Прашања до Атеистите II

  • Креатор на темата Креатор на темата Bitcoin
  • Време на започнување Време на започнување
Епа истата работа, дури и бетер то абиогенезата, зела сами по себе од неораганска во органска па оп организам.
Двата “метода“ ако може така да речам се крајно дебилни.

Де бе шо толку дебилен првиот метод? Си седеле во водата аминокиселините, ги бапнал гром и почнале да се создаваат посложени соединенија.
Барем мене тоа најлогично ми звучи. Отворен сум за муабет, пиши некои други теории, па да разглабаме. :D
 
Не е баш така, ако гледаме рационално. Не се споредуваат. Креационизмот тврди дека натприродно битие го создало човекот од кал као некој скулптор додека абиогенезата говори за спонтано настанување на најпроста органска материја од неорганска и нејзин развиток via еволуција (ТЕ претпоставувам дека ја прифаќаш), во склоп со физичките законитости. Затоа е логички многу поиздржана.

Меѓутоа тоа е сосем друга дискусија, ќе забегаме ептен офтопик. Поентата ми е дека абиогенезата се уште не е докажана, но не е ни побиена. Можеш да не веруваш во нејзината точност, но не можеш со сигурност да кажеш дека е неточна, исто како што јас не можам со сигурност да кажам дека е точна. Времето ќе покаже дали оваа претпоставка е точна, ако е - океј, ако не е - пак океј, ќе ја отфрлам, ништо не ми менува. Разликата од догматичните верници е тоа што јас не тврдам дека ја знам вистината за настанокот на живиот свет.
Се у реду бе друже си праиме муабет. еве и за gade се однесува. За мене абиогенезата е неможна, исто како и божјата креација. Небитно дали за ова или за она постои поголема веројатност. Панспермијата ми е далеку поверојатна. Тоа што ти велиш не е побиена, таман работа ако се’ побивавме. Ни постоењето на бог (било каков, не мислам само на аврамските религии) не е побиено. Решението треба да се бара на друго место. Ги има 15тина други теории и ниедна не е побиена (но не е ни докажана, оф корс). Можеби и ниедна не е точна, можеби комбинација од неколку, можеби натаму ќе се појави некоја друга.....итн.... Јас сум голем скептик по тоа прашање за секоја теорија. Еве чисто колку за дискусија, не дека јас верувам во неа, една симпатична. „Дури и боговите имаат богови“

А што е толку чудно од нежива материја да настане жива материја? Состојките се истите, јаглерод, кислород, калциум, железо...итн.

Ако едно живо битие го „срозаш„ на ниво‘ од молекула или атом, тогаш да, нема разлика меѓу живото битие и неживата околина од тоа битие.

Арно ама, живото битие не можеш така едноставно да го апстрахираш, а при тоа да го занемариш очигледниот факт дека битието е битно поинаку организирано и обликувано во однос на неговото опкружување, од кое битието зема материја/храна и преживува.

Према томе, чудното е крајно едноставно: зашто „нештото„ е живо а се‘ околу него е неживо?
 
Ке ти одговорам во твој стил, со србизми, кои ги користиш кога сакаш да дерогираш некого.

Па управо према томе колега, еден ден науката ќе открие шта се ту дешава.
 
Абиогенезета има веројатност да се случи, од ранг десет на минус 170 и кусур, што е далеку под границата од 10 на минус 143 за која денешната физика смета дека може да биде валидна веројатност.

Со други зборови, абиогенезета нема благе везе со настанокот на живиот свет.:cool:
 
http://www.talkorigins.org/faqs/abioprob/abioprob.html
 
Џабе е.

Ништо не докажува.

Само сакам да ти напоменам не биди поголем догматичар од оние кои ги нарекуваш догматичари;)

Остави простор за нови хоризонти. Толку само.
Секако дека не докажува дека абиогенезата е точна, но го побива твоето тврдење. Има разлика.
 
Значи според многу од вас панспермијата е поверојатна од абиогенезата. Ако е така како настанал животот на тој астероид или комета што паднале на земјата и донесле живот?

П.С. Ако се пропагира директирана панспермија тогаш тесна е разликата меѓу тоа и религијата...
 
Не бе таман работа диригирана. Рандом. Валда не си на убедување дека само на третиов камен од нашево сонце само има живот. Кај нашло плодна почва, никнало.

Болдот: А зошто морал да настане? Дали времето на друго место постои онака како што ние го гледаме, дали просторот постои онаков како ние го гледаме. Дали постои интеракција со другите универзуми (кои најверојатно) ги има. Премногу непознати а помалку равенки, системот не е баш решлив, засега.
 
Секако дека не докажува дека абиогенезата е точна, но го побива твоето тврдење. Има разлика.

кое мое тврдење?

Па ако не докажува дека е точна што ја кажуваш во контекст дека е точна:P
--- надополнето: 8 февруари 2013 во 17:08 ---
Не бе таман работа диригирана. Рандом. Валда не си на убедување дека само на третиов камен од нашево сонце само има живот. Кај нашло плодна почва, никнало.

Болдот: А зошто морал да настане? Дали времето на друго место постои онака како што ние го гледаме, дали просторот постои онаков како ние го гледаме. Дали постои интеракција со другите универзуми (кои најверојатно) ги има. Премногу непознати а помалку равенки, системот не е баш решлив, засега.

Џабе е. Тука си ги мерат, чиј е поголем
--- надополнето: 8 февруари 2013 во 17:12 ---
Значи според многу од вас панспермијата е поверојатна од абиогенезата. Ако е така како настанал животот на тој астероид или комета што паднале на земјата и донесле живот?

П.С. Ако се пропагира директирана панспермија тогаш тесна е разликата меѓу тоа и религијата...

Ти глеам најде како ние на земјава сме настанале, па сеа гајле береш и за останатите небесни тела :confused:
 
кое мое тврдење?

Па ако не докажува дека е точна што ја кажуваш во контекст дека е точна:P
Да не се натегаме, ти тврдеше дека абиогенезата е статистички невозможна, тоа тврдење не е точно. Толку. Од таму до комплетна потврда на абиогенезата долг е патот.
 
Да не се натегаме, ти тврдеше дека абиогенезата е статистички невозможна, тоа тврдење не е точно. Толку. Од таму до комплетна потврда на абиогенезата долг е патот.

Абе ај. :pos:

Ја ти кажувам дека абиогенезета е речиси неверојатен настан ти ми даваш линк за кој велиш дека не ја докажува абиогенезата и не тврди дека е точна, што значи иде у мој прилог:P и н акрја ми викаш ќе се докаже еден ден ќе видиш, жими мајка.

Тоа се вели вака, моето тврдење е точно и на сила додека не се докаже абиогенезата за точна.
 
Ти глеам најде како ние на земјава сме настанале, па сеа гајле береш и за останатите небесни тела :confused:

Јас го поставив тоа прашање од гледна точка дека панспермијата е точна. Зошто така може да се направи синџир на настани кој не завршува или дека абиогенетски настанал животот на тој астероид, комета шо и да било, а зошто да не би настанал абиогенетски и на третиот камен од сонцето.
 
Абе ај. :pos:

Ја ти кажувам дека абиогенезета е речиси неверојатен настан ти ми даваш линк за кој велиш дека не ја докажува абиогенезата и не тврди дека е точна, што значи иде у мој прилог:P и н акрја ми викаш ќе се докаже еден ден ќе видиш, жими мајка.

Тоа се вели вака, моето тврдење е точно и на сила додека не се докаже абиогенезата за точна.
За греота... :(

Не ми шверцај аргументи. Линкот докажува твоето тврдење дека абиогенезата е статистички невозможна е неточно. Линкот не докажува дека абиогенезата СИГУРНО се случила. Ако си интелектуално неспособен да разграничиш меѓу овие две, не сум ти јас крив.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom