Ето, ја‘ велам дека атеизмот е изразито неприродна состојба од секое живо суштество, понајмалку за човекот, оти религиозност манифестира само човекот, кој е разумно битие и само човекот може да комуницира со други разумно битие, а не со камења и не со дрвја, реки и планини...
Што подразбираш под друго разумно битие,ако тоа не е човекот?
Инаку и кај животните,еве конкретно кај шимпанзата постои комуникацијата,која сепак не е вербална,како кај нас луѓето.
Конкретно,вршен е експеримент на шимпанза,каде група на шимпанза,4-6 на број биле заклучени во помошен кафез кој бил поврзан со еден главен,голем кафез кој симулирал надворешни услови,т.е.природна средина за шимпанзата.Само едно шимпанзо,одбран водач,се наоѓал во големиот кафез каде му биле покажувани скришни места каде се чувала храна(ова е случај број еден) или пак водачот негативно се стимулирал,со покажување на вештачки алигатори или змии(случај број два).Во случај број еден,одбраниот водач бил враќан во помошниот кафез со останатите шимпанза,и кога биле пуштени сите заедно во главниот кафез тогаш сите шимпанза знаеле на кои места се наоѓала храната отприлика и стигале до тие места ,долго време пред водачот да стигне,т.е.знаеле каде е скриена храната и сето тоа го правеле без знаци на страв.Во случај број два,откако шимпанзата биле пуштени од кафез,покажувале знаци на пилоерекција(накострешување на влакната) и се држеле блиску до групата,т.е. знаеле дека има потенцијален опасен субјект во кафезот,а не храна.Прикриено се приближувале до местото каде биле сместени вештачките животни,го опколувале во круг и го мавале со камења,стапови и слично.
--- надополнето: 6 февруари 2013 во 14:02 ---
Значи, ако речам дека „...не верувам во бог/богови....„, се‘ сум кажал, така?...
Атеистичката доктрина би се свела на цела една реченица?...
Кратко и јасно-да.