Follow along with the video below to see how to install our site as a web app on your home screen.
Забелешка: This feature may not be available in some browsers.
Со оглед на тоа дека старите занаети изумираат не е лошо да се изучи некој таков дур е можно. Ќе дадам пример кој на прв поглед звучи малку глуп но тоа е грнчарството, пошто лично сум запознаен со тој занает. Конкуренцијата е мала, едино новите производства од пластика пример представуваат конкуренција, барем во Македонија. Познавам луѓе, кој со правејне грнци станале доста богати и можат да живеат солиден живот. Знам и луѓе, кој со таа професија работеа во Германија и беа доста платени пошто ретко кој знаеше да прави толку добри производи и беа многу корисни за нивната фирма. Барем денес со можностите како интернетот е и полесно за пласман. Тие луѓе што ги знам не одат по пазари да ги продаваат нивните работи по смешни цени туку со камиончиња им идат дома и го купуваат цело производство. Тие дела, посебно што се рачно изработени, се доста ценети во други држави и може за солидна цена да бидат продадени надвор од државата.
Многу лошо е сонце в глава кога ќе го удри човека. Мој другар тука блиску од Тарсус исто го мавнало сонцето одејќи по пат, и припадна човекот, почна да зборува со живи и умрени. Скараја да е и далеку.Уште не е направен. Имам најдено едно дабово стебло, двапати на циркуларот, малку шмиргла, лак и работата е завршена. Се мислам и да набавам квалитетна земја од Плодната Полумесечина, да го подзамачкам малку и со тоа. Остатокот е веќе божја работа, а со тој занает некако не ми оди. Чаре?
Имав еден другар од Гадара, кој почна да одгледува свинчиња. Ама нешто се разболе човекот. Му се слоши од сонцето изгледа. Ми зборуваат, ми вели. Ме тераат да се кандидирам за пратеник. Една од нив ми викна инспекција, а Евреите и Палестинците нешто многу не сакаат свињи. И после, за бељата да биде поголема, сите до една се удавија во еден вир, како огромни џиновски леминзи.
Сега му е подобро. Се занимава со земјоделство во Авганистан, продава лековити билки и растенија и баш добро му оди. Извезува и во странство.
Да не е Савле? Од форумов познат ми е. Не сум знаел дека има таква мака. Остава впечаток на ведар и пријатен лик.Многу лошо е сонце в глава кога ќе го удри човека. Мој другар тука блиску од Тарсус исто го мавнало сонцето одејќи по пат, и припадна човекот, почна да зборува со живи и умрени. Скараја да е и далеку.
Фино што се снашол пријателот, види нека те земе во треварството, благородна работа е тоа. Ако има кеш, може и печурки да почнете да одгледувате.
Беше Савле, не е повеќе, дури и името го смени. Оди по селски вдовици, ги тера да не шараат околу, правила кажува за фризури, трола по форуми. Само госпот на помош да му е.Да не е Савле? Од форумов познат ми е. Не сум знаел дека има таква мака. Остава впечаток на ведар и пријатен лик.
За печурчиња таму некако не е местото, малку влага има. Ама затоа изнајмив едно подрумче, само за габи е. Лековити. Оние што пробале викаат дека им ги отвориле очите. Додуша на еден му ги затворија, ама нов сум се учам уште. кој работи тој и греши. Без мака нема наука. Човекот се учи додека е жив и на грешки. Додека грешките се кај другите и во другите, нема потреба од паника и безнадежност.
Најисплатливо дефинитивно.Занает кој се исплаќа во странство е бербер/фризер/ка.
Таквите услуги во странство се прилично скапи. Едно обично шишање чини од 10 евра до фантастични 50 евра. Потрошен материјал немаат никаков, освен добра ножица и секако вештината.
Посебно скапо е доколку фризерот е gay(никогаш не разбрав зошто)
Директоре, ти како го научи директорскиот занает?Blokirac na raskrsnici,sega ke vi ja kacam dnevnicata i ubavo ke ziveete!
Занает кој се исплаќа во странство е бербер/фризер/ка.
Таквите услуги во странство се прилично скапи. Едно обично шишање чини од 10 евра до фантастични 50 евра. Потрошен материјал немаат никаков, освен добра ножица и секако вештината.
Посебно скапо е доколку фризерот е gay(никогаш не разбрав зошто)
заварувач и тоа со оксиген тоа е многу добар занат е сеа тешко да најдеш кај да го научиш.
после добар занает ти е монтер за греење (парногреач), водоводџија и слично
вакови кадари фалат кај нас и се релативно добро платени![]()
Адвокат во странство малку потешко, зашто самата професија си бара познавање на стручен јазик од државата каде што сакаш да го работиш тоа. Иначе,електричар, механичар, плочкар, хаус-мајстор.. и сл. занаети се доста солидно платени на запад.