е само, напрај нешто и ајде ке го наречеме иновација и ке праиме пари, безбедноста и здравјето се на прво место.
Доволно е да се запрашате зошто нема летечки автомобили, и одма ке ви светне сијалицата. За секој производ е истата филозофија.
 
Е сега ја претера и ти...квантна механика е во прашање, а не некоја нова супстанца или нов хемиски елемент или радиоактивност или не знам што. Јас се кладам дека храната што ја јадиме од маркет има повеќе и поопасни додатоци отколку ова чудово. На крај краева, боите и лаковите се еден од најголемите производи на хемиската индустрија, па што? Се знае дека се отровни, запаливи и што уште. Па не ги мачкаш на леб, нели? :eek:
А зошто нема летечки автомобили, ај да видам, баш објасни ни...
 
Каква квантна механика :icon_lol: најверојатно се работи за хидрофилни/хидрофобни интеракции.
 
Нанотехнологија :D

работев на нешто слично, кога работев во Р&Д пред 5-6 години... нанотехнологија која е на основа на хидрофобност/олеофобност... имено, во мојот случај направивме производ за заштита на танкослојни декоративни малтери (пред се загребани малтери пошто имаа доста специфична површина со дупки во кои се собира вода). основа е силоксан или ти силикон кои не е полимер него само олигомер т.е. има до 10-15 мономерни единици... ако знеш дека има и овакви о онакви и обработени силикони односно силоксани можно е да си направиш производ како сакаш... поголем е проблем да направиш производ да има адхезиа на секакви субстрати... тоа е проблематика и зато е толкава цена...
као и на снимката од јутјуб и ние имавме слични тестови... намчкаш пола ѕид и после прскаш со вода :) тзв „biding effect„ ни тоа не беше ефтино иако имаше под 10% силоксан во производот....

ако некој ја сака рецептурата тука сум ;)
 
Е сега ја претера и ти...квантна механика е во прашање, а не некоја нова супстанца или нов хемиски елемент или радиоактивност или не знам што. Јас се кладам дека храната што ја јадиме од маркет има повеќе и поопасни додатоци отколку ова чудово. На крај краева, боите и лаковите се еден од најголемите производи на хемиската индустрија, па што? Се знае дека се отровни, запаливи и што уште. Па не ги мачкаш на леб, нели? :eek:
А зошто нема летечки автомобили, ај да видам, баш објасни ни...

Не реков дека е штетно, но треба да се размисли и за таа опција, да се објасни од иноваторот од што точно е составена таа хемикалија бидејки нели се нанесува во вид на спреј. Ако до сега сме произведувале загадливи супстанци тоа не е оправдување и во иднина да се продолжи со загадувањето, туку напротив, покрај тоа што иновацијата ке биде корисна за човештвото таа треба да биде и безбедна. Значи ако денес сме на одредено ниво на совршеност утре треба да направиме нешто поусовршено од тоа денес што сме го направиле.
Што се однесува до летечките автомобили, ние не можеме со возилата на земја да се справиме (мислам на регулирањето и циркулацијата на сообраќајот и големиот број на сообраќајки), а камоли во воздух. Во некоја далечна иднина можеби ке бидат безбедни летечките автомобили, но за сега нема шанси. Тоа би изгледало како куп пчели без ориентација која каде се движи, и со која брзина. Замисли сега сите автомобили што постојат во светот, да можат да летаат, тек тогаш светот ке постане една масовна гробница. Едноставно сеуште не сме спремни за таков сообраќај.
 
Штом се измислат автомобили кои летаат, ќе се измисли и систем за навигација и регулирање на сообраќај. Истово тврдење верувам го имало и кога почнувал авионскиот сообраќај, па со време и тоа се усовршило. (y) да не забегуваме од темава...
 
Имаше вакво пред неколку години, беше доста актуелно тогаш, мада мислам дека беше за облека и обувки. Мислам дека ова беше страната http://www.neverwet.com/
Еве го видеото
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom