Другарка ми има кажувано за нејзина соседка. Во станот живеела сама жена, која имала починато двајца синови и сопруг веќе долго време. Жената имала над 90 години, и нејзините блиски роднини решиле да го продадат станот за таа да иде во старски дом. Додека бил станот празен, другарка ми навечер и во раните утрински часови забележувала стапалки, како паѓаат предмети, чкрипење по подот... (а инаку станот на бабата, е веднаш над станот на другарката). Тоа се случувало се додека не се вселиле луѓе во станот.