Секакви рецепти

Член од
26 октомври 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
1.167
Млечна салата


Состојки

  • 500гр бело сирење
  • 500гр кисела павлака
  • 300гр шунка
  • 3 свежи краставици
  • 400-500гр варен компир
  • 1чаша кисело млеко
Подготовка

Компирот се вари и ситно се сецка. Се сецкаат и саламата и краставицата на поситни парченца. Сирењето се дроби со вилушка, а потоа се миксира со павлаката и киселото млеко. Количината на киселото млека сами ќе ја одредите во зависност дали сакате посува или поводеста салата затоа и не наведов колкава чаша. Изматената смеса се истура во сецканите компир, краставица и шунка и убаво се меша. Сол може да се додаде по вкус и тоа е во зависност од соленоста на сирењето. Салатата е доста вкусна и излегува поголема количина затоа е погодна за родендени, слави и др забави.




 

Divider

Seraphim
Член од
24 февруари 2005
Мислења
27.337
Поени од реакции
3.062
Црвено пилешко во ориз

1 литар слатко црвено вино
1 мала шоља кафеав шеќер
1 средноголем кромид ситно сецкан
3 лукчиња ситно сецкани
2 лажички кари
2 лажички црн пипер
2 лажички сол
2 лажички вегета
1 лажичка шафран
½ лажичка босилек
2 или 3 обескостени пилешки сетка (гради)
1 лажичка балсамико (оцет)
½ шоља маслинов зејтин
1 мала шоља црвен пипер
Лута феферонка (ситно сецкана) или табаско, по вкус
Две шољи ориз.
Половина лажичка шафран.
Лажичка сол.
Еден ловоров лист.

Зоврива водата, се става оризот и зачините. Се вари да биде скоро сварен. Се процедува.

Кромидот и лукот се пропржуваат во голема тава да омекнат во половина количина од маслиновиот зејтин. Врз нив се става пилешкиот стек. Се пропржува со редовно превртување додека не престане да биоде розов и добие бела боја. Во меѓувреме сите зачини се мешаат со шеќерот во посатка. Се попрскува стекот додека се пржи од едната страна со половина зачинова смеша. По две, три минути се превртува стекот и се попрскува со останатата зачинов смеша. По пет минути се полева со 450 милилитри вино. Се покрива и се варопржи. Се дотура маслиновиот зејтин. Се промешува. Се тура чаша вино. Остатокот од виното се тура во тавата. Повремено и внимателно се превртуваат стековите. По цели десет/петнаесет минути се става оризот. Се меша внимателно околу пет минути на јак оган. Се намалува огнот и се готви уште десеттина минути. Кога оризот е готов, се трга тавата од шпорет. Се јаде и служи со квалитетно суво црвено вино.Ама не од македонското виногорје :)
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.113
направете си шпански чоко-крем


  • чоколада - 180 г
  • кафе - 1/2 шоља сварено
  • јајца - 4
  • рум - 1 супена.л.
  • павлака - 300 г
  • ореви - по желба, лешници или др.
ставете ги на пареа кафето и издробената чоколада.

матете се’ додека се растопи чоколадата, па додадете ги жолчките и румот

Изматете ги белките во цврста пена, сипете ја павлаката и мешајте убаво да се соединат

Измешајте ги со подизладената чоколадна смеса

ставете ја кремата во чаши и одгоре ореви ,лешници мелени или рендано чоколадо
 
Член од
26 октомври 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
1.167
Сочна Пастрмка


Состав

1 кгр. пастрмка
1 главица кромид
3 чешниња лук
250 rp. вински оцет
малку магданос
масло

Подготовка

Пастрмките исчистете ги, измијте ги, исцедете ги и увалкајте ги вo брашно. Така припремени испржете ги и ставете ги во чинија. Ситно исечканиот кромид испржете го на 3-4 лажици зејтин, додајте го лукот, потoа оцетот и варете го 1/2 час. Со овој сoс прелијте ги рибите и одозгора ставете ситно исечкан магданос.
 

Lu5

Som la gent Blaugrana!
Член од
30 ноември 2011
Мислења
4.224
Поени од реакции
7.307
Ај еден совет за најбрза и наједноставна подготовка на телешка чорба..
 
Член од
26 октомври 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
1.167
Кошнички Јајца


Состав

5 јајца
50 гр. путер
Сол
црвен пипер

Подготовка

Сварете ги јајцата тврдo oколу 10 минути. Налејте ги со ладна вoда и oткакo ќе се оладат сoсема излупете ги и пресечете ги на полoвина пo должина. Извадете ги жолчките и испасирај те ги низ ситно cито или цедалка. Изматете гo путерот дoдајте ги пасираните жолчки и пoсолете ги. Одвoјте еден помал дел oд смесата и ставете малку црвен пипер. Земете oд жoлтата смеса, ставете во шприц за торта и пoлнете ги јајцата (кoшничките), а пoтоа земете oд црвената смеса и шприцнете на секоја кошничка по малку. Од дршки од магданос направе- те дршки на кошничките а од страна ставете по еден лист од магданос. Сервирајте ги во чинија во која во круг се наредени листови од зелена салата, преку која сте нарендале јајце.
 
Член од
26 октомври 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
1.167
КАФЕ ТОМ И ЏЕРИ

Потребни состојки за 4 лица:

  • 3 јајца
  • 3 супени лажици шеќер во прав
  • ½ кафена лажица цимет
  • ½ кафена лажица каранфилче
  • 80 мл бренди
  • 160 мл рум
  • врело кафе (по ваш избор)
  • морско оревче
Начин на подготовка:



Скршете ги јајцата и разделете ги белките од жолчките. Матете ги белките додека станат пенести. Матете ги жолчките додека добијат посветла боја, а при тоа додавајте им ги постепено шеќерот во прав, циметот и каранфилчето. Потоа жолчките истурете ги во садот со белките.
Оваа смеса поделете ја во четири шолји за кафе. Во секоја од нив додајте по 20 мл бренди и 40 мл рум, а потоа додајте и кафе за да ја дополните чашата. Одозгора наросете малку морско оревче и сервирајте.
 

Windfucker

Телемит, Темплар, Масон, Сциентолог во целибат
Член од
30 април 2010
Мислења
8.459
Поени од реакции
15.326
pearl

Топено сирење

250 гр. Фета сирење
100 гр. Моцарела или друго Бело сирење
100 - 150 гр. рендан кашкавал.
Доматен сос, оригано, сусам, буковка по потреба.

Се зема мала керамичка тава за печење и ептен малку се намачкува со масло (користам маслиново за оваа работа, ама и обично брка работа)
Се става фетата и со нож се дроби во тавчето, и потоа со лажица се измазнува. (Би требало со таа количина на фета да се наполни тавчето некаде до пола)
Кога ќе се измазни се мачка доматен сос или кечап врз фетата и се додава малку оригано и лично ставам малку буковска пипер.
Врз доматниот сос се става сирењето, најчесто ако не се дроби како Моцарела на пример го сечам на танки слоеви и го ставам врз доматниот сос.
Потоа го дополнувам тавчето одозгора со рендан кашкавал, лично преферирам чаден кашкавал, ама вкусно е и со обичен кашкавал.
Се пече 25-30 мин. или додека не се вцрвени кашкавалот на температура од 200 Ц.

За фурниринките користам полупечено место за пица и само малку ги намачкувам со доматен сос и му ставам оригано и сусам.
Тие се печат според упатството на нив, најчесто на 280 Ц 7-8 минути, ама некогаш знаат да стасаат и порано од причина што нема ништо на нив.
 
Член од
26 октомври 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
1.167
Чајни чоколадни колачиња



Состав


-500 гр брашно
-200 гр шеќер во прав
-2 јајца
-2 пецива
-2 лаж.какао
-200 гр маргарин
-5 лаж.млеко


Подготовка


Се меси тесто од сите овие состојки и се сучи кора.Се прават форми со калапчиња,па се редат во тава подмачкана со путер. Се печат во претходно загреана рерна на 250 степени околу 5-6 минути.Се премачкуваат со растопено чоколадо, па се попрскуваат со сецкани оревчиња.


 
Член од
6 јули 2011
Мислења
3.829
Поени од реакции
7.711
pearl

Топено сирење

250 гр. Фета сирење
100 гр. Моцарела или друго Бело сирење
100 - 150 гр. рендан кашкавал.
Доматен сос, оригано, сусам, буковка по потреба.

Се зема мала керамичка тава за печење и ептен малку се намачкува со масло (користам маслиново за оваа работа, ама и обично брка работа)
Се става фетата и со нож се дроби во тавчето, и потоа со лажица се измазнува. (Би требало со таа количина на фета да се наполни тавчето некаде до пола)
Кога ќе се измазни се мачка доматен сос или кечап врз фетата и се додава малку оригано и лично ставам малку буковска пипер.
Врз доматниот сос се става сирењето, најчесто ако не се дроби како Моцарела на пример го сечам на танки слоеви и го ставам врз доматниот сос.
Потоа го дополнувам тавчето одозгора со рендан кашкавал, лично преферирам чаден кашкавал, ама вкусно е и со обичен кашкавал.
Се пече 25-30 мин. или додека не се вцрвени кашкавалот на температура од 200 Ц.

За фурниринките користам полупечено место за пица и само малку ги намачкувам со доматен сос и му ставам оригано и сусам.
Тие се печат според упатството на нив, најчесто на 280 Ц 7-8 минути, ама некогаш знаат да стасаат и порано од причина што нема ништо на нив.

Рецептот е петка. Би додала уште и лукче...За сто мераци...
 
A

AnFem

Гостин
„Пудинг“ од лосос

(Количина по желба)

Потребни ви се: компири, филе од лосос, павлака, јајца, копар и останати зачини по желба.
Јас прво ги варам компирите, помеки ми се. Ги сецкаме на кругови и во подмачкан плех редиме ред компири, одозгора рибата измешана со павлака, копар и останати зачини, па повторно компири... Завршуваме со ред компири и ставаме да се пече. Кога компирите ќе добијат боја, се стават изматените јајца со павлака и оставаме да се допече.
Треба да изгледа нешто овака



Некои го прават ова со макарони или ориз, слободно експериментирајте.
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Ај еден совет за најбрза и наједноставна подготовка на телешка чорба..
повелете
* само една поправка на рецептата месото прво се вари па се сече и после се додава зеленчукот (зошто на месото би му требало повеќе време да се свари)
 
Член од
26 октомври 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
1.167
Бомбици од банана

Потребно е

3 банани
150гр шеќер во прав
150гр мелени ореви(може и мелени бисквити, тогаш намалете на шеќерот во прав)
150гр кокос


Припрема

Испасирајте ги бананите со вилушка, додадете ги другите состојки и се добро измешајте да се соедини. По потреба додадете ореви или кокос. Направете бомбици и валкајте ги во рендано чоколадо или кокос.

 
Член од
26 октомври 2011
Мислења
1.605
Поени од реакции
1.167
Пилешко месо со портокал и нане


СОСТОЈКИ

• 2 парчиња пилешки гради (без коска)
• 2 големи лажици маслиново масло
• сок од еден портокал
• 2 големи лажици путер
• 4 ливчиња нане, исечкано
• кора од еден портокал (по избор)


ПОДГОТОВКА

Пилешките гради ставете ги помеѓу две парчиња мрсна хартија или ставете пластична фолија врз нив и цела ваша нервоза исфрлете ја врз нив со дрвен чекан за месо. Парчињата треба да бидат со дебелина од 6 милиметри.
Во тава за пржење ставете маслиново масло и загрејте го. Потоа, ставете ги пилешките гради, налејте сок од портокал и пропржете (внимавајте да не ги препржите). Пржете од секоја страна по 6–7 минути на умерен оган.
На крај, додадете путер, нане и кора од портокал и оставете путерот да се истопи. Сервирајте.


 

Kajgana Shop

На врв Bottom