мда.
Не е точно. Еве ја имам многу ликови од твитер кои ги почитувам. Али има некои што не прифаќаат туѓо мислење па бити.
Што е финтата? Тогаш (а и сега) многумина на твитер се палат на ова: Хах, види ги тие од форумот, (insert шала), и сите добиваат слика дека форумов е ко Фемина.
Затоа 140 карактери колку што се „добри“ се и „лоши“. Некогаш заради нив пребрзо се вади погрешен заклучок. Некогаш ја даваат погрешната слика, некогаш треба поголем простор за да се добие вистинската.
Така е и со ова сега. За форумов се добива заклучок по тролањето на влијателните. А форумов не е само тоа. Како што и Твитер не е само одреден дел.
Е тогаш, тоа се деси по таков терк. Некои ликови од твитер ги исиплукаа форумџиите и им наметнаа слика на: гебелсоиди, платеници од власта, националисти итн... а врска немаше.
Речиси никој (чест на исклучоци) не се обиде да дознае за целта на акцијата, туку ги „послуша“ гореспоменатите неколкумина и почна тролањето.
Да, до другите им беше до тролање, и ништо друго. Знаеме колку е несериозноста изразена на твитер често и нема збор за тоа.
На крај, на твитер се трола секојдневно, се тролаат многу таргет групи, а кога некој ќе ги трола тие на твитер тогаш „тоа не чини“. Зошто? Нели викате дека треба да се прифати хумор на своја сметка (иако ти е блокирана хехе).
А за календарот, биди сигурен дека немаше да има никакви коментари од некои тука доколку не се десеше ова првото, со починатите од Смилковско.
А ова што се дешава сега, е класично билдање на его.
OK POZZZ