Фан клуб - РК Вардар

Јулија Николиќ го засилува ЖРК Вардар СЦБТ
За мене Портјанко ќе претставуа нешто како Кастратовиќ за Кометал. Баш ми се направи ќејф што ја потпишале (y)

Убаво што ја потпишале, ама не можеш да ги споредуваш:) Портјанко веќе има 30 години и многу е склона на повреди...Нема да биде лидер на оваа екипа, но секако дека ќе помага кога ќе треба:)
 
Победа над Кубан од 30-28. Не бев во можност да одам, нека пише некој друг ако бил како се одвивало. Од тоа што следев, губевме цел меч незнам како сме ја свртиле кога губевме со 20-25 ми се чини :D
И на полувреме беше 12-17!
Незнам колку ќе биде доволна оваа победа за понатам, ама секако неможеме со ваков состав далеку да тераме. Годинава беше како пробна година, нека освојат Македонско па за идна година друга песна да се пее.
 
Победа над Кубан од 30-28. Не бев во можност да одам, нека пише некој друг ако бил како се одвивало. Од тоа што следев, губевме цел меч незнам како сме ја свртиле кога губевме со 20-25 ми се чини :D
И на полувреме беше 12-17!
Незнам колку ќе биде доволна оваа победа за понатам, ама секако неможеме со ваков состав далеку да тераме. Годинава беше како пробна година, нека освојат Македонско па за идна година друга песна да се пее.


Водеа со 10-8 нашите едно време, по што следеше пад на играта... На полувреме Кубан отидоа со +5 и верувам дека најголем дел од тие што бевме во сала мислеа дека е готово...Јас можам само да ги пофалам девојките за желбата што ја имаа и што не се предадоа...Црвенковска како им викаше и ги мотивираше другите ...Одлична беше, и на среден и на лев бек кога играше. Фернандез исто :cuc: - и како пикер и како среден бек. Шундовски треба да учи од Кастратовиќ како да ја поставува играта кога сака да игра со двајца пикери...
Е сега...Лев бек...Најголем проблем е ова во екипата...Штериова врска нема, а и Саздовски денес беше лоша...Двете не можеа голот да го погодат...Тука мора да донесат некое засилување...
Знам дека изгубија од Металург во регионалната лига, ама тврдам дека ќе го освојат нашево првенство...Добри се, само им треба време за да се воиграат, и секако, повеќе утакмици:)
 
Па лев бек веќе донесоа... Јулија Портјанко. :)
 
Има тема за ЖРК Вардар, незнам зошто овде пишувате (n)
 
Не сум ги гледал воопшто Вардарки и ќе кажам нешто онака инстинктивно. Не верувам дека Кастратовиќ е вистинско решение, едноставно врвен играч не е по дифолт и врвен тренер и треба некој врвен стручњак на тоа место, некој од кого и Индира би учела а и Црвенкоска не е бек за високи дострели.
 
Ама овие русинкиве сите изгледа научиле македонски.Вчера Суслина на вести ја слушав,растур правеше.:)Некои видов на фејсбук,и тие добро пишуваа.:)
 
Денес сме ја плеснале Металопластика на турнирот во Белград...
Сме победиле со 29-24, но сме играле со комбиниран состав. Абутовиќ бил најпрецизен со 4 погодоци :icon_mrgr: Конечноп на тимот се приклучил и Драгаш.
Утре во финале играме со Нексе.
 
Бев на ЖРК и искрено сум разочаран, но на крај успеавме да победиме, пред се благодарение на Кастратовиќ. Тимот е далеку од некој готов тим, Портјанко ќе дојде одлично во тимот, но мора уште 2-3 квалитетни засилувања.

Голманите не фатија ништо, дури и смешни голови примаа. Пецевска океј, на моменти лоша, али сепак успеваше да даде по некој гол. Имавме водство од 11-9 и украдена топка али долгата топка отиде во аут и од тогаш гостите го свртеа натпреварот и на полувреме со 5 негатива отидовме мислам.
Во второ целосна промена, Кастратовиќ почна со два пикера, со тоа што Фернандез играше и како среден бек и се отвараше на 6 метри, според мене една од најзаслужните за победата. Дмитровиќ исто изигра добро, иако Кастратовиќ неколку пати и викаше на клупа најверојатно зашто не шутираше. Среќа во второ и Црвенковска се разигра па даде 2-3 гола од тешка ситуација. Десното крило е добро, брзо и реализира контри.
 
Овие Металург само да ти одмогнат ебате :icon_mrgr:
Мораше да изгубат од Брест (n)
И ние ќе изгубиме од нив, така да во многу поволона ситуација ќе дојдат пред нас :unsure:

1.Загреб 25 бод (12 меча)
2.Металург 24 (12 меча)
3.Вардар 23 (11 меча)
4.Нексе 22 (12 меча)
5.Брест Мешков 22 (11 меча)
6.Татран Прешов 16 (11 меча)
7.Ловќен 17 (10 меча)
8.Извиѓал 9 (12 меча)
9.Борац 7 (11 меча)
10.Слога 0 (12 меча)
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom