Цел живот бев против депилација. Сметав дека влакната по телото се една од разликите кои треба да постојат помеѓу мажите и жените. Али еве сега, поради одредени причини, дојдов до момент кај што морам да преиспитам и да сменам некои работи кај мене.
Работата е тоа што сум премногу влакнест. Особено лошо изгледа на грбот. Решив да ги издепилирам градите, стомакот и грбот. Е сега, дали ќе треба да ги издепилирам и рацете? Пошто имам доста влакна на рамењата и делот под тоа, изгледа ќе треба рацете барем до лакти да ги мавнам. Дали ќе изгледам смешно ако ги оставам рацете недепилирани под лакти?
Еве да речеме да ги изепилирам и рацете целосно, значи скроз горниот дел од телот. Дали ќе треба и долниот дел од телото да го издепилирам? Дали би изгледал смешно ако не го направам тоа? Пошто некако непријатно би се осеќал да морам да депилирам и нозе. Едвај се решив за горниот дел од телото дека треба да го депилирам.