Зошто ми судиш без да ме познаваш? Ако ти си имал искуство со некој скржав газда, не значи дека сите се такви, немој да патиш од стереотипи. Јас неколкупати реков, работам за да спечалам колку што ќе ми биде доволно за живот, убавите работи не се купуваат со пари кај мене. И пак ќе речам, ако работникот донесе во фирмата 1000 евра, сигурно ќе добие барем 300 од нив. Малку ти звучи ова? Епа друже, јас кога сум пуштил оглас, сум барал РАБОТНИК, а не ОРТАК. Не може да зема тој исто колку и јас поради едноставниот факт што моето име стои на фирмата, ако работникот нешто усере, јас ќе ги трпам последиците на долг рок. Тој денес е тука - утре не е, јас морам да се сносам со тоа што тој го оставил зад себе и да ги расчистувам гомнариите. Јас имам одговорност пред УЈП, кога ќе дојдат инспекции јас сум на отстрел. Тој работи дур работи, кога ќе отиде дома си го исклучува мозокот и не му е гајле дали фирмата гори. Ако сака да има поголема одговорност, ќе има и поголема плата. Затоа постојат менаџери. Ама па после мене ќе треба да ми одговара ако во фирмата има некој проблем. Не може менаџер (и таква плата) без одговорност.
Значи, ептен ги гледате работите како мулиња, само напред. Никој не се ставил во улога на газда, да види како е. Направил работникот зделка вредна 1000 евра и готово, мисли дека го фатил бог за јајца, одма сака 500-600 евра плата. Мисли дека само тој е во фирмата со потреби, мисли дека само неговата уста е гладна. Божем нема даноци, давачки. Божем нема газда кој исто така треба да однесе дома леб за семејството.
Пак стереотип. Јас не негирам дека има скржави газди, но не се сите такви. Од искуство ти кажувам дека има газди кои живеат полошо од своите вработени, поради фактот што се уценувани од страна на вработените. Стручен кадар во таа област нема, и вработените може да си играат курташак. Бараат ненормални плати, опичени услови и што уште не. Газдата нема избор, или ќе му ги исполни условите или ќе ја затвори фирмата.
Затоа не ми збори дека газдите се само кретени. Меѓу работниците има многу повеќе нечесни копилиња. Отвори фирма и ќе видиш и самиот.
Во право си. И ете, ми доаѓа кандидат за работно место. Живее на 500 метри од фирмата, што значи не плаќа превоз ниту јадење. Може да си земе пауза и дома да си јаде. Живее со родителите и нема никакви трошоци, дури и сметките за вода му се платени. Сите пари од платата ги троши самиот. Во еден сервис каде што има широк спектар на дефекти, тој знае да форматира само, што покрива околу 5% од услугата која ја нудам. Бара 400 евра плата.
И јас, бидејќи сум фер, се ставив во негова позиција. Знаеш што сфатив? "Па јас овој ќе го шупчам како сакам, ако дава 400 евра супер, си најдов овца за стрижење. Ако не дава, дома ќе речам дека не сум ја добил работата и нема лутење. Значи или ќе му земам на овој 400 евра за ништо, или ќе продолжам да џаболебарам дома. Кој е како мене!"
Само сепак не знам, мене ми се чини дека треба прво да отворите фирма и да го искусите ова пред да имате право да судите. Повеќето од вас сте работници, никогаш не сте биле проколнати фирма да водите. Затоа сте способни да говорите само од ваша гледна точка. Јас имам работено од мизерни до прекрасни работи, и еве ме сега со фирма. Сум бил и ваму и таму. Затоа каде-каде кредибилитетот ми дозволува да зборувам за двете страни.
Ги разбирам јас потребите целосно, знам дека 20к не се доволни за одржување семејство ама има еден проблем - јас водам приватна фирма, а не хуманитарна организација. Со задоволство ќе му дадам 250е ако заслужил 200, за да му тргнам дел од грижите и да може да се посвети на работата подобро, ама дали е фер спрема другите вработени и кон мене да му давам 500е ако заслужил 200? Што, сега на чистачите треба да им плаќам одмор на бахамите? Мој ли е проблемот што тој склепал 5 деца а не е способен да ги храни? Требало навреме да мисли, ако сака многу деца, прво ќе се осигура дека може финансиски да ги поддржи. Јас не се осмелував ни девојка да фатам без да сум сигурен дека ќе имам доволно пари за потребите на една врска. Тоа се вика "животно планирање", нешто што на балканот слабо се применува. Сочувствувам јас со работникот, знам дека му е тешко, знам дека 200е не се доволни но на крајот на денот тоа е негово семејство, не можам јас да го хранам поради фактот што имам и јас семејство. Да му давам од свој џеб пари кои не ги заработил.. Тоа ни во сон. Да земам јас парче леб од устата на мојата жена и моите деца за да ги нахранам неговите, само затоа што тој не умеел да си стави кондом? Не ти делува тоа нефер?
Не знам дали се разбираме околу ова, сакав да кажам дека сочувството не треба да се смета како обврска за помош. Фирмата е отворена со цел да заработи, а не со цел да се расфрла со пари. Како и да свртиш, за еден работник да добие поголема плата, треба да донесе повеќе пари. Кратко и јасно. Вака е во мојата фирма, а за другите нит сакам да дискутирам нит ми е гајле.