Историски забелешки на расправата за Тројството

Член од
21 декември 2012
Мислења
924
Поени од реакции
452
ИСТОРИСКИ ЗАБЕЛЕШКИ НА РАСПРАВАТА ЗА ТРОЈСТВОТО




Гледањето на Христијанството од аспект на Тројството се појавило многу години по исчезнувањето на Исус (а.с).
Несомнено, тоа не било практикувано од страна на Исус (а.с.), ниту од кој било друг пратеник (а.с). Всушност, вистинските следбеници на Исус (а.с.) продолжиле да го потврдуваат верувањето во Единиот Бог се до 90 година. Верувањето во Единиот Бог е прикажано во делото „Пастирот од Хермас“, напишано во тој период, и кое се почитувало како книга на откровение на раните Христијани. На страна што пропишало верување во Едниот Бог, ова свето писмо ги содржи и останатите сродни заповеди за искреност, вистинитост,чистота,
трпение,чесност,побожност и самоконтрола.


Поточно, првата од овие заповеди гласи:

„Пред сѐ, верувај дека Бог е еден и дека Тој ги создал сите работи и ги направил од нешто што пред тоа не постоело. Направил сите работи да се создадат, и Тој ги содржи сите работи, но Тој самиот е несодржив.За тоа верувај Му и плаши Му се, и плашејќи се од Него одржувај самоконтрола.
Држи се до оваа заповед и ќе ја оддалечиш од себе сета злонамерност, ќе правиш сѐ за честитост и ќе живееш за Бог ако се придржуваш до оваа заповед“.[1]

Убедувањето на Апостолската црква „Верувам во Семоќниот (Отец) Бог“ им било познато на раните Христијани во 120 година. Зборот ОТЕЦ е, всушност, додаден во овој текст помеѓу 180 и 210 година. Одреден број водачи на Апостолската црква ја осудил оваа иновација, бидејќи било неприфатливо да се воведуваат нови идеи во изворните учења на Исус (а.с.)[2]

Еден од раните првенци на Апостолската црква бил Иринеј кој го наследил Бискупот Понтиј од Лион 177 год., откако овој вториов бил брутално убиен. 190 година, Иринеј му пишува на Папата Виктор да ги сопре масакрите врз Христијаните кои не се согласуваат со доктрината која ја заговара црквата на Павле – црквата што била поддржувана од страна на Римјаните. Иринеј верувал во Едниот Бог и ја поддржувал доктрината за Исус (а.с.) како човек, а не Бог.[3]

Иринеј и останатите рани Унитаријанци (Христијани кои верувале во Едниот Бог) се згрозувале од Тринитаристичката догма, која отстапувала од првобитното учење на Исус (а.с). Сѐ до 200 година, зборот „Тројство“ (кое денес е јадро на Христијанското начело) воопшто не ѝ бил познат на црквата на Павле. „Тројството“ е добиено од Латинскиот збор „Тринитас“,
кое за прв пат е употребено од страна на Тертулијан, 200 год., за на Латински да ја објасни чудната доктрина на на црквата на Павле. Тертулијан, самиот, ѝ припаѓал на Афричката црква. Тој верувал во Едниот Бог и го идентификувал Исус (а.с.) со Еврејскиот Месија. Тој му се спротиставувал на Папата Калисто заради учењето дека и најголемиот грев може да биде простен после (канонски) правилно покајание. Тертулијан бил еден од оние што го отвориле патот за доктрината на спасот, барем делумно„правејќи добри дела“.[4]

Секако, оние кои ѝ припаѓале на Апостолската црква, го прифатиле јасното значење на зборот што Исус (а.с.) своевремено го говорел, како што е прикажано во раните свети писма. Неприбегнувајќи кон мистериозни догми, тие продолжиле да го поддржуваат оној дел од верувањето „Верувам во Семоќниот Бог“ сѐ до 250 година.[5]

Во својот обид да го одврати Тројството во Христијанството, Лектанијус (320 год.) и Еузебиј од Никомедија напишале „Христос нѐ учи да го нарекуваме неговиот Отец Вистински Бог и Нему да Му се молиме“.

Овие рани унитаријанци биле доволно храбри да ги изложат своите видувања за да ја одвратат догмата на Тројството, и покрај кампањата прогони што била спроведувана против нив. Вистинскиот водач им бил Арије, кој во својот препознатлив стил, во 318 год. се спротиставил на Павловото видување дека Исус (а.с.) бил навистина „Син Божји“ и дека „има подеднаква содржина и дека е подеднакво вечен како неговиот Отец“. Еден од аргументите кои ги нагласувал Арије е: „Ако Исус навистина во реалност бил Божји Син, тоа значи дека Отецот морал да постои пред синот. Оттука произлегува дека имало период кога синот (Исус) не постоел. Следува заклучок дека синот е битие кое се состои од материја ште не секогаш постоела. Бидејќи Бог во суштина е Вечен и Бесмртен, Исус не може да биде од истата материја од која е Бог“.[6]

Од книгата„Конечно решение на тројството“

[1]Е.Ј. Гоодспеед, The Apostolic Fathers(Апостолските отци) , 1950, стр.46
[2]Исто дело , стр. 7
[3]Исто дело, стр. 74-75
[4]А.М. Ренвик, The Story of the Churche (Приказната за Црквата), Бристол: Inter Varisty press, 1977,стр.41
[5]Мухаммед Ата Ур-Рахим, стр.7
[6] Мухаммед Ата Ур-Рахим, Jesus:Prophet of Islam(Исус: Пратеник на исламот). Стр.88
 
...и така, си продолжува исламското (само)убедување дека Христос имал „едно„ а Св. Ап. Павле имал „друго„ учење...

Препорачај ми некој линк од светото писмо ( по твој избор) за да те разубедам преку тој линк дека не е точно ова што го напиша. Повели!
 
Препорачај ми некој линк од светото писмо ( по твој избор) за да те разубедам преку тој линк дека не е точно ова што го напиша. Повели!

Omer,

ќе Ти треба цела вечност за да ме разубедиш во изборот од мојата вероисповест, така да најмалку што Ти треба, тоа е цитат од Светото Писмо...
 
Свети Иринеј Лионски не верувал во Пресвета Троица... Свашта. Дајте бре пред да пишувате се` и сешто, прочитајте убаво. Конкретно за свети Иринеј Лионски, земете и прочитајте го неговото дело „За ересите“, ама целосно прочитајте го, а не самод а вадите цитати, ко што вадел Сатаната ко го искушувал Христа во пустињата.
Од Пастирот Ермин, ај те молам прочитај ја и глава LIX (59.), па потоа коментирај.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom