А тебе имево Шкорпион не ти се огледува во текстот, друже.
Мислам, страшно глупо запажање ти е првата реченица.
Како ги гледам јас атеистите, молим те кажи ми? Во кој дел од мојот пост зазедов вредносен став дека атеистите ги гледам на некој негативен начин? Ако си атеист треба да шеташ и да дебатираш со верници и да ги убедуваш како се затуцани и заостанати?
Уствари атеистите имаат страшна одбивност кон тоа во нешто да се верува, имаат страшна одбивност некој да ги убедува дека постои некој Бог или некои виши сили, а уствари обожаваат да шетаат околу и да убедуваат некого во спротивното.
Што се однесува до моите блиски кои се атеисти... Од каде па тебе ти е тоа дека јас сум опасен верник со лошо мислење за атеистите, па сеа тие имаат причина да не бидат мои другари.
Не знам кој дел не ти е јасен.
Не сум јас против атеизмот, не сум ни радикален верник, немам ништо против атеистите, не бранам ниту една вера. Јас имав против желбата некој да си земе право да убедува верник дека е заостанат и во заблуда. Сфаќаш сеа?
Сакав само да потенцирам дека каков и да е верникот, во што и да верува, неговиот став треба да се почитува и тоа не му дава право на атеистот да дојде и да го убедува во спротивно.
Еден атеист мрзи да биде убедуван дека некаков Бог постои. Зошто тогаш не го почитува верникот кој исто така мрзи да биде убедуван дека Бог не постои.
Во врска со другите појаснувања во врска со рационалното расудување пријателе и тебе ќе ти кажам.
Во голем дел се согласувам со тебе. Слично како тебе, мислам дека нема логика да се заблагодаруваш на некое, како што викаш, битие дека ти услушнало некакви молитви. Ама исто мислам и дека немам право да му се праам паметен на некој кој верува во тоа.
Прашањата беа поставени со цел која ја опишав погоре во овој пост.
Немој молим те статистики за секуларизација, преку глава ми е од нив, ги имам по скоро секој предмет на факултет. Ме навредуваш со тоа прашање, со оглед на мојата преокупација во студирањето.
Секуларизацја, како принцип на одвоеност меѓу религијата и политиката, воопшто не мора да значи дека процентот на религиозни луѓе опаѓа. На таа тема може да си прајме муабет, ама на друго место и во друг стил.
Не знам кој дел не беше јасен.
Јас и ти можеме да мислиме што сакаме, ама според мене друже, немаме право да наметнуваме свое мислење некому и да го убедуваме дека бил во заблуда. Тоа ми беше целта на муабетот.
--- надополнето: 10 февруари 2013 во 21:15 ---
Во ова што го кажа, не може да има контрадикторност затоа што ти не знаеш колкав верник сум, а еве како што гледаш, не значи дека ако си верник не можеш да бидеш отворен.
Еве, прашање по прашање...
Исламот е религија која е неодвојива од политиката. Посебно после 624 година и битката кај Бедра исламот се трансформирал во концепт кој се нарекува
din va davla, ако не се лажам, а значи и вера и држава. Исламот подразбира политичка доктрина во себе, не можеш да гледаш на исламот, а да не ја видиш и препознаеш политичката компонента во него. Само тоа што пророкот Мухамед вршел 5 функции ( веровесник, првосвештеник, политички водач, врховен судија и врховен командант на “војската“) доволно кажува за политичката суштина на самиот Ислам. Ако Мухамед го споредиш со Исус кој имал 2 од овие функции, одма сфаќаш зошто всушност полесно е да се секуларизираат оние држави со мнозинство христјани, отколу оние со мнозинство муслимани. Исламот е неодвојив од идејата за заедница на сите муслимани во светот, од проста причина што тој не познава термин “народ“ или “нација“ и што според него муслиманите треба да се борат за воспоставување на “Аллаховата волја“ каде и да се наоѓаат на светов. Денеска има многу држави кои по Устав се декларираат како исламистички, значи по УСТАВ, а мојот став е дека тоа претставува проблем, поготово се додека во тие држави живеат и припадници на други религии кои де факто се дискриминирани.
Од друга страна, чисто за споредба, постојат и земји кои по Устав се христијански, кои се во значително помал број, ама ги има.
Бранењето на убијците е проблем и според мене тоа е чиста манипулација која се појави во јавноста. Тука треба да се биде претпазлив. Прво, не смее никој да се осуди јавно додека судот не го докаже тоа, а од друга страна, на тие луѓе воопшто не им се суди за тоа што се исламски фундаменталисти, туку затоа што се смета дека убиле некого.
Никој не смее да ги брани затоа што колку и во нивната религија да има оправдување за “одземање живот“ тие тоа го направиле во секуларна држава каде владеат граѓански закони. Ама никој и не смее да ги осуди пред време, затоа што секој е невин додека не се докаже спротивното, нели.
Од таа гледна точка, никако не ги оправдувам протестите, ама никако не ја оправдувам и хистеријата за која Јанкуловска беше виновна зошто сепак се уште се работи само за
осомничени.
Сите во светот се против Исламот затоа што уствари Исламот е против сите. Исламот во себе има доктрина која вели дека тоа е единствената правилна религија, Мухамед единствениот вистински пророк и дека Исламот е единствениот оној кој има Божји легитимитет, Аллах е оној кој владее со Земјата и Исламот треба да се прошири врз целиот свет.
Одговорот на последното прашање мислам дека произлегува од претходниов мој текст, само ќе дополнам дека во Исламското учење има делови кои даваа оправдување за тоа однесување на муслиманите. Овде ќе нагласам: Тоа е оправдано
само според нив. Не според мене и јас не ги оправдувам тие убивања и дискриминации.
На крај...јас сум за строга секуларизација и за владеење на граѓански, а не верски закони.
Исламот во себе има суштина која одбива секуларизација и никако не се совпаѓа со одвојување на политика - религија (објаснив од кои причини). Од тоа произлегуваат проблеми кои и те како заслужуваат внимание и кои треба да се решаваат во светски рамки.
Ама решение за тоа не е убедување на верниците дека се во заблуда кога веруваат во тоа што веруваат.
Појасен сум сега?