Технологија и Господ

  • Креатор на темата Креатор на темата Toreador
  • Време на започнување Време на започнување
И денес ги бива за наука, не викам не, снаодливи се, знаат од артилериска муниција да направат IED активиран преку мобилен... :D

Ne se sekiraj. Da nemaat Muslimanite maka,spletki i intrigi od nadvor,ne bi bilo ni vaka. Eteja edna stabilna Turcija,kolku za primer.
 
Ne se sekiraj. Da nemaat Muslimanite maka,spletki i intrigi od nadvor,ne bi bilo ni vaka. Eteja edna stabilna Turcija,kolku za primer.
Можеш ли да ми дадеш пример за некое врвно научно достигнување од било кој исламски научен институт или група муслимански научници во последниве 50тина години?

Се надевам дека разбираш што мислам под "врвно научно достигнување".
 
Верувам (или сигурен сум) дека го напишал неук човек со бујна фантазија.

:)

Океј, а дали веруваш дека Мухаммед а.с. со оглед на поголемиот број на жени што ги имал и односи со нив, незнаел од каде излегува спермата, па онака од ракав напишал дека излегува од пределот помеѓу кичмата и градите?
 
Чекај сега, нели Куранот е демек Божји збор напишан преку Мухамед како негов пророк, или јас нешто грешно сум сфатил? Како може тој сам да тресе од ракав кога целиот Куранот треба да биде Божја објава?
 
Па кога падна муслиманскиот калифат?

Како и повеќето светски религии, историската еволуцијата на исламот има значително влијание врз политичките, економските и воените географски области. Исламскиот историски развој има влијание и надвор од исламскиот свет. Еден век по смртта на Мухамед, исламска империја се простирала одАтлантскиот Океан на запад до централна Азија на исток. Последователните империи како Омејадската империја, Абасидската, Фатимидската, Могулската, Сефидската, и Османлиската биле меѓу најголемите и најмоќните во светот.

Исламската цивилизација создала безброј центри нс полето на културата и науката преку голем број на истакнати научници, астрономи, математичари, лекари, медицински сестри и философи во текот на Златниот век на исламот. Технологија цветела; имало многу инвестиции во економската инфраструктура, како што се системите за наводнување и каналите, и особено, за важноста на читањето на Куранот произлегло релативно високо ниво на писменост на општото население.
Подоцна, во 18 век и 19 век, многу исламски региони паднале под раководство и влијание на Европските империјални сили. По Првата Светска војна, на остатоците од Отоманската империја биле создадени поголем број на европски протекторати или држави.
Иако под влијание на различни идеологии, како што се комунизмот, во текот на поголемиот дел од 20 век, исламскиот идентитет и доминацијаta на исламот врз политичките прашања бил дискутабилен за да истиот се зголеми во текот на 21 век. Брзорастечките западни интереси во исламските региони, преку меѓународните конфликти и глобализација довело до промена на влијанието на исламот на светско ниво во 21 век.

Поопширно прочитај овде:
http://mk.wikipedia.org/wiki/Исламска_историја
--- надополнето: 2 февруари 2013 во 23:03 ---
Чекај сега, нели Куранот е демек Божји збор напишан преку Мухамед како негов пророк, или јас нешто грешно сум сфатил? Како може тој сам да тресе од ракав кога целиот Куранот треба да биде Божја објава?

Чекај сега ти. :) Кога те прашав дали веруваш дека Куранот е Божјо или Мухаммедово дело, ми одговори дека не само што веруваш туку и дека си убеден дека го напишал неук човек. Јас на тоа ти реплицирав дека општо позната работа е дека Мухаммед а.с. имал повеќе жени и односи со нив, па зарем би било можно да не знае од каде излегува спермата и да напише дека таа излегува од пределот помеѓу кичмата и градите? - одговори на ова прашање.

П.С. Одеме по твојата логика и видување, настрана нашиот став за Куранот, тој сега не е битен.

Одговори на болдираното прашање.
 
Да, сметам дека немал појма од медицина и ова го истресол од ракав. Која ти е поентата?

Поентата ми е ако Куранот е Мухаммедово дело, и ако тој немал појма од медицина, а од друга страна имал појма од жени и однос со нив како е можно да не знаел од каде излегува спермата, и да запише дека таа излегува од пределот помеѓу ребрата (кичмата) и градите?

Зарем тој не знаел дека таа излегува од тестисите преку полниот орган и тек така напишал што напишал? Не тие чудно и несфатливо ова?
 
Воопшто не ми е чудно што некој пустински човек кој живеел пред повеќе од десетина века не знаел основни работи за човечкото тело. Секако (според мене) дека грешел и тресел глупости, затоа и го отфрлам Куранот како бесмислица. Проблемот настанува за вас верниците, кога тврдите дека таа книга е дело на семоќен и СЕЗНАЕН креатор, кој иронично, не знаел елементарни работи за светот кој наводно го создал.
 
Да бе незнаел што е тестис а што пенис па посегнал по кичмата и градите. :tapp: Нејсе, мислам дека разбра кон што целам, другото остави ни го нам на верниците. Ти своето си го кажа.

Се извинувам за офтопиците на кои бев навлечен.
 
Sto bese Volter koj vaka kleveti po hristijanstvoto:

"Ne postoje sekte u geometriji."
"Kršćanstvo je najsmješnija, najapsurdnija i najkrvavija religija koja je ikada zarazila svijet ... Istinski Bog ne može biti rođen od djevojke, ili umrijeti obješen, ili biti pojeden u komadiću tijesta."
Voltaire
сепак, тоа се само зборови, волтер чим и ти самиот го познаваш си чул за него ете не знам зошто така збори , можеби за слава лугето се ке направат за своја лична корист, лугето би си ја продале сопствената мајка а не па да збори за нешто толку банално за религија знаеме дека лугето се егоисти , тој не е единствен има многу како него
--- надополнето: 2 февруари 2013 во 23:40 ---
Игнорираш и тоа како, а кажаното воопшто не е точно, бидејќи ние основата ја црпиме од Кур'анот и врз таа основа и те како се надградуваме со текот на времето.
--- надополнето: 2 февруари 2013 во 22:16 ---

Си ме цитирала , а незнам зошто. Ќе бидеш ли љубезна малце да го поедноставиш твојот став бидејќи навистина не можам да ти ја доловам поентата .
затоа што ти збореше да ја пуштиме технологија во нашите животи доколку ни ги олеснува, сигурна сум дека тебе не ти смета да седиш на интернет, да имаш телефон, да возиш автомобил , но кога ке влезеш во џамија мораш на тоа да заборавиш таму се посветуваш на господ и ако таму ти кажат дека новите модерни времиња ке те отргнат од вистинскиот пат, ке те навлечат на пороци ( знаеме дека забранетото е најслатко ) ке мора нив да ги слушаш
 
Игнорираш и тоа како, а кажаното воопшто не е точно, бидејќи ние основата ја црпиме од Кур'анот и врз таа основа и те како се надградуваме со текот на времето.
Тогаш демантирај го тоа што го кажав. Дали е точно дека исламот се темели на догма (неменливо тврдење кое несмее да се преиспитува)? Дали критериум не ви е моралот, нешто кое е менливо и неконстантно? Дали секое сознание на науката кое не е во согласност со куранот не го негирате?
--- надополнето: 3 февруари 2013 во 00:12 ---
Јас на тоа ти реплицирав дека општо позната работа е дека Мухаммед а.с. имал повеќе жени и односи со нив, па зарем би било можно да не знае од каде излегува спермата и да напише дека таа излегува од пределот помеѓу кичмата и градите? - одговори на ова прашање.
П.С. Одеме по твојата логика и видување, настрана нашиот став за Куранот, тој сега не е битен.

Одговори на болдираното прашање.
Се тврди дека таму се создава а не дека од таму излегува.
Тоj став за ембриологијата кој е опишан во куранот е речиси идентичен со оној на античкиот лекар Galen.
 
Тогаш демантирај го тоа што го кажав. Дали е точно дека исламот се темели на догма (неменливо тврдење кое несмее да се преиспитува)? Дали критериум не ви е моралот, нешто кое е менливо и неконстантно? Дали секое сознание на науката кое не е во согласност со куранот не го негирате?

Точно е дека Исламот има свои јасни и трајни догми од типот на Тевхидот верувањето во едноштвото Божје и не припишување другар, па преку иманските (теоретски) и исламските (практични) шартови(услови). Тие се јасно определени догми кои не бараат никакви промени.

Но за останатото и те како треба да се открива и преиспитува.Кур'анот е пред се верозаконик, а не научна енциклопедија.Но, Кур'анот поттикнува на наука и научни достигнувања. Многу негови ајети биле и се предмет на изучување од разни научни области. Но, тој во повеќето случаи зборува во општа форма. Науката е таа која разглобува, експериментира, докажува, па пак предокажува итн.

Ние веруваме дека Кур'анот е апсолутна и неменлива вистина. Науката никогаш ништо трајно не докажала што не е во согласност со Кур'анот.
--- надополнето: 3 февруари 2013 во 00:19 ---
Се тврди дека таму се создава а не дека од таму излегува.
Тоj став за ембриологијата кој е опишан во куранот е речиси идентичен со оној на античкиот лекар Galen.

Муабетот со Dyastopian ми беше сосема нешто друго.
 
Ние веруваме дека Кур'анот е апсолутна и неменлива вистина. Науката никогаш ништо трајно не докажала што не е во согласност со Кур'анот.
Дали тоа значи дека куранот не ја негира еволуцијата?
И дали доколку науката без никаков сомнеж потврди дека месечината никогаш небила раздвоена, вие муслиманите ќе го прифатите фактот дека куранот не е вистинит?
Исто така ме интересира, зошто на исламските теолози секогаш им текнува на што се однесувала одредена сура, откако науката ќе дознае некој факт. На пример зошто исламот не кажал дека во него се зборува за големата експлозија - Биг Бенг, пред 1929-та година? Посебно ако го земеме во обзир фактот што е нагласено дека куранот е пишуван на начин секој да може да го разбере?
 
1. Кур'анот ја негира Дарвиновата теорија на еволуцијата, и начинот на создавање на видовите. Науката сеуште не го затворила дефинитивно ова прашање.

2. Не, (иако науката веќе се наближила до таа вистина), ние муслиманите знаеме дека постојат методи во толкувањето на Кур'анот и дека во него никаде експлицитно не е речено дека расцепувањето на Месечината е минато свршено време (иако тоа не се исклучува) со оглед на тоа дека арапскиот јазик е богат и понекогаш некое кажување може да има две форми: мината и идна и двете да се точни.

3.Точно е дека Кур'анот е напишан на јазик кој секој може да го разбере, но, точно е и тоа дека самиот Кур'ан во себе констатирал дека постојат ајети ( реченици) кои се несфатливи за сите луѓе, а кои ги разбираат само учените (научниците), како и ајети кои ги збунуваат и на научниците а ги разбира само Аллах и тие остануваат нејасни ( мутешабих) до моментот кога Аллах ќе дозволи да се открие нивното вистинско значење.

Затоа ние муслиманите кога го читаме и толкуваме Кур'анот не го испуштаме од вид правилото дека тој може да се толкува на следниве начини:

1. толкување на Кур'анот со Кур'анот
2. толкување на Куранот со Традицијата
3. рационално толкување на Куранот
4.лингвистичко толкување
5. стилистичко толкување
6. езотеричко или суфиско толкување
7. научно толкување
8. историско толкување
9. тематско толкување, и:
10. останати видови на толкувања.

Овие начини ни ги олесниле експертите во дотичните области, и затоа постојано велиме дека Куранот оди заедно со науката , иако не е само научна книга. Неговата лепеза на пораки ( ајети) е широка и дава простор за сестрано проучување.

Ова е широка и доста опсежна тема која што бара повеќе од напишаното, ама толку имам време.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom