Пивтија

  • Креатор на темата Креатор на темата ManowaR
  • Време на започнување Време на започнување
не си единствениот, многумина несакат да признаат пошто у мода е да нејадеш пифтија и да не пиеш расолница.. :)
 
Можам да замислам на некој Американец да му дадеш пивтија да јаде, изгледот на фацата ќе му биде прајслес:)
 
доаѓа Водици- ќе се јаде пача:vozbud:

recipe11.jpg
 
740FFC0C49A7034787E72A29A512F627.jpg

Ваква пивтија :D

СостоJки: 1 свежа свинска коленица ( 1 кг.), сол, 1 морков, 1 главица кромид, црн пипер во зрно, ловоров лист, биозачин, 2 чешниња лук, оцет, ситно исечкан магдонос

Подготовка: Исчистената свежа коленица се става во 1,5 литар ладна вода. Се остава да зоврие и се додаваат исчистениот морков, кромид, неколку зрна црн пипер, ловоров лист и се вари на тивок оган 3-4 часа.

Потоа коленицата се вади, се одделува од коските, месото се сече и се разделува на помали чинии, заедно со исечениот морков. Супата во која се варела коленицата се зачинува со биозачин, толчен лук, па се цеди и се става во подготвеното месо во чиниите.

Содржината се остава на студено место да се стегне, па се превртува на друга рамна чинија, се попрскува со оцет и се служи со свеж зеленчук по сопствен избор.
 
А желе бонбони јадете? Што мислите како се добива желатинот?
 
ПРИЗНАВАМ ЈАДАМ ! :D

Како мал и јас се гадев нејадев, истото го мислев како тие што ги пишуваат негативните коментари.Ствар на вкус е, секој има право да избере. Ама сега си јадам, ние ја правиме од најчисто димено месо (ребра,буткица, додаваме при крај и свински врат) и по некоја коска, количините на лук се многу мали што не се ни чуствуваат. А такви пивтии со пола кило лук и свински нозе избегнувам, заради јакиот мирис.

Е сега, подобро да јадам домашна "старовремска" пивтија/пача од чисто димено месо отколку "фенси" виршли кои покрај месо содржат копита,опашки,уши,соја,емулгулатори,животински гениталии,засилувачи на вкус кои топат џигер и уште еден куп конзерванси на кои што сега неможам да се сетам.
 
стариот порано ме лажеше дека било демек пудинг... колку само да јадам... је*ем ти ја пудинг од свињи :( ужасно нешто...
 
Јадам и од нози, и од глава... Најјако е коа ти плива некое око у чинијата и си го изропкаш со сласт... :icon_lol::icon_lol::icon_lol::icon_lol:
И да, требе да има лукче, иначе не е тава тава....
Ного убава работа за зимно време... Дава сила и енергија... За да не е ного мрсна, откоа се заледе, озгоре мрснината испливува, и со една лажица ќе ја собереш....
 
Баба ми ги правеше многу мрсни пивтиите , исто вака како ти што кажуваш одозгора фаќаат дебел слој на мрснотии па со лажица ги отстрануваше. Не ми се баш по вкус толку мрсни. Знаеш пачата дека си ја погодил откако ќе се "фатат", ќе земеш еден тањир и ќе го превртиш наопаку доколку не падне на земја ни капка од желатираната содржина значи дека домаќински се спремени и погодени како што треба.

И не зафркавај за очи и свински глави,не сум слушнал до сега свински глави да се ставаат. Окото после 12 саати варење во казан ќе се стопи нема ни да го осетиш, а не во чинија да ти плива. Не ги гади девојчињата. :D
 
Ти си градско дете. Зимно време ако треба цел ден дрва да цепеш, и те како ќе си апнуваш помрсно, за ем да те држе најаден, ем да имаш сила да мааш со балтијата. Посно јадејне куќа не ране, сака си подебело...

А за дали плива или не плива окото, ќе дојдеш кај мен на пача догодина (оваа година изедееме главата), да видеш... :)
По принцип јас ја сакам како чорба стоплена, оти желатирана не ми праа баш ќеф, плус си наронам една суа љута чушка у неа, за да ме утопле оште повеќе...
 
И јас не ја сакам кога е премногу здрвена, пред да ја јадам ја оставам малце на собна температура да се пушти, малце растопена ми е прав деликатес . Иначе кај вас како е адетот трипати ја правите за Божиќ, Свети Јован и Водици ?
 
Хмм... нема некој адет за правејне. Коа има глава/коски од глава за варејне тогај... За Божик обично колеме прасенце, па пресно месо има наместо пача... А за Свети Јован и Водици, не прааме ништо, има човеци шо си чекат именден, па одеме на гага.. :icon_lol::icon_lol::icon_lol::icon_lol:
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom