Фан Клуб : Баерн Минхен

  • Креатор на темата Креатор на темата 'Никола'
  • Време на започнување Време на започнување
Педери, ако стигнеме до финале ЛШ (или барем полуфиналиња) и ако не се собереме ќе ви се скарам и ќе навивам за Аугсбург
 
Педери, ако стигнеме до финале ЛШ (или барем полуфиналиња) и ако не се собереме ќе ви се скарам и ќе навивам за Аугсбург
Незнам дали знаеш али ние се собираме за сите поважни утакмици. За со Арсенал има организација за гледање заеднички на двата фан клуба на Баерн и Арсенал на исто место. Сигурно ќе има организација и за со Дортмунд. Лани со Реал полуфиналето бевме огромна бројка.
 
Не сум бил активен на форумов, ама за во Штип ние си се организираме фановите за такви утакмици, па би дошле и кај вас во Скопје, зашто не
 
Ќе си добијат доста дресови децата од Арсенал од нивните идоли :pos:

Иначе преку таково ми се ова германскиве експерти со коментарите....сеа му се намерачиле на Швајни да го кењаат,демек ќе завршел ко Балак,не бил више толку добар,боље бил Гиндоган....

Нека се носат,се надевам Ули ќе им го спопика у скоро време ко на Матеус шо му напраи!

Mario Gómez Тактика и состав ако може и една анализа за дуелот со Арсенал!
 
Како ветено еве накратко да рецитирам од портретот на Шпигел за Ули Хенес:

Во Шпигелот 6/13 од 04.02.2013 има портрет на Ули Хенес. Шпигел опишува како Хенес од замразена личност во Германскиот фудбал (нормално за сите освен за Баварците), стана почитуван и посакан менаџер и личност.
Текстот почина со земајнето на Гуардиола. Хенес, кој има исто така фирма за произведувајне на Нирнбершки колбаси, бил во Чикаго за да продаде колбаси, односно да направи дил за увезувајне на неговите колбаси во САД. Од тука пошол во Њу Јорк, каде се сретнал со Гуардиола. Ја запознал неговата фамилија и одма сети, дека Пеп е скромен и чесен човек, исто како што е Хенес. После подолг разговор Пеп му предложил на Ули на лаптоп да му покаже како Баерн би играл следната година, му покажуваше тактики итн. На крај си подавале рака, тоа за Ули повеќе вредело него писмен договор, џентлменс агримент.
После враќајнето во Минхен, Ули е во дилема. Самиот се гледа како најдобар другар на Јуп Хајнкес, кој многу го почитува и кој поред Хенес прави супер работа во Минхен. Но работата е, дека сега се пружи шансата за да се земе Гуардиола. Дилемата на Хенес помеѓу успех на економски и работен план и социјална одговорност веќе го следи цел живот. На крај Румениге на Хајнкес му објаснува дека од следната година Гуардиола ќе биде нов тренер на Баерн. Неколку моменти подоцна на медиумите ќе им се каже оваа вест и земајнето на Гуардиола се официјализира.
Хенес е човекот кој го донесе Баерн таму каде што е. Кога го презеде клубот, тој имал годишен обврт од 12м Марки и 20 вработени. Денес Баерн има обврт од 400м ЕУР и 500 вработени, исто така на сметката клубот има 128м ЕУР чиста пара. Во исто време Хенес прави фирма за производство на колбаси. Почнал со позајмени машини и 15 сезонски работници, денес фирмата ХоВе има обврт од 55м ЕУР годишно и 300 вработени. Приватната фирма расте како и клубот.
Хенес се опишува како интегра личност, чесен, работен и скромен. Далеку е од дигајне во воздух и глумејне елита. Секојпат последен влага во просторија, чека прво другите да влезат, исто така не му пречи со мало Фиатче да биде земен од Аеродром. Тежи многу милиони но се ангажира и социјално: Својте хонорари од држејне говори, кој се доста високи, сите ги дава за добронамерни пројекти. На многу клубови им помогал со пријателска игра за да ги спаси од стечај, пример Ст. Паули и Ахен, на Дортмунд му позајмил 2м ЕУР за да ги плати платите за играчите ко беа во криза. Ако има некој вработен во Баерн но и во ХоВе некој проблем, лично Хенес се ангажира за да им помогне. Баерн до денес има поранешни играчи на платен список кој после активната кариера влегле во криза, на кој клубот им помага со пари и некојпат со функции во клубот. Тоа беше пример случајот со Герд Милер, кој стана алкохоличар и ги потрошил сите заработени пари, но Хенес му даде функција во клубот. Исто така ако некој член од фамилијата на свој вработен или играч тешко се поболи, Хенес лично им се јавува на најдобрите лекари за да им се пружи помош.
Хенес исто така е баран гостин за разни талк шоа, но не оди само во популарни емисии на телевизија, исто така често е гостин на некој од многуте фан клубови на Баерн. За него нема разлика дали Меркел се јавува за термин, или некој мал фан клуб. Често е баран и од политиката, има имиџ како успешен човек но исто така без цензура изјавува што мисли и ги критикува често политичарите. Вика, тоа ние во Баерн што го правиме, да трошиме само пари кој ги имаме, е многу едноставна работа. Тоа што политиката конечно сфати дека со големите задолжувајна не се оди напред, ние во Баерн од самиот почеток го практикуваме. Некојпат не треба многу компјутери и советници туку едноставни правила и нивното почитувајне за да се постигне успех. Посебно е горд што Баерн со своја сила стана тоа што е. Филозофијата на Баерн не е таа на Манчестер Сити или ПСЖ со прекумерно трошејне на пари. Баерн во последните 19 од 20 години годината ја заврши финансиски со плус.
Хенес некојпат кажува и интересни анегдоти: Еднаш гринкиперот на Баерн го фатил Швајни ноќе во џакузито од клубот со млада девојка. Швајни се бранел дека на внуката сакал да и го покаже џакузито но Хенес мораше да го кара но вика, дека внатрешно баш му беше драго дека тоа се деси пошто со такви луѓе се добиваат војни.
Често пати му беше понудено да влезе во политиката но секојпат одбил. Знае, дека тука може само да изгуби. Сепак често дава коментари за политички настани. За Грција вика, дека некојпат доволно е едно фала да им се каже на Германија и Германците што им помагаат. Дава пример, дека кога играше Баерн во Марсеј гостопримството беше на највисоко ниво. После утакмицата Баерн пушти оглас во Француски весни и на Француски им се заблагодарија за гостопримството. Предлага на Грција, истото да го направат и да им зе заблагодарат на Германците за помошта. Со тој гест, многу би постигнале.
Исто така кажува, дека со купувајнето на Рибери Баерн направи чекор напред со репутацијата во Европа. Со земајнето на Гуардиола, Баерн конечно се извиши на самиот врв во Европскиот фудбал. Тоа Хенес го прави посебно горд.
Еднаш, поранешниот премиер на Баварија и член на управата на Баерн Едмунд Штојбер бил во Шангхај и ја носел управата на Сименс со себе за да продаде брзи возови таму. Но тамошниот градоначалник бил ладен и не многу интересиран, но од ко кажа Штојбер дека е во управата на Баерн градоначалникот сврте и му кажал дека е голем фан на Баерн. Сименс ги продаде возовите под услов тимот на Баерн да изигра пријателски меч во Шангај. Хенес прифати.
Хенес потекнува од сиромашно семејство, таткому бил месар а мајкаму продавала во нивната месара. Ули од 5 сабајле стануваше и одеше на џогинг пред да почне школото. Уште како млад решил да се покачи на врвот а тоа можел само со труд да го постигне. Ко се повреди тешко на 27 години, еден масер кој случајно слушал разговор од управата на Баерн му рекол, дека тие сакале да го продадат. Хенес беше шокиран и одлучил дека ако некојпат стане функционер на клуб, никојпат нема насилно да брка играч од клубот. Тоа го држи до денес, никој играч кој има важечки договор во Баерн, некојпат бил принуден да си замине. После фудбалкста кариерата студирал менаџемент и го презеде Баерн.
Најновиот дил на Хенес е тоа што МекДоналдс во Германија продава Хамбургер со неговите колбаси. Исто така тој успеа да ги убеди од МекДоналдс дека треба да ги заменат нивните лепчиња за Хамбургери и намести нив да користат традиционални симитчиња. Често пати Хенес оди во МекДоналдс за да си ги проба неговите колбаси и е задоволен од вкусот.

Поред мене во последните години Ули стана доста посмирен и секоја чест за него и неговото дело: Баерн без Хенес не би било тоа што е денес.
--- надополнето: 11 февруари 2013 во 21:18 ---
Стрпи се малце царе, еве баш пишував ;)
 
Водителкава ги праша за Ули Хенес.....И Мертесакер им вика:ве посетува ли Ули во кабината? И Милер вика,од време на време,али у задње време стално победуваме такада оди работата како што треба... :pos::pos::pos:
--- надополнето: 11 февруари 2013 во 21:26 ---
Igorcemk Тоа што е Фергусон за Јунајтед,е Хенес за Баерн....
 
Водителкава ги праша за Ули Хенес.....И Мертесакер им вика:ве посетува ли Ули во кабината? И Милер вика,од време на време,али у задње време стално победуваме такада оди работата како што треба... :pos::pos::pos:
--- надополнето: 11 февруари 2013 во 21:26 ---
Igorcemk Тоа што е Фергусон за Јунајтед,е Хенес за Баерн....
Милер за циркус е прва класа,заедно со Рибери.:D

Igorcemk :cuc::)
 
Де бре Ченто, рано е за тактики и анализи :icon_lol: се знае составот кој ќе игра.
 
Фала Игорче. :) Најмногу придонесуваш за квалитетни дискусии низ форумов, кога ќе пораснам сакам да сум ко тебе. :cuc::cuc:

Aјде некој нека каже нешто друго интересно што викаат Милер, Швајни и Подолски.
 
Фала Игорче. :) Најмногу придонесуваш за квалитетни дискусии низ форумов, кога ќе пораснам сакам да сум ко тебе. :cuc::cuc:

Aјде некој нека каже нешто друго интересно што викаат Милер, Швајни и Подолски.
Голем си Боби, уште ли ќе растеш? ;) Шала на страна, самиот бев импресиониран од Ули, посебно тоа што се грижи за играчите и својте вработени кажува како размислува Хенес. Секоја чест.
 
Фала Игорче. :) Најмногу придонесуваш за квалитетни дискусии низ форумов, кога ќе пораснам сакам да сум ко тебе. :cuc::cuc:

Aјде некој нека каже нешто друго интересно што викаат Милер, Швајни и Подолски.

Ги прашува таа плавушата јака за годините што е,ваша прогноза за мечот со Арсенал....И Мертесакер дрвото почиња дипломатски да филозофира,а Швајни го глеа Полди и така под мустаќ му се смее у стил ќе ве скршиме and you know it,и после и Полди таков апла почна да се смее....
--- надополнето: 11 февруари 2013 во 22:21 ---
Де бре Ченто, рано е за тактики и анализи :icon_lol: се знае составот кој ќе игра.

Aбе како рано,со време тоа се дискутира,не ми ја избегавајте темата....:D
 
Швајнтајгер го типуваше натпреварот со 0:0, а Милер мислам дека рече 2:5 за Баерн :icon_lol: нека ме поправи некој ако не беше така, но мислам дека рече цвај фумф за Баерн :D
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom