Дали тоа значи дека куранот не ја негира еволуцијата?
И дали доколку науката без никаков сомнеж потврди дека месечината никогаш небила раздвоена, вие муслиманите ќе го прифатите фактот дека куранот не е вистинит?
Исто така ме интересира, зошто на исламските теолози секогаш им текнува на што се однесувала одредена сура, откако науката ќе дознае некој факт. На пример зошто исламот не кажал дека во него се зборува за големата експлозија - Биг Бенг, пред 1929-та година? Посебно ако го земеме во обзир фактот што е нагласено дека куранот е пишуван на начин секој да може да го разбере?
1. Кур'анот ја негира Дарвиновата теорија на еволуцијата, и начинот на создавање на видовите. Науката сеуште не го затворила дефинитивно ова прашање.
2. Не, (иако науката веќе се наближила до таа вистина), ние муслиманите знаеме дека постојат методи во толкувањето на Кур'анот и дека во него никаде експлицитно не е речено дека расцепувањето на Месечината е минато свршено време (иако тоа не се исклучува) со оглед на тоа дека арапскиот јазик е богат и понекогаш некое кажување може да има две форми: мината и идна и двете да се точни.
3.Точно е дека Кур'анот е напишан на јазик кој секој може да го разбере, но, точно е и тоа дека самиот Кур'ан во себе констатирал дека постојат ајети ( реченици) кои се несфатливи за сите луѓе, а кои ги разбираат само учените (научниците), како и ајети кои ги збунуваат и на научниците а ги разбира само Аллах и тие остануваат нејасни ( мутешабих) до моментот кога Аллах ќе дозволи да се открие нивното вистинско значење.
Затоа ние муслиманите кога го читаме и толкуваме Кур'анот не го испуштаме од вид правилото дека тој може да се толкува на следниве начини:
1. толкување на Кур'анот со Кур'анот
2. толкување на Куранот со Традицијата
3. рационално толкување на Куранот
4.лингвистичко толкување
5. стилистичко толкување
6. езотеричко или суфиско толкување
7. научно толкување
8. историско толкување
9. тематско толкување, и:
10. останати видови на толкувања.
Овие начини ни ги олесниле експертите во дотичните области, и затоа постојано велиме дека Куранот оди заедно со науката , иако не е само научна книга. Неговата лепеза на пораки ( ајети) е широка и дава простор за сестрано проучување.
Ова е широка и доста опсежна тема која што бара повеќе од напишаното, ама толку имам време.