Пишав дека два дена воопшто не јадеше, а последниот ден и кога ќе ставев во водата да плива таа само лебдеше иако очите и беа отворени, не спиеше. Кога ставив на каменот го подигаше главчето и ја отвораше устата. Сабајлето беше вовлечена во оклопот ја земав во раце и и ги цепкав ноџињата и главчето да ја разбудам, но не реагираше. Инаку многу ретко сама влегуваше во вода да плива, за разлика од другата која 90 посто од времето го поминува во вода. Не ми е јасно како разликувате кога желаката хибернира, а кога е мртва???Помош за следен пат да не направам грешка!