ili voopsto nema da ja zavrsat
Можеби ама да беше Бил Гејтс глуп човек сигурно немаше толку милијарди да има на сметка, па сега ти види, а и има логика муабетот.
На работа ги гледам, има ептен работливи луѓе кои едноставно не се ни трудат да смислат нешто за да си олеснат во работата, туку цело време си тераат како што ги научиле.
Од друга страна има некој кој и не се така работливи, но сепак ке смислат нешто за да завршат иста работа или за помалце време или со помалце вложен труд. Сега што е работата незнам.
Едните ги викаат големи работници и служат за тупкање по рамо, другите ги викаат неработници и најчесто се на лош глас кај шефовите. Дали големите не сакаат кога некој знае повеќе од нив или некој што покажуваат иницијатива и им работи мозокот, па ги елиминираат по кратка постапка, или повеќе им одговра некој кој има мускули но нема грам мозок, па им се полесени за манипулација. Тоа само тие го знаат.