Еве ти еден пример за куранот и науката.
Жак Кусто научно докажал пред неколку стотици години дека две мориња се допираат но не се мешаат,тоа е денеска научно чудо,феномен на природата и тн.
еве што Аллах во куранот вели за тоа:
19. Пушти две мориња да се допираат,
20. меѓу нив има преграда и тие не се мешаат -
21. па, која благодат од Господарот свој ја негирате?!(сура Ер-Рахман)
Јас како муслиман му верувам на Аллаховиот говор,а на Жак Кусто му викам: Благодарам што и научно ми докажуваш колку е совршен Аллах.
и уште многу други курански ајети има кои ги потврдуваат научните достигнувања и слично.
и тоа не се измислени приказни од луѓе како што велиш.
Е баш супер што го спомна ова.
Само да напоменам дека Мухамед бил паметен човек а и пред него Арапите биле познати трговци кои патувале по цел свет и секако биле писмени. Значи доаѓале во контакт со други цивилизации и ги земале нивните приказни, откритиа и слично (Арапските бројки се всушност Индиски)
Аристотел одприлика 1000 години пред Мухамед напишал дека солена и слатка вода не се мешаат заради различна густина, салинитет и пред се температура.
Ова го знеле сите морнари од како постои пловидба по морињата, нарочито каде река се влева во море или каде се спојуваат две водени тела на мал пролаз а секое од нив да е со своји специфичности (Црно и Средоземно на пример) кои делуваат на различна температура, салинитет (колку испарува и колку реки се влеваат и каде)..
Горниот слој е питок а долниот е солен.
Вака останува се додека температурата не се изедначи.
Бидејки во Коранот не е спомнато за кое море се работи предпоставувам дека е Црвено море како најблиско и како една од главните рути на трговијата со која Мухамед би бил запознаен.
Црвеното море е интересно заради фактот што северниот дел испарува побрзо заради сувио воздух (пустина во близина) додека јужниот побавно (океан во близина) и настанува феномен кој може да се надблјудува - стварање на слој мешана вода која ги двои овие две но после извесно време после изедначување на температурата сепак ке се измешаат.
Секако иако многу луѓе знаеле за овој феномен најлесно објаснување било „виша сила“ па така и овој случај.
На пример реката Амазон со влеванје во океанот ствара слој слатка (питка) вода кој се простира со десетици или дури и сто километри во океанот. Потоа кога ке се изедначи температурата доаѓа до мешање.
И другите ајети предпоставувам се на тој принцип. Нешто нормално и природно што го приметиле луѓето али најлесно им било да си го објаснат со „виша сила“.
и дебатата со мене секогаш ќе трае релативно културно,до сега немам навредувано никого без разлика на религиска припадност или неприпадност.
ако дојде до степен да се навредуваме на религиска/нерелигиска основа,јас повеќе нема да дебатирам.
Да ти кажам затоа едно време и прекинав да доаѓам на форумов. Али добро е да се најде некој што сака да дискутира културно
.