Семинарски, состави, есеи, задачи

Член од
30 декември 2012
Мислења
173
Поени од реакции
331
Есеј, состав или разработена лектира "Волшебното самарче" и "Силјан штркот" итно за педагошки :).
 
Член од
21 август 2008
Мислења
6.500
Поени од реакции
1.321
pisuvam sostavi, seminarski, magitesrki, diplomski... od literatura, umetnost, filozofija, etika, psihologija i sociologija cena fixno 1000 denari.
 
Член од
26 јануари 2013
Мислења
3
Поени од реакции
0
Ми треба есеј за книгата „Генералот на мртвата војска“, ве молам да ми помогнете :) Фала ви на сите љубезни однапред:)
 
Член од
1 февруари 2013
Мислења
15
Поени од реакции
3
Ако може некој да ми каже кратка содржина за лектирата "Марта" (однапред ви благодарам) :)
 
Член од
4 септември 2010
Мислења
1.002
Поени од реакции
582
Ако може некој да ми каже кратка содржина за лектирата "Марта" (однапред ви благодарам) :)
Епа, во книгата Марта од Горјан Петревски се зборува за едно девојче Марта.
ЕВе инфо:
Мојата омилена книга е Марта од Горјан Петрески.Во книгата се зборува за едно несреќно детство на едно девојче по име Марта.Таа живее со својата мајка и е седмо одделение во основното училиште Јохан Хајнрих Песталоци.

Нејзиниот татко не живее со нив поточно Марта него воопшто и не го познава.Нејзината мајка не и кажала многу за него.Бидејки таа е сеуште дете не размислува многу пред да направи нешто.

Без размислување се впушта во потрага по својот татко за кој единствено знае дека живее во Швајцарија и дека се вика Мартин Горски.Тој не знае дека таа постои бидејки неговите родители не ја сакале мајката на Марта бидејки била од дом.Тие не му дозволуваат да се гледа со неа иако планирале свршувачка.Тие го испраќаат нивниот син во Швајцарија да учи.Мајката на Марта од Битола доаѓа да живее во Скопје.Марта со помош на својот најдобар другар Борко ја наоѓа адресата на својот татко и му праќа писмо во кое ѓи искажува своите чувства без за тоа да знае мајка и.
По одредено време Марта не го добива писмото и за нејзе тоа е големо разочарување.Од најдобар ученик во училиште се сведува на тоа што и воопшто не го посетува односно и оди пред да завршат часовите.
На крајот таткото по сите пресврти доаѓа во станот во кој сите зачудено го гледаат.Марта е пресреќна бидејќи дошол татко и а тој на тоа кажува дека на такво писмо одговорот е само средба. [1]
[1]

И уште некоја иформација на следниов линк:
http://sakamknigi.mk/index.php?option=com_k2&view=item&id=1509:марта-горјан-петрески&Itemid=6
 
Член од
1 февруари 2013
Мислења
15
Поени од реакции
3
може малку поопширно (ве молам):(
--- надополнето: 1 февруари 2013 во 21:07 ---
Може состав на тема " Како минува еден мој викенд"(за писмена вежба ми е-ве молам) o_O
 
Член од
1 февруари 2013
Мислења
15
Поени од реакции
3
Оваа мислам дека ќе ти помогне
Семејството е најважната клетка на македонското општество, така било и така е сè уште. Вредноста и моралноста на еден човек кај нас се огледа според тоа, како тој се однесува кон родителите, кон главата на семејството, кон своите деца, кон домаќинлукот. Осудата и казната на лошиот однос на децата кон родителите е прикажана и во нашата најдолга народна приказна „Силјан Штркот“. Во неа, на неколку места е потенцирано дека клетвата од родител е најстрашна и секогаш фаќа. Зашто, родителот ретко колне, ама кога колне, таа клетва сигурно е заслужена.

Прилеп, под Маркови Кули
Всушност, во приказната, лошиот син Силјан на некој начин е проколнат од родителите за да може да се врати на вистинскиот пат, да се преиспита и да се пронајде.

Дејството на приказната започнува во селото Мало Коњари, во типично македонско село, кај типично македонско семејство. Него го сочинуваат таткото Божин, мајката Стојна, синот Силјан и ќерката Босилка. Синот, единствено машко чедо во фамилијата, го оженуваат уште на 16 години со Неда, а на 17 му се раѓа синот Велко. Родителите го разгалуваат Силјана толку многу, што му дозволуваат да не работи ништо и постојано да оди во Прилеп божем на пазар, а всушност во меана. Таткото не е среќен што неговиот син недомаќински се однесува, па често, со убаво, се обидува да му укаже на грешките. Му ја раскажува приказната за врапчињата Сиве и Чуле, кои всушност биле луѓе, односно брат и сестра, ама кои не ги слушале своите родители и биле многу разгалени. Затоа мајката ги проколнала велејќи им: „ Синко Сиве, и ти, ќерко Чуле! Пилци да се сторите и од куќава наша да летнете, в поле да појдете, по трњето да стоите и еден со друг да се барате, та никогаш да не можете да се најдете. Така, да се спасиме од вас и од макиве што ни ги правите!“

Но, Силјан, воопшто не слушал и едвај чекал да отиде што подалеку од дома. Татковите приказни му биле здодевни, поуките уште повеќе, а да послуша не му паѓало на памет. Затоа, повторно си отишол во Прилеп, каде меанџијата ја нашол вистинаката работа за него – да го придружува духовникот по сите околни села (односно, да шета и ништо да не работи). Така, Силјан, цела година ја поминал шетајќи и не помислувајќи на дома и на своето семејство, а кога духовникот се упатил кон Божјиот гроб и Силјан се уште не сакајќи да се врати дома, го замолил да оди со него. Тогаш, „неопаметен“ и по една година неприбирање дома – го снаоѓа несреќата, односно се исполнува родителската клетва. Гемијата со која патувале ја зафаќа бура и за среќа, само Силјан останува жив. Но, среќата не е целосна, бидејќи тој се нашол во некоја чудна земја, со чудни луѓе со долги носови и нозе, земја од која освен со летање не можело да се замине. Луѓето што живееле таму, го дочекале Силјана како драг гостин, го познавале убаво и него и целото негово семејство и му ја раскажале нивната судбина да бидат проколнати. Тука, повторно се потенцира проклетството – како казна за непослушност. Тие, уште многу одамна, заради лошиот однос на нивните деца биле проколнати од некој старец да го изгубат целиот пород и никогаш да не може да имаат деца. Подоцна, казната им е намелана така што можеле единствено да се престорат во штркови и во далечна земја – во Прилепско Поле имаат пород. Заради тоа, тие секоја пролет летале и доаѓале во родниот крај на Силјан и затоа ги познавале сите тамошни луѓе.

Немајќи друг избор, Силјан цела година ја поминува во чудната земја, работејќи на нива, помагајќи им на домаќините и чекајќи да дојде времето за летање. Таму, тој станува сосема друг човек, работлив, совесен, што им било чудно дури и на луѓето-штркови. Поминала годината, луѓето со штрковата вода се направиле штркови, заедно со нив и Силјан, но тој на вратот си врзал едно шишенце со човечка вода, за да може да стане човек кога ќе дојдат во Прилепско Поле. По долгото летање, кога пристигнале кај Плетвар, Силјан премногу се израдувал што ги здогледал Марковите Кули и манастирот Трескавец, па од невнимание и брзање што поскоро да стане човек, лошо слетал на камењата и го искршил шишенцето.

Не била доволна казната од цела година работење во чудната земја, ниту покајувањето што го чувствувал – тој морал сега уште цела година да чека, а што е уште пострашно и да ги гледа блиските и да не може да им се јави, ниту да им се приближи. Си направил гнездо на својата куќа и секојдневно ги гледал родителите, сопругата, синчето, сестра си. Го фаќало мака, го болело што не може да ги допре и да си поразговара со нив, па неколкупати опасно им се приближувал. Еднаш, отишол до телето и го галел со клунот, а син му Велко, за да го избрка, го удрел со стапче, потоа, додека татко му орал на нива тој си ги клукал црвчињата во ораното, но бидејќи Велко постојано гледал во штркот таткото со прачка му ја скршил ногата. Во куќата, кучката не го препознавала и го лаела, па и опашката му ја скубнала. Еднаш, и го зел ланчето што го нижела сестра му кога таа влегла во куќата, а другпат клопчето и игла од жена му што везела црна кошула за вдовица. Како штрк, Силјан морал да ја гледа и свадбата на сестра си, бидејќи тие веќе не можеле да го чекаат тој да се врати. Семејството си го живеело својот живот и без него.

И следната година во земјата на штрковите Силјан постојано работел, сосема се изменил, станал сериозен и вреден и едвај чекал да дојде времето за одење дома. Овојпат човечката вода ја ставил во црепче и одлучил многу да внимава и да не брза. Пред пристигнување, настанува голема борба на штрковите со орлите, но за среќа Силјан добро поминува и конечно се посипува со водичката и станува повторно човек.

Дома го пречекуваат со радост, но и недоверба. Познавајќи го стариот Силјан сите мислат дека ја измислува приказната за штрковите, но тој им ги раскажал сите работи што се случиле во куќата изминатото лето и на крај им ги покажува ланчето и клопчето како доказ. Дури тогаш му поверувале.

А за и ние да поверуваме во вистинитоста на приказната (или барем во вистинитоста на поуката) таа завршува со зборовите: „Ете вака, синко Марко, се сторило со Силјана од Мало Коњари; знам оти тебе ти е ко лага; арно ама мене ми е навистина, оти од татка ми е прикажана оваа приказна“, вака ми рече татко ми кога ми ја прикажа со прво.
 
Член од
1 февруари 2013
Мислења
15
Поени од реакции
3
Утре правам писмена вежба по македонски јазик тема
"Како минува еден мој викенд"
(ве молам итно ми е морам да ја научам)
ви благодарам однапред :oops:
 
Член од
4 септември 2010
Мислења
1.002
Поени од реакции
582
Утре правам писмена вежба по македонски јазик тема
"Како минува еден мој викенд"
(ве молам итно ми е морам да ја научам)
ви благодарам однапред :oops:
Ај обиди се малку сам, барем малку обидисе.
 
Член од
20 јули 2009
Мислења
865
Поени од реакции
600
Ако има некој пишувано на тема Конфликти,нека сподели.
Писмени,Семинарски,Проектни се добредојдени :)
 
Член од
15 септември 2008
Мислења
7
Поени од реакции
0
Да не има некој семинарска на тема "Загадување и заштита од загадување на воздухот" фала однапред :)))
 
Член од
8 јануари 2012
Мислења
14.027
Поени од реакции
36.812
Утре правам писмена вежба по македонски јазик тема
"Како минува еден мој викенд"
(ве молам итно ми е морам да ја научам)
ви благодарам однапред :oops:
Од кај кур да знам како ти поминува викендот?
Ваљда праиш нешо,знаеш да го пренесеш тоа на лист така?

И после ќе плачете коа нема да положите матура и ќе се жалите као демек тешка била:facepalm:
 
Член од
1 февруари 2013
Мислења
15
Поени од реакции
3
Од кај кур да знам како ти поминува викендот?
Ваљда праиш нешо,знаеш да го пренесеш тоа на лист така?

И после ќе плачете коа нема да положите матура и ќе се жалите као демек тешка била:facepalm:
ccccc okk:confused:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom