Хрватски пасош

Поголеми се шансите моментално да најдеш вода во Сахара него среќа во Македонија.

Зашто тогаш се чукаат во гради патриотиве дека земањето Бугарски пасош било штетно? Па нека се вратат во камена доба без вода и струја и нека живеат изолирано од светот. Доста веќе со Александар и со фалангата, светот се глобализира ние се уназадуваме.
 
Е зошто де, зошто им се пере мозокот дека поентата на среќниот живот е во Александар и фалангата.
 
Нели кога се аплицира за Бугарски пасош треба да се потпише таму документ со кој што на еден начин се отфрла "македонското" и се потпишува дека сите твоите предци биле Бугари? Нели тоа може да го користат против нас во сопствената држава со цел неисполнување некакви права и е еден вид копање на сопствената дупка?

Пријателот веројатно мисли дека хрватскиот пасош не би го имал тој ефект, а сепак сака нешто да искористи (како и сите ние) без да проголта значително парче од својата чест. Чисто моја интерпретација.
 
Сестра ми веќе прави планови за трајна преселба во Прага. Таму е дечко и, таму има поголеми шанси за вработување по нејзина фармацевтска струка, и помагаме со вадење неопходни документи за престој, кај и да е ќе го продолжи учењето на чешкиот јазик.

Не берете гајле, не ја даваме на бугариштана, она ќе биде горда античко-православна Чехиња.
 
Во твојава ситуација, единствен начин е ова. Ама ќе те кошта најмалку 10.000 евра. Ги даваат на големо на Срби, Босанци, Косовари...
 
Е зошто де, зошто им се пере мозокот дека поентата на среќниот живот е во Александар и фалангата.

Па добро реално на балканов му нема спас факт е дека и Грците и Бугарите притискаат со пропаганда и национализам и дека ЕУ им е само маска што не е случај со останатите земји членки. Ама после Х децении кога нема да има граници и кога ќе се работи со лична карта во цела Европа нема да биде битно кој какво државјанство има.
 
Најлесно по потекло.......за тие со хрватско потекло државјанства делат како колачиња.
Јас имам по татко ми......он е Хрват и е роден во Хрватска,а и тетка ми што хрватица,ама родена во Скопје исто има државјанство и децата нејзини исто имаат.
Истото важи и за ако имаш родител кој е по потекло од БиХ......нема разлика,битно да е хрватско потеклото и лесно се добива.
 
Дај контакт? :D
Europa via Prishtinë . :D Инаку, за вакви пасоши имаш и низ западна Европа. Ќе си видиш таму по балканските биртии, има матни типови што ги нудат. Само нема да бидеш со оригиналното име и презиме. :D
 
Јас од кеиф сакам да земам хрватско државјанство, макар и никад да не влезе во ЕУ. Ако најдеш начин соопшти го не се срами :)
 
Значи отфрлање на Македонското е ок ако се замени со Хрватско, ама не е ок ако се замени со Бугарско?
Ако поради заслуга ( на пример си некој врвен спортист или слично) добиеш Хрватски пасош/државјанство) тоа не е отфрлање на Македонското.
Ова што авторот на темата сака да го направи е баш отфрлање на Македонското, ама негов избор најпосле. Немам како јас него да го убедам да не зима туѓ пасош.
Е сега, кога веќе си утувил во главата дека сака туѓ пасош, подобра опција е да земе Хрватски затоа што Хрватите отсекогаш биле пријателски настроени кон нас, не го оспорувале нашиот јазик, нашите територии, нашето име, нашата црква (;)) и општо Хрватскиот народ е пријателски настроен кон нас, Македонците, мој србине (делијо). :)
 
Ако некоj сака да се вработува во ЕУ со Хрватски пасош требе да знае дека првите 7г. ке има рестрикции и нема да може да се работи коj што сака. А тиjа рестрикции падинjат за Бугариjа и Романиjа на 01.01.2014г. и секоj може да си бара срекjата во 27 држави, ова е много голем плус за луге со диплома или со занаjат.
И мили Македонци сопрете да плукате бо Бугарскиот пасош, никоj не ви тера да се пишете Бугари. Ова го правите самите вие, зошто кога некоj се изгласи за етнички Бугарин чека 1г. за пасош, ако не сакате да се подпишувате за Бугари, работете легално во Бугариjа, плакjаите си ги даноците и после 5г. ке получите Бугарски пасош по натурализација.
Ама на вас не ви се чека, епа ова си е ваш проблем.
Што мислите, ако Хрватска дава пасоши како Бугариjа на етничка припадница, дали нема да ви тера да се пишувате Хрватин?
 
Meне Северина ми е омилена глумица...поради неа ја засакав Хрватска. Дали ќе ми дадат државјанство?
 
За болдираното.........за добивање хрватски пашос по потекло,мора да го докажеш тоа потекло и да не е некое пред 100 генерации една моја прапрапрапрабаба од Хрватска се омажила за македонец.
Не можеш само да отидеш,да се кажеш хрват и да кажеш дека твоите биле хрвати,па да добиеш државјанство.Потеклото мора да си го докажеш......
За разлика од Бугарија која и дава и на цигани,бошњаци,срби,македонци......на се живо и диво од Македонија само ако кажат дека се бугари.

Инаку зашто побогу би сакал да живеам и работам 5 години во Бугарија само за да добијам пасош ?
Која ќе ми биде разликата ако живеам и работам во Бугарија или во Македонија.....?
Ако би земал бугарски пасош тоа би било за да ми е подобро,а не за исто да ми е.....
--- надополнето: 11 февруари 2013 во 00:12 ---
Meне Северина ми е омилена глумица...поради неа ја засакав Хрватска. Дали ќе ми дадат државјанство?
И мене ми е омилена "глумица" и ми имаат дадено државјанство......пробај си ја среќата можеби и на тебе ќе ти дадат :P:D

п.с Дами,отворен сум за понуди за брак ради државјанство......:P
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom