Проект на владата за самовработување

  • Креатор на темата Креатор на темата flaki
  • Време на започнување Време на започнување
Ако ти кажам дека еден со 1.000 евра си направи одличен бизнис ќе поверуваш?

Од напатени мамини синови и административци целживот, почиња да ми смрди здивот зошто не сакам да отворам уста.
 
Од напатени мамини синови и административци целживот, почиња да ми смрди здивот зошто не сакам да отворам уста.

Не значи ако неможе он, дека неможат сите.
 
Не значи ако неможе он, дека неможат сите.

Тоа ти е ко да бркаш некоја лепојка, и увек некој паметен ти вика абе остај немаш шанси кај нејзе види се каков си.. и ја ќариш ... и послем треба да се вратиш, да се поткачиш на столица и да му се измочаш у фаца... или незнам ни што треба да направиш уопште... Нив увек ги јебе системот и нема потреба ние да се трудиме, и онака на крај сите ќе умреме...
 
Со 3000 евра можеш само да си фантазираш дека ке почнеш бизнис и ке ти расцвета..

Сакаш да се направиш интересен или кој ти е филмот? Ти ако немаш мозок и 100 илјади евра да ти даде владата за да отвориш бизнис пак ќе го заебеш и ништо нема да направиш, ама тоа не значи дека сите се како тебе.
 
Таман ќе дојде ова за тетките пред МТВ, за 3000 евра нови цицки ќе си стават и ќе расцвета бизнисот. :icon_lol:
Може и ти да си ставиш за да ти расцвета бизнисот(y)

Ако не си ги веќе ставила!
 
Дај просветлете не' нас неверниците кој е тој бизнис што можеш со 3К евра да го тераш?

Умре времето на деведесетите кога вакво нешто беше возможно, сега само за радиодифузни такси, даноци, фирмарини и слични срања ќе потроши половина од парите.
 
Одлично, да земат уште некое евро партиските војничиња.
Обичен граѓанин неможе да припари до овие 3000e

Sent from my GT-I9300 using Tapatalk 2
 
Кој ќе ми каже за бизнис што може да се стартува со 3к, а да не е тоа продавање Американски крофни на плоштад, има од мене гратис толку...
 
Кој ќе ми каже за бизнис што може да се стартува со 3к, а да не е тоа продавање Американски крофни на плоштад, има од мене гратис толку...

Ке ти кажам ама кој ќе те чека после 2-3 години да ги собираш трите илјадарки...:notworthy:
 
Со 3000 евра, можеш да насадиш лешници и после 2 години да береш.
Знам дека од воздух не се живее 2 години, ама.... како си преживувал до сега,
и од сега натака уште едно 2 години.
Има начини и работа, 3000 евра не се малце пари, арно ама секој сака,
лаптоп или таблет, паркирај се во некој ресторан и дреми цел ден „на кафе“.
 
Може сум програмер, или дизајнер и се што ми треба е уште 1 компјутер и 1 вработен , и може имам направено некој круг на луѓе со кои работам и сакам да одам легитимно.. или консалтинг, или да не ти објаснувам зошто како и да е кој сака да сере ќе сере ... и за тие погоре, далеку сте од неверници, туку сте луѓе кои утре ќе ми дојдат наврата... потенцијални луѓе што ќе ми прават пари... пардон
 
Околу самата сума: Со тие пари може да се купи солиден компјутер и интернет за подолг период. Доволно за да се тера бизнис, во домашни услови нормално, одредено време. Исто некој спомна “можеш да се сликаш“. Точно, доволни се тие пари за еден солиден компјутер и многу добар фотоапарат, па да сликаш полу-професионално и да се пробиеш и на тоа поле. Е сега за овие професии проблемот е што треба многу талент, учење и упорност. За жал овие особини не ги красат многумина, но и тоа не е страшно.

Она што јас не верувам е дека парите ќе завршат каде што треба, т.е. механизмот на распределба тешко дека ќе биде фер. Останува да видиме, а тие што имате некои успешни примери - споделете.
 
Дај просветлете не' нас неверниците кој е тој бизнис што можеш со 3К евра да го тераш?

Умре времето на деведесетите кога вакво нешто беше возможно, сега само за радиодифузни такси, даноци, фирмарини и слични срања ќе потроши половина од парите.
Кој ќе ми каже за бизнис што може да се стартува со 3к, а да не е тоа продавање Американски крофни на плоштад, има од мене гратис толку...
Значи не ти даваат 3000 евра во кеш па ти да ги трошиш на што сакаш. Ти купуваат опрема во вредност од 3000 евра која ке ти биде потребна за да го започнеш бизнисот. На пример ако си програмер ти купуваат компјутери и слично, ако сакаш да почнеш нешто од земјоделие тоа се садници во вредност од 3000 евра и слично... и мислам дека со проектот ви даваат уште некоја сума на пари во вид на основна обука за водење бизнис, ваучер систем за изработка на бизнис план и поддршка при регистрирање на бизнисите.
 
Да де, јасно ми е ова, туку не ми одговори на прашањето: кој е тој легален бизнис што ќе можеш да го тераш со овие пари и да ти останува пристојна плата?

Еве една проста математика:
Да претпоставиме дека бизнисот ти тргнал ептен добро и си заработил 100% во годината (си ги дуплирал парите).
Од тие заработени 3000 треба да издвоиш за давачки едно добри 1500 евра.
Ќе ти останат 1500, поделено со 12 месеци ти доаѓаат мизерни 120-130 евра месечно.
И тоа претпоставив дека бизнисот добро ти тргнал и си ги дуплирал парите за една година.

Ај не си правете Амди на паметот.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom