Анкета: Будизам = Атеизам ?

Дали Будизмот е во суштина Атеизам?

  • Вкупно гласачи
    71

Donald Sikert

Jane Vitington
Член од
28 ноември 2008
Мислења
8.283
Поени од реакции
5.614
Знаеш каде грешиш?
Грешиш што Бог го разбираш само во концепт на монотеистичките религии...како ентитет надвор од тебе...
Еве зошто на Бог не му е битно дали ќе веруваш или не..
1. Законите на универзумот постојат, тоа дали ти ќе веруваш во нив или не, не е нивни проблем;
2. Ако веруваш во себе, тогаш веруваш и во Бог.
Е сега, ке треба да напишам цела книга да ти го објаснам ова....затоа секогаш го кажувам основното, потоа останува на вас да продлабочите...

Гурџи бе, ти си исто ко сите останати, само сакаш да си различен.

Па 10000000000000000000000000 пути до сеа ти кажаа, дека се атеисти во поглед на токму тој концепт опишан во светите книги, супермоќен ентитет со еден куп антропоморфни особини.

1. Да Гурџи посотјат. И полека хомосапиенсот ги открива.

2. Да, и ова е точно.

Кој воопшто ти се спротивставил на ова?

Проблемот е шо ти сакаш нешо друго да протнеш, дека сето ова што го кажуваш е во рамките на религија. Сакаш да протнеш дека ова те научиле Светите Книги. А тоа, не те учат тие.

Лага е. Тие учат на други работи. Се обидуваш да протнеш дека можеш да научиш нешто од Библијата и Куранот, што ние не можеме. Повторно грешка.

Значи ваквото користење на синонимот Бог, и концептот кој го претстави те носи во наше дувло, кое толку многу го критикуваш;)

Добредојде Гурџи од оваа страна на реката.

п.с Болдот една персона цело време се обидуваше да ти каже Бог = Јас, иако сега ќе се обидеш да напраиш диситнкција и познавајќи те, ќе испаламудиш нешто и ќе кажеш на крај со познатитот рефрен ЗАСПАНИ СТЕ.
 
M

Muranyi

Гостин

Кога дискутирам за Бог на форумов,секогаш тргнувам од аспект на Бог претставен во трите главни монотеистички религии,поточно аврамски,како што ги нарекуваат.Концептот на семоќно,антропоморфолошко битие,едноставно за мене е неприфатлив.Во многу наврати сум потенцирал дека во таков Бог не верувам,како што не верувам ни во боговите од Хундуизмот,иако господар Шива ми е омилен бидејќи ме потсетува на Сатаната,а замисли тој им е еден од главните божества на хиндусите:)
Секако дека постојат законите на Универзумот,немам јас што да верувам во нив или не,кога јас сум субјект врз кој тие закони дејствуваат и воопшто не им е грижа дали сум поверувал во нив или не:)Ако има нешто на што се восхитувам,тогаш тоа е бесконечниот Универзум,каде се е толку совршено,хармонично подредено,функционира беспрекорно како една целина,еве да ја земеме планетава Земја каде буквално се,од една обична анаеробна бактерија па се до највозвишеното суштество-човекот,си има свое место и функција во природата.А сето тоа наштимувано како еден оркестар,само ти преостанува да се восхитуваш на таа грандиозност.
Не би знаел на точно каква верба во себе мислиш,која е поврзаноста на вербата во себе со вербата во Бог.Во која смисла е поставено прашањето-дали верувам во себе?
Како и да е,една тенка линија те дели од многумина на кои тука им се потсмеваш.
 
Gurdjieff

Bastardo dentro
Член од
12 јануари 2011
Мислења
3.645
Поени од реакции
1.264

Не Господине Доналт, грешка сте..јас сум во реката, пловам со неа, не сум на брегот, не сум ни на оваа ни на онаа страна од реката.
Јас ЗНАМ дека Бог постои, нема потреба да верувам или не верувам, ти реков дека дури и комуницирам со него.

1. Законите на универзумот се објаснети во светите книги, и пак морам да ти речам дека си заспан и не можеш да ги видиш.
Законот за 3 е објаснет во Библијата...законот за 7 во Коранот
2. Знам дека постојам, нема потреба да верувам во тоа.

Затоа мојата религија се разликува од вашата...мојот концепт за религија ги поврзува сите Апсолутни вистини за да се дојде до ЕДНА Вистина
 
OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844

Поздрави го од мене... одамна не сум го посетил, кажи му дека ќе му идам деноиве на гости... :D
 
Токму таа усовршена хармонија на универзумот и на органскит свет на планетата земја е Божје дело, кој преку законите владее со нив. Затоа и тој окрестар функционира перфектно, сето тоа е негова заслуга.
Тоа е кога е надвор од нас, кога е во нас е исто дел од тај универзум...не џабе рекол Сократ- запознај се себе си, ќе го запознаеш универзумот
 
Го немаш мобилниот?....јави му се и закажи му.
Рече дека е многу зафатен овие денови...:P
 
OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844
Проста логика, атеистите немаат храмови, немаат молитви, немат чакри ниту зен-ови нитуу пак ритуали што не е случај со будизмот односно будизмот е религија.
Хаххахаха Зенови :pos: Поима немаш :tapp:
 
Nex

Член од
31 декември 2012
Мислења
171
Поени од реакции
192
Проста логика, атеистите немаат храмови, немаат молитви, немат чакри ниту зен-ови нитуу пак ритуали што не е случај со будизмот односно будизмот е религија.

Не Господине Доналт, грешка сте..јас сум во реката, пловам со неа, не сум на брегот, не сум ни на оваа ни на онаа страна од реката.
Јас ЗНАМ дека Бог постои, нема потреба да верувам или не верувам, ти реков дека дури и комуницирам со него.

1. Законите на универзумот се објаснети во светите книги, и пак морам да ти речам дека си заспан и не можеш да ги видиш.
Законот за 3 е објаснет во Библијата...законот за 7 во Коранот
2. Знам дека постојам, нема потреба да верувам во тоа.

Затоа мојата религија се разликува од вашата...мојот концепт за религија ги поврзува сите Апсолутни вистини за да се дојде до ЕДНА Вистина
Неможе да има повеќе апсолутни вистини да ти биде јасно самиот термин укажува дека саммо една може да биде апсолутна.

Ме интересира која вера си ти и со кој Бог комуницираш??
 
OSHO-Lover

Konecno Sloboden...
Член од
2 декември 2011
Мислења
2.213
Поени од реакции
2.844
Го немаш мобилниот?....јави му се и закажи му.
Рече дека е многу зафатен овие денови...:P
Епа тогаш не му идам, нека дојде он кога ќе биде послободен... :icon_lol:
--- надополнето: 6 февруари 2013 во 19:42 ---
Неможе да има повеќе апсолутни вистини да ти биде јасно самиот термин укажува дека саммо една може да биде апсолутна.

Ме интересира која вера си ти и со кој Бог комуницираш??
Со богот на ништовилото... Тешко дека си чул за него... а го гледаш и слушаш секој момент...
--- надополнето: 6 февруари 2013 во 19:44 ---
Токму таа усовршена хармонија на универзумот и на органскит свет на планетата земја е Божје дело, кој преку законите владее со нив. Затоа и тој окрестар функционира перфектно, сето тоа е негова заслуга.
Тоа е кога е надвор од нас, кога е во нас е исто дел од тај универзум...не џабе рекол Сократ- запознај се себе си, ќе го запознаеш универзумот
А кога е надвор од нас...? И плсу прашање... Кога е надвор од нас... што е со нас...? :P
 
Член од
14 октомври 2007
Мислења
2.674
Поени од реакции
2.731
Ја читав темава наназад, и глеам уствари дека полна е со препуцавања меѓу членови и налетав на доста мислења кои велат накратко: “Будизмот е најблиску до атеизам, атеистите не се будисти, ама будистите се атеисти“

Се согласувам и дека прашањето во насловот на темава е погрешно постулирано, а гледам и дека нема доволно познавање околу будизмот, за да се дебатира на оваа тема.

Точно е дека во будизмот не постои Бог (во смисла на поимот Бог како што го сфаќаат христијаните и муслиманите), ама далеку од тоа дека во будизмот не постојат свети списи и некој вид на светци.

Поготово во махајана будистичкиот правец, кој патем е најброен правец во Будизмот.

Постојат махајански сутри за кои се верува дека се изворни зборови на самиот Буда. Постојат трипитаки кои содржат детални насоки за однесување и постапување.
Постојат ентитети за кои се верува дека поседуваат божествени својства, тоа се бодисатвите кои ги објаснив погоре.

Точно е дека будизмот е животна филозофија и е сеопфатен начин на живот, сфаќања и размислувања, ама многу далеку од тоа дека будизмот не е религија.

Постојат моменти и елементи кои според нас монотеистите, “верниците на книгата“, делуваат како да се филозофски, а не религијски затоа што нема посебен ентитет во човечки лик, ама тоа воопшто не значи дека не веруваат во боженствена сила или боженствени својства ( што уствари негира атеизмот)

И тие имаат 5 завети. Имаат 6 заповеди за да влезат во санга (нивната верска заедница). Дури во ламаизмот има религијски списи за Далај Лама - Ганџур, и коментар на тие списи-Данџур.
Веруваат дека секој будист со себе носи ТАО - голема празнина, која е дел на првиот Буда и која одредува како ќе реинкарнираат. Далај-Лама за нив има боженствени својства.

Самото постоење на се ова, верувањето дека светот е составен од дарми, постоењето е детерминирано од карма и самсара, дава до знаење дека будистите веруваат во натприродни и божествени сили и тоа секако дека ги прави теисти. Не идентични со христијаните, евреите и муслиманите, ама теисти.
 
Да ако збориме за будизмот како институција т.е. догма ондак си во право... Но самиот Буда многу од нештата што ги проповеда сега будизмот, не многу туку скоро сите, не се кажани од него, туку додадени за да се создаде системот кој денес го познаваме како Будизам и кој според мене исто така само ги манипулира тие што го следат, и океј е до негде оти за тој што е глуп некој мора да се најде да го стриже...

А за болдот... среди си ги концептите си ги помешал малце... будизмот и таоизмот не се исто нешто... Да од нивното блендање се создал Зен-от ама тоа не ги прави исто... т.е. од блендањето на Бодидарма со Лао Це се создал Зен-от... Па и остај тоа викаш Тао-то било празнина во секој будист која уствари е дел од првиот Буда... Првиот Буда не постои... ;) Се е во еволуција , така и свеста...
 
Ова више ми се свиѓа и зрело е за дискусија.

Од каде да почнам...

За тоа дали Буда ги кажал или подоцна се уфрлени - нема расправа. Тоа ти е исто како да дебатираме дали Исус и Мухамед кажале нешто изворно, или тоа е покасно уфрлено во догмите.
Пак ќе повторам.. И во Будизмот постојат свети списи. Не исти како во христијанството и исламот, ама постојат и тие се изворот на религијата, ваква, каква што денес ја познаваме.
Значи ние го коментираме будизмот од денешен аспект. Ваков, еволуиран. Што се дешавало за време на неговата еволуција, нема зошто да се расправа.

Ова со манипулирањето, лично јас, се согласувам до некаде, ама тоа никако не ги прави верниците неписмени и заостанати. Ниту пак тие кои се опираат на таква “манипулација“ ги прави интелектуално повисоки и понапредни. Ама на таа дискусија место не и е тука.

Не реков дека будизмот и таоизмот се исто нешто. Поимот ТАО се појавува и во будизмот, во речиси иста смисла како во таоизмот. Тоа е метафизички апсолут и филозофска трансформација на она што нас ни е познато како Бог со лик. Значи тао е апсолут, совршенство, Бог во филозофска смисла.
Во контекст на тоа, будистите веруваат дека имаат дел од тој апсолут во себе. Тој дел одредува како ќе реинкарнираат.
Тој дел го наследиле затоа што се следбеници на оној кој го достигнал целиот апсолут во себе, а тоа бил тој по кого будизмот е наречен.

Кажи ми дали знаеш што значи Буда, па ќе ти одговорам зошто формулирав “првиот“ Буда.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom