Драга Кајгана

Статус
Затворена за нови мислења.
B

BrunoFresh

Гостин
Драга,

покрај сите капки дожд во овој морничав и чуден ден, добро е да си сведок дека среќата од некаде ти се смешка и те задева, па ти дава шанса да презентираш неколку видови на насмевки кои се испреплетуваат и танцуваат во хаосот на повторното раѓање. Таа среќа денеска ми ги донесе овие насмевки, некој миг да се порадувам и јас на моите успеси и борби. Драга, послем 3 години труд и нервозни студентски години, редно беше да добијам и јас стипендија за талентиран студент. Благодарен сум на самиот себе затоа што го заслжив ова !
 

Flikson

Провинцијалец
Член од
27 декември 2012
Мислења
914
Поени од реакции
2.562
Навистина ли сум себичен и самобендисан!?
 
Член од
10 мај 2010
Мислења
2.727
Поени од реакции
1.970
Во денешно време децата на 10-годишна возраст имаат=лаптоп,smartphone,facebook,skype,sonyplastation. Во мое време децата на 10 годишна возраст ,имаа само десет години......
 

Крусер

Тотем Пума
Член од
4 јули 2008
Мислења
3.556
Поени од реакции
1.612
Го познавав. Лично. Ни приближно толку добро колку луѓето коишто беа блиски со него, коишто се дружеа со него, коишто освојуваа врвови со него... Коишто го направија ова видео за него.

Загина бидејќи се искачуваше сам, наместо со помош. Загина поради самоувереност, ароганција можеби... А беше достоен за неа. Вредеше до толку.

Доцнам за искажување на двегодишниот помен. Не го познавав доволно и не се дружевме доволно. Сепак, почивај во мир, Диме.

 

Gregor

Оbserver
Член од
6 февруари 2013
Мислења
1.021
Поени од реакции
1.935
Драга Кајгана,

Ја сум бубачка, жртва на семејството. Дали ова беше доволно *deep за критериумите на темава или? :свиркам:

Пошто сум новајлија, немам доволно лајкови, најверојатно овој пост ќе биде игнориран, исто ко што ќе игнорирате некој бездомник и нема да му фрлите некој денар или да му дадете да се напие топол чај и да згрее од студот... ова мислам дека беше *deep. :unsure:
 

bokser_mk

Баксуз
Член од
29 јануари 2012
Мислења
1.363
Поени од реакции
1.831
ah kajgi kajgi isti kur se site privatni sve im ebam
ke stignam li jas nekako od drzavna cesma da cicam ili da begam od ova sranje od zemja:mad:
 

~Bunny

Magic wand...
Член од
13 септември 2010
Мислења
902
Поени од реакции
1.266
Драга,

Кафе во 23 часот... Тоа не личи на мене. Сината шоља со шарени цветчиња е единствено нешто што во моментов ја разбија монотонијата околу мене. Фактот дека сама си ги искомплицирав работите дополнително ми задава терет. А тоа што упорно ја анализирам ситуацијата не ми е моментално од никаква корист. Лош ден-што немора да значи дека и тој што следи кје биде таков. Реагирај бани свесни се!
 

Erich Zann

Модератор
Член од
13 мај 2012
Мислења
14.631
Поени од реакции
31.841
Во моментов ми се присака да се најдам во највисоката соба изградена од некој огромен замок, како оние во Game of thrones , да има некој исѕидан камин, внатре огнот да баботи скроз, да пукаат дрвата и воедно тој да ја дава единствената светлина во собата покрај онаа на неколкуте свеќи поставени на масата. До каминот да има голем прозор преку кој ќе можам да гледам во далечините на некоја шума, а од небото да паѓаат огромни парчиња снег. Јас да седам на некоја столица со можност да за нишање, да пијам старо црвено вино,да гледам низ прозорецот во далечинита на белата шума и да го слушам звукот на ветерот кој се меша со оној кој претходно го спомнав, звукот на горење дрва.
 

OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844
Во моментов ми се присака да се најдам во највисоката соба изградена од некој огромен замок, како оние во Game of thrones , да има некој исѕидан камин, внатре огнот да баботи скроз, да пукаат дрвата и воедно тој да ја дава единствената светлина во собата покрај онаа на неколкуте свеќи поставени на масата. До каминот да има голем прозор преку кој ќе можам да гледам во далечините на некоја шума, а од небото да паѓаат огромни парчиња снег. Јас да седам на некоја столица со можност да за нишање, да пијам старо црвено вино,да гледам низ прозорецот во далечинита на белата шума и да го слушам звукот на ветерот кој се меша со оној кој претходно го спомнав, звукот на горење дрва.
А јас сум во шумата и танцувам со белите волци... :)
 

честа

Спор
Член од
25 септември 2008
Мислења
1.317
Поени од реакции
1.033
Ајде нека дојде утре, одвај чекам да го кренам шаторот, оган, топол чај, чупето до мене, конечно небо каде што ја нема таа грда светлина од градов, конечно да ги видам ѕвездите како што треба, уште и снег да падне, совршенство, конечно да одморам, настрана од се, ајде бе, време, побрзај.
Баш за времево.
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
Д.
мора уште еднаш да ти пишам....
значи како се нервирам за ситници. во себе си викам: Нема потреба да се нервираш, нема потреба да се нервираш ама ВРИЈАМ!!! кренав температура од толку што сум будала.....
мразам кога планирам едно, а на крај испаѓа сосема трето и згора на се домашниве над глава ми висат, немаат доверба во мене и ми солат памет :mad: абе ако остајте ме!!!!! ќе напраам беља.......сакам барем еднаш да застанат зад мене и да ме поддржат (посебно тато).
само да знаете дека и јас не сакав вака да биде!
што се мора, се мора....................................................
 
L

.Lost Angel.

Гостин
Драга кајгана ...

И после јас сум имал среќа на љубовно поле? ма дај ... и можеби некогаш (n) што ми е тапа ми е тапа да не се лажеме кајгана ја среќа никогаш ни сум видел ниту пак ќе видам ајт сега одам да пијам кафе надвор и онака 3 смена малце на водух и да кајгана ја од ово не могу далје
 

Tonchie

BATTERY +
Член од
15 јуни 2005
Мислења
13.479
Поени од реакции
7.949
Драга Кајгана,

Да следиш спорт редновно, посебно македонски ракомет, на тв, по весници, никогаш не знаеш дали некогаш ќе патуваш со ист авион со Вардар Про :) Се видов со Влатко Јовчевски, од којзнае кога го немав видено, дури и името му го заборавив (со брат му учев 8 години заедно, со него не), среќа го има по интернет :D
Инаку најубава работа во врска со аеродромов во Виена е тоа што единствен лимит на гага ви-фи-то е 500 MB сообраќај :) Моментално има до мене семејство најверојатно од Русија или блиските земји, мајка татко и три мали деца. Многу се бучни, ова ми доаѓа како подготовка за следните 6-8 месеци на работа :)
Видов најпопрекрасен swatch, ама немам вишок 80€ :(

Бацки, гушки и сок од крушки од Виена :)

п.с. две екстра гушки до bebush и ќе ја остаам да ме гмечи, јак дечко сум ја :)
 
Член од
8 јуни 2007
Мислења
6.102
Поени од реакции
12.199
„Денешниве деца се расипаа, само на компјутер киснат. Го нема онај детски џагор, да ти е мерак да чуеш кај што играат фудбал во сокак“

Добро бе, меморија имате ко лоботомирана златна рипка?

Моја генерација колеше и бесеше за пуста 20денарка за да оди на флипери, да го вртиме „Мустафа“. Ако треба и цел ден ке кисниме на флипери, само дома да не сме. После дојде нинтетно, кисневме дома. Излегвевме надвор за на флипери да одиме.

Е тек тук, знаевме и по некој фудбал да изиграме во сокак.

Каде што добивавме константни смртоносни закани (упатени кон нашата топка)

„уште еднаш ако ви летни в бавча, нема да стапните овде појќе да играте“ (за фудбал најчесто)

Ако мававме баскет, имаше друга варијанта

аманте бре, сега се игра (во 16 часот пример), ми ја набучивте главава, ојте кај XY другар, да видиме мајка му дали ке ве трпи така. Ај, бегајте.“

И нормално, секој по дома за да играме тенис на петти левел на „нитендо“. Или ако не, на флипери.


Ебаве меморијата. И лицемерието.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom